Инвазија на Корзика (1553)
Инвазија на Корзика | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Османлиско-хабсбуршки војни | |||||||
Карта на Козика |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Џенова | Османлиско Царство Франција Корзиканци |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Андреа Дорија | Тургут Рејс Пол де Термс Паулин де ла Гарде Шампиеру Корсу |
||||||
Сила | |||||||
60 галии 14 галии |
Инвазијата на Корзика се одвила во 1553 година од страна на сојузничките сили на Османликсата империја и Франција. Војната резултирала со заземање на островот од страна на Република Џенова.[1]. Островот имал значително стратешко значење во западниот дел на Средоземјето, претставувајќи го центарот на комуникација на Хабсбуршката мрежа помеѓу денешна Шпанија и Италија[2]. Заземањето на островот било од огромно значење за Франција[3], која го окупирала а по ова и го зазела под своја контрола.[2].
Заднина
[уреди | уреди извор]Францускиот крал Анри II влегол во голема војна со Хабсбуршкиот императорот Карло V во 1551, започнувајќи ја т.н. италијанска војна 1551-1559. Барајќи сојузници, Анри II ја продолжил политиката на својот татко Франсоа I, кој претходно имал потпишено договор со Османлиското Царство, односно со Сулејман I, за заедничка соработка во борбата против монархијата[4]. Претходно сојузничките сили го зазеле островот Понца. На 1 февруари 1553 година бил потпишан нов француско-османлиски договор, кој вклучувал повторно заедничка поморска битка против Хабсбуршката монархија.[5].
Летна кампања (1553)
[уреди | уреди извор]Османлиските адмирали Тургут и Синан, заедно со француските сили извршиле инвазија по бреговите на Неапол, Сицилија, Елба, а потоа Корзика[5][6]. Во тоа време, островот припаѓал на Република Џенова[2]. Сојузот помеѓу Франција и Османликсата империја исто така бил подпомогнат и од страна на прогонетите жители на островот од страна на републиката. Инвазијата била извршена со претходно одобрение на францускиот крал.[2]. Кон крајот на летото островот бил целосно заземан.[2]. По ова, само околу 5.000 војници останале на островот, бидејќи Французите се повлекле кон Марсеј[2].
Противнапад на Џенова
[уреди | уреди извор]По заземањето на островот, во ноември започнале преговори помеѓу Анри II и републиката[2]. Но, истите биле прекинати кога републиката испратила околу 15.000 војници предводени од Андреа Дорија за повторно да го заземат островот. Една османлиска флота која се наоѓала во Средоземно Море нма чело со Драгут не успеала да престигне на време, па затоа од Неапол заминала кон Цариград[2].
Француско-турските операции (1555)
[уреди | уреди извор]Во следните години следувала француската интервенција. Франција успеала да зазеде голем дел од крајбрежните градови, но не целосно. Османлиската флота била зафатена околу започнувањето на т.н. Отоманско-персиска војна (1532–1555). Поради ова, следувала и опсадата на Бастија од страна на републиката[2]. Француско-османлискиот воен сојуз се вели дека го достигнал својот врв околу 1553 година[6] .
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Naval Policy and Strategy in the Mediterranean: Past, Present, and Future, John B. Hattendorf, p. 17 [1]
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 The Mediterranean and the Mediterranean world in the age of Philip II by Fernand Braudel p.929ff
- ↑ The Cambridge History of Islam, p. 328
- ↑ Miller, p.2
- ↑ 5,0 5,1 History of the Ottoman Empire and Modern Turkey, Ezel Kural Shaw, p. 106 [2]
- ↑ 6,0 6,1 New Turkes: Dramatizing Islam and the Ottomans in Early Modern England, Matthew Dimmock, p. 49 [3]
|