Голем Магеланов Облак
Голем Магеланов Облак | |
---|---|
Големиот Магеланов Облак | |
Податоци од набљудување (епоха J2000) | |
Соѕвездие | Златка Рипка/Маса |
Ректасцензија | 05ч 23м [1] | 34,5с
Деклинација | −69° 45′ [1] | 22″
Оддалеченост | 162,98 ксг. (49,97 кпс)[2][3][4][5] |
Вид | SB(s)m[1] |
Прив. димензии (V) | 10,75° × 9,17°[1] |
Прив. величина (V) | 0.9[1] |
Други ознаки | |
LMC, ESO 56- G 115, PGC 17223,[1] Nubecula Major[6] | |
Поврзано: Галаксија, Список на галаксии |
Голем Магеланов Облак (ГМО или LMC) — блиска галаксија, и придружник на Млечниот Пат.[7] На растојание малку помало од 50 кпс (≈163.000 сг.),[2][3][4][5] the ГМО е третата најблиска галаксија до Млечниот Пат, со Стрелец (~ 16 кпс) и ситната Големо Куче (~ 12,9 кпс, иако статусот галаксија е оспорен поради близината до центарот на Млечниот Пат). Масата е приближно колку 10 милијарди сончеви маси, со што има маса 1/100 од масата на Млечниот Пат, и пречнк од околу 14.000 сг. (~ 4,3 кпс).[8] ГМО е четвртата по големина галаксија во Месната Група, по Андромеда (M31), Млечниот Пат и Вртимушка (M33).
ГМО честопати се смета за неправилен тип на галаксија, ГМО содржи изразита пречка во својот центар, што наведува дека станува збор за поранешна пречкаста спирална галаксија. Неправилниот облик на ГМО е најверојатно резултат на плимните заемодејства на облакот со Млечниот Пат и Малиот Магеланов Облак (ММО).
При набљудувањто наликува на мал „облак“ на ноќното небо на јужната полутопка протегајќи се меѓу границата на соѕвездијата Златна Рипка и Маса, и гледан од Земјата има ширина 20 пат пголема од полна Месечина.[9]
Историја
[уреди | уреди извор]Првото спомнување на ГМО било она на персискиот астроном Абдурахман Ел Суфи, во неговата книга Книга на неподвижни ѕвезди околу 964 година.[11][12]
Следното запишано набљудување е она на од 1503–4 година на Америго Веспучи во писмо од третото патување. во ова писмо ги споменува „трите Канопуси, од кои два се сјајни а еден темен“; „сјани“ се однесува на двата Магеланови облаци, а „темен“ се однесува на Торба за Јаглен.[13]
Фердинанд Магелан го забележал ГМО на неговото патување во 1519 година, и неговите записи го приближиле ГМО во западната наук. Сега овие облаци го носат неговото име.[12]
Во 2006 година беше објавено дека мерењата на вселенскиот телескоп Хабл покажале дека брзините со кои се движат ГМО и ММО се преголеми, за истите да бидат во орбита околу Млечниот Пат.[14]
Геометрија
[уреди | уреди извор]Големиот Магеланов Облак се смета за неправилна галаксија. Но покажува и занци за пречкеста структура, и често се класифицира како џуџеста спирална галаксија.
Големиот Магеланов Облак има изразена централна пречка и спирален крак.[15] Централната пречка како да е закривена и источниот и западниот дел се поблиску до Млечниот Пат отколу средишниот дел.[16] Во 2014, мерењата на вселенскиот телескоп Хабл дека вртежниот период на ГМО изнесува 250 милиони години.[17]
ГМО се сметала за рамнинска галаксија која била ан едно одредено растојание од нашата галаксија. Сепак, во 1986 година, Колдвел и Колсон[18] забележале дека кефеидите со североисточниот дел на ГМО се поблиску до Млечниот Пат отколку кефеидите во југозападниот дел. Неодамна, ова закосување на ѕвездите во рамнината било потврдено преку набљудување на кефеидите,[19] ѕвезди кои во своето јадро го согоруваат хелиумот[20] црвени џинови на врвот од огранокот на црвените џинови.[21] Во сите три трудови забележано е накосување од ~35°, додека пак челна галаксија има накосување од 0°. Понатамошната работа на структурата на ГМО користејќи го движењето на јаглеродните ѕвезди покажало дека дискот на ГМО е широк[21] и осветлен.[22] Во од нос на распределбата на ѕвездените јата во ГМО, Роберт Шомер[23] ги мерел брзините за ~80 јата и забележал дека јатата во ГМО имаат кинематика слична на јата кои се распределени на диск. Овие резултати биле потврдени од Грочолски,[24] кој пресметал растојанија за одреден број на ѕвездени јата и покажал дека јататат во ГМО се распределени во истата рамнина како и ѕвездите во полето на набљудување.
Растојание
[уреди | уреди извор]утврдувањето на точното растојание до ГМО, како и со секоја друга галаксија, било предизвик поради употребата на стандардна свеќа за пресметување на растојанијата, каде првичниот проблем е дека многу од стандардните свеќи всушност не се стандардни свеќи, во многу случаи староста или металичноста на стандардната свеќа ја определува целокупната сјајност на објектот. Растојанието до ГМО се пресметува користејќи најразлични видови на стандардни свеќи, при што кефеидите се оние кој најчесто се употребуваат. Кефеидите се покажало дека имаат поврзаност меѓу својата сјајност и периодот во кој нивната сјајност се менува. Сепак, Цефиидите се жртва на металичноста односно кефеиди со различни металичности имаат различни периоди на сјајност. За жал, кефеидите во Млечниот Пат кои се користат за баждарење на односот на металичноста и се побогати со метали од оние кои се наоѓаат во ГМО.[25]
Во ерата на 8 метарските телескопи, еклиптички двојни ѕвезди се забележани низ целата Месна Група. Параметрите на овие системи можат да се одредат без користење на маса или пак потребата од познавање на составот на истите. Светлинското ехо на суперновата SN 1987a е исто така геометриско мерење без употреба на ѕвездени модели и претпоставки.
Неодамна, целокупната сјаност на кефеидите била пребаждарена користејќи ги кефеидите од галаксијата NGC 4258 со што се земени предвид различни металичности.[2] Со употреба на оваа подобрено баждарење, пронајден е апсолутниот модул 18,41, или 48 кпс (~157.000 сг.). Ова растојание кое е малку покусо од вообичаеното претпоставено растојание од 50 кпс, е потврдено од повеќе автори.[3][4]
Со применување на различни методи за мерење на растојанијата, и остаточните грешки сега се помали од проценетите параметри за ГМО. Понатамошната работа вклучува мерење на местоположбата на ѕвездата или ѕвездениот систем во галаксијата (на пример. кон или од набљудувачот).
Резултатите од при која се користени еклиптички двоојни ѕвезди за да се одреди растојанието попрецизно било објавено во списанието Nature во март 2013 година. астојанието кое било пресметано изнесувало 49.97 кпс (162.983 сг.) со тоочност од 2,2%.[5]
Особености
[уреди | уреди извор]Како многу неправилни галаксии, ГМО е богат со гас и прашина, и моментално минува низ големо ѕвездообразие.[27] Станува збор за маглината Тарантула, најактивното место каде се создаваат нови ѕвезди во Месната Група.
Според изјавата на Роберт Булхам Џуниор во ГМО постојат многубројни различни галактички објекти и појави што оваа галаксија ја прават „астрономско богатство, голема небесна лабораторија за проучување на растот и развојот на ѕвездите“.[28] Испитувањата на галаксијата пронашле околу 60 збиенето ѕвездено јато, 400 планетарни маглини, и 700 расеани ѕвездени јата, заедно со стотици од илијадници џинови и суперџинови.[29] SN 1987a е најблиската супернова во поблиското минато која исто така е настан кој се случил во ГМО. Остатокот од супернова Лионел-Марфи SNR N86 е остаток богат со азот во ГМО именуван од астрономите од опсерваторијата Маунт Стромло во чест на судијата Лионел Марфи од австралискиот врховен суд кој бил заинтересиран за науката а воедно и поради сличноста на SNR N86 со неговиот голем нос.[30]
Постои итн. мост од гас кој го поврзува ММО со ГМО, што е пак доказ за плимното заемодејство меѓу галаксиите.[31] Магелановите облаци имаат заедничка обвивка од неутрален водород што значи дека истите се поврзани веќе подолг период. Овој мост од гас е место во кое се создаваат ѕвезди.[32]
Рендгенски извори на зраци
[уреди | уреди извор]При летот на ракетата Нике-Томахавк на 20 септември 1966 године не се забележани позадински рендгенски зраци во ГМО.[33] Втора иста ракета е лансиранан на 22 септември 1966 година од Џонстоновиот атол која постигнала апогеј на 160 км висина со вртежна стабилизација од 5,6 ввс.[34] ГМО не бил набљудуван во рендгенскиот дел од 8-80 кеВ.[34]
Уште една ракета Нике-Томахавк е лансирана на 29 октомври 1968 година од Џонстоновиот атол за да го сними ГМО.[35] Првиот дискретен извор на рендгенски зраци бил забележан во Златна Рипка, објект со ректасцензија 05ч 20м и деклинација −69°,[35][36] и истаито извор бил во ГМО.[37] Овој извор на рендгенско зрачење бил се протегал на 12° и се поклопувал со ГМО.[35] Со оддавачка кое се движи меѓу 1,5-10,5 кеВ на растојание од 50 кпс е 4 x 1038 егови/с.[35] На 2 септември 1970 гдина бил монтиран рендгенски инструмент на ракета Тор која била лансирана од Џонстоновиот Атол на висина од 300 км, во потрага по зрачењето на ММО и понатамошни испитувања на ГМО.[38] Изворот во ГМО бил постојан и ја содржел во себе ѕвездата ε Dor.[38] Сјајноста (Lx) во интервалот од 1,5–12 кеВ била 6 × 1031 вати (6 × 1038 ерг/с).[38]
Големиот Магеланов Облак е сместен во соѕвездијата Маса и Златна Рипка. LMC X-1 (првиот извор на рендгенско зрачење во ГМО) се наоѓа на ректасцензија 05ч 40м 05с и деклинација −69° 45′ 51″, големо масивен објект од двоен рендгенски извор (HMXB).[39] Од првите пет по сјајност својни ѕвезди: LMC X-1, X-2, X-3, X-4, и A 0538-66 (забележани од Ариел 5 на A 0538-66), LMC X-2 е единствениот од сјајните мало масени рендгенски двојни ѕвезди (LMXB) во ГМО.[40]
DEM L316 во Големиот Магеланов Облак се состои од два остатоци од супернови.[41] Рендгенските спектри од опсерваторијата Чандра кои покажуваат дека жежкиот гас од погорниот дел содржи високо количество на железо.[41] Ова укажува дека горниот лев SNR е остаток од супернова Ia.[41] Помаловото количество на железо во SNR станува збор за супернова II.[41]
Со SNR 0538-69.1. е рендгенски извор на зрачење од 16 милисекунден пулсар[42] Остатокот SNR 0540-697 бил забележан од ROSAT.[43]
Поглед од ГМО
[уреди | уреди извор]Гледано од ГМО, вкупната светлинска величин ана Млечниот Пат ќе биде −2.0, 14 пати посјајна отколку што е ГМО гледан од Земјата и истата би се простирала на 36° по должина на небото, широчина од 70 полни Месечини. Поради, големата галактичка должина, набљудувач би имал заматен поглед на целата галаксија, без пречки од меѓуѕвездена средина која го оневозможува проучувањето на Млечниот Пат од Земјата.[44] МАлиот Магеланов Облак ќе имна светлинска величина 0,6, значително посјаен кон ГМО отколку што ни изгледа нам.
Галерија од слики
[уреди | уреди извор]-
SNR B0544-6910 во ГМО. Заслуга: ЕВО
-
SNR 0543-689 во ГМО. Заслуга: ЕВО
-
N44 област во Големиот Магеланов Облак. Заслуга: ЕВО
-
DEM L 159 и две јата KMHK 840 (горе лево) и KMHK 831 (долу десно). Заслуга: ЕВО
-
Слика од широкопојасниот снимал на MPG/ESO 2,2 метарски телескоп во опсерваторијата Ла Сила во Чиле. Заслуга: ЕВО
-
Големиот и Малиот Магеланов Облак гледани од јужната полутопка.
-
Големиот МАгеланов Облак во инфрацрвена светлина.
-
Големиот Магеланов Облак преклопени 12 снимки земени во интервал од 8 секунди со фотоапарат, Canon EOS 7D со 85mm f/1.8 собрано во f/2.5, во ASA 3200.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „NASA/IPAC Extragalactic Database“. Results for Large Magellanic Cloud. Посетено на 2006-10-29.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Macri, L. M.; и др. (2006). „A New Cepheid Distance to the Maser-Host Galaxy NGC 4258 and Its Implications for the Hubble Constant“. The Astrophysical Journal. 652 (2): 1133–1149. arXiv:astro-ph/0608211. Bibcode:2006ApJ...652.1133M. doi:10.1086/508530. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Macrietal2006“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ 3,0 3,1 3,2 Freedman, Wendy L.; Madore, Barry F. "The Hubble Constant", Annual Review of Astronomy and Astrophysics, 2010
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Majaess, Daniel J.; Turner, David G.; Lane, David J.; Henden, Arne; Krajci, Tom "Anchoring the Universal Distance Scale via a Wesenheit Template", JAAVSO, 2010
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Pietrzyński, G; D. Graczyk; W. Gieren; I. B. Thompson; B. Pilecki; A. Udalski; I. Soszyński; и др. (7 March 2013). „An eclipsing-binary distance to the Large Magellanic Cloud accurate to two per cent“. Nature. 495: 76–79. arXiv:1303.2063. Bibcode:2013Natur.495...76P. doi:10.1038/nature11878. Посетено на 7 March 2013.
- ↑ Astronomical Society of the Pacific Leaflets, "The Magellanic Clouds", Buscombe, William, v.7, p.9, 1954, Bibcode: 1954ASPL....7....9B
- ↑ Implications of recent measurements of the Milky Way rotation for the orbit of t
- ↑ "Magellanic Cloud." Encyclopædia Britannica. 2009. Encyclopædia Britannica Online. 30 Aug. 2009.
- ↑ „Large Magellanic Cloud: spectacular from Earth's southern hemisphere | Clusters Nebulae Galaxies“. EarthSky. Посетено на 2013-07-17.
- ↑ „Cloaked in red“. ESA / HUBBLE. Посетено на 12 March 2014.
- ↑ „Observatoire de Paris (Abd-al-Rahman Al Sufi)“. Посетено на 2007-04-19.
- ↑ 12,0 12,1 „Observatoire de Paris (LMC)“. Посетено на 2007-04-19.
- ↑ „Observatoire de Paris (Amerigo Vespucci)“. Посетено на 2007-04-19.
- ↑ Magellanic Clouds May Be Just Passing Through January 9, 2007
- ↑ Nicolson, Iain (1999). Unfolding our Universe. USA. стр. 213–214. ISBN 0-521-59270-4.
- ↑ Subramaniam, Annapurni (2003-11-03). „Large Magellanic Cloud Bar: Evidence of a Warped Bar“ (PDF). The Astrophysical Journal. USA. 598: L19–L22. Bibcode:2003ApJ...598L..19S. doi:10.1086/380556. Посетено на 2009-10-31.
- ↑ „Precisely determined rotation rate of this galaxy will blow your mind“. Science Recorder.
- ↑ Caldwell, J. A. R.; Coulson, I. M. (1986). „The geometry and distance of the Magellanic Clouds from Cepheid variables“. Royal Astronomical Society, Monthly Notices. 218: 223–246. Bibcode:1986MNRAS.218..223C.
- ↑ Nikolaev, S.; и др. (2004). „Geometry of the Large Magellanic Cloud Disk: Results from MACHO and the Two Micron All Sky Survey“. The Astrophysical Journal. 601 (1): 260–276. Bibcode:2004ApJ...601..260N. doi:10.1086/380439.
- ↑ Olsen, K. A. G.; Salyk, C. (2002). „A Warp in the Large Magellanic Cloud Disk?“. The Astronomical Journal. 124 (4): 2045–2053. Bibcode:2002AJ....124.2045O. doi:10.1086/342739.
- ↑ 21,0 21,1 van der Marel, R. P.; Cioni, M.-R. L. (2001). „Magellanic Cloud Structure from Near-Infrared Surveys. I. The Viewing Angles of the Large Magellanic Cloud“. The Astronomical Journal. 122 (4): 1807–1826. arXiv:astro-ph/0105339. Bibcode:2001AJ....122.1807V. doi:10.1086/323099.
- ↑ Alves, D. R.; Nelson, C. A. (2000). „The Rotation Curve of the Large Magellanic Cloud and the Implications for Microlensing“. The Astrophysical Journal. 542 (2): 789–803. arXiv:astro-ph/0006018. Bibcode:2000ApJ...542..789A. doi:10.1086/317023.
- ↑ Schommer, R. A.; и др. (1992). „Spectroscopy of giants in LMC clusters. II - Kinematics of the cluster sample“. Astronomical Journal. 103: 447–459. Bibcode:1992AJ....103..447S. doi:10.1086/116074.
- ↑ Grocholski, A. J.; и др. (2007). „Distances to Populous Clusters in the Large Magellanic Cloud via the K-band Luminosity of the Red Clump“. The Astronomical Journal. 134 (2): 680–693. arXiv:0705.2039. Bibcode:2007AJ....134..680G. doi:10.1086/519735.
- ↑ Mottini, M.; Romaniello, M.; Primas, F.; Bono, G.; Groenewegen, M. A. T.; François, P. "The chemical composition of Cepheids in the Milky Way and the Magellanic Clouds", MmSAI, 2006
- ↑ „The Odd Couple“. ESO Press Release. Посетено на 8 August 2013.
- ↑ Arny, Thomas T. (2000). Explorations: An Introduction to Astronomy (2. изд.). Boston: McGraw-Hill. стр. 479. ISBN 0-07-228249-5.
- ↑ Burnham, Robert, Jr. (1978). Burnham's Celestial Handbook: Volume Two. New York: Dover. стр. 837. ISBN 0-486-23567-X.
- ↑ Burnham (1978), 840–848.
- ↑ Dopita MA, Mathewson DS, Ford VL. Optical emission from shock waves. III. Abundances in supernova remnants. The Astrophysical Journal. 1977; 214: 179-188 plate 4
- ↑ Mathewson DS, Ford VL (1984). IAUS. 108: 125. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ Heydari-Malayeri M, Meynadier F, Charmandaris V, Deharveng L, Le Bertre T, Rosa MR, Schaerer D (2003). „The stellar environment of SMC N81“. Astron Astrophys. 411 (3): 427. arXiv:astro-ph/0309126. Bibcode:2003A&A...411..427H. doi:10.1051/0004-6361:20031360.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Chodil G, Mark H, Rodrigues R, Seward FD, Swift CD (Oct 1967). „X-Ray Intensities and Spectra from Several Cosmic Sources“. Ap J. 150 (10): 57–65. Bibcode:1967ApJ...150...57C. doi:10.1086/149312.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 34,0 34,1 Seward FD, Toor A (Nov 1967). „Search for 8-80 KEV X-Rays from the Large Magellanic Cloud and the Crab Nebula“. Ap J. 150 (11): 405–12. Bibcode:1967ApJ...150..405S. doi:10.1086/149343.
- ↑ 35,0 35,1 35,2 35,3 Mark H, Price R, Rodrigues R, Seward FD, Swift CD (Mar 1969). „Detection of X-rays from the large magellanic cloud“. Ap J Lett. 155 (3): L143–4. Bibcode:1969ApJ...155L.143M. doi:10.1086/180322.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Lewin WHG, Clark GW, Smith WB (1968). Nature. 220 (5164): 249. Bibcode:1968Natur.220..249L. doi:10.1038/220249b0. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ Dolan JF (Apr 1970). „A Catalogue of Discrete Celestial X-Ray Sources“. Astron J. 75 (4): 223–30. Bibcode:1970AJ.....75..223D. doi:10.1086/110966.
- ↑ 38,0 38,1 38,2 Price RE, Groves DJ, Rodrigues RM, Seward FD, Swift CD, Toor A (Aug 1971). „X-Rays from the Magellanic Clouds“. Ap J. 168 (8): L7–9. Bibcode:1971ApJ...168L...7P. doi:10.1086/180773.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Rapley, Tuohy (1974). „X-Ray Observations of the Large Magellanic Cloud by the Copernicus Satellite“. Astrophysical Journal. 191: L113. Bibcode:1974ApJ...191L.113R. doi:10.1086/181564.
- ↑ Bonnet-Bidaud JM, Motch C, Beuermann K, Pakull M, Parmar AN, van der Klis M (Apr 1989). „LMC X-2: an extragalactic bulge-type source“. Astron Astrophys. 213 (1–2): 97–106. Bibcode:1989A&A...213...97B.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 41,0 41,1 41,2 41,3 Williams RM, Chu YH (Dec 2005). „Supernova Remnants in the Magellanic Clouds. VI. The DEM L316 Supernova Remnants“ (PDF). Ap J. 635 (2): 1077–86. arXiv:astro-ph/0509696. Bibcode:2005ApJ...635.1077W. doi:10.1086/497681.
- ↑ Marshall, F. E.; Gotthelf, E. V; Zhang, W.; Middleditch, J.; Wang, Q. D. (1998). „Discovery of an Ultrafast X-Ray Pulsar in the Supernova Remnant N157B“. The Astrophysical Journal. 499 (2): L179–L182. arXiv:astro-ph/9803214. Bibcode:1998ApJ...499L.179M. doi:10.1086/311381. ISSN 0004-637X. Архивирано од изворникот на 2008-07-20. Посетено на 2014-09-27.
- ↑ Chu, Y.-H.; Kennicutt, R. C.; Snowden, S. L.; Smith, R. C.; Williams, R. M.; Bomans, D. J. (1997). „Uncovering a Supernova Remnant Hidden Near LMCX-1“. Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 109: 554. Bibcode:1997PASP..109..554C. doi:10.1086/133913. ISSN 0004-6280.
- ↑ Some of the figures in the "View" section were extrapolated from data in the Appendix of Chaisson and McMillan's Astronomy Today (Englewood Cliffs: Prentice-Hall, Inc., 1993).
- ↑ „A Fiery Drama of Star Birth and Death“. ESO Press Release. Посетено на 29 November 2013.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Голем Магеланов Облак“ на Ризницата ? |
- NASA Extragalactic Database
- Encyclopedia of Astronomy entry
- SEDS LMC page
- Large Magellanic Cloud at Constellation Guide
|
Координати: 05ч 23м 34,5с, − 69° 45′ 22″
|