Стрелец А
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Стрелец |
Ректасцензија | 17ч 45м [1] | 40,0409с
Деклинација | −29° 00′ [1] | 28,118″
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | 46 км/с |
Податоци | |
Маса | ~4.1 милиони M☉ |
Полупречник | 31.6 R☉ |
Старост | +10.000 години |
Други ознаки | |
AX J1745.6-2900, СТРЕЛЕЦ/SAGITTARIUS A, W 24, Cul 1742-28, SGR A, [DGW65] 96, EQ 1742-28, RORF 1742-289, [SKM2002] 28. | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Стрелец А ― сложен радиоизвор во средиштето на Млечниот Пат, кој содржи супермасивна црна дупка. Се наоѓа помеѓу Скорпија и Стрелец и е скриен од погледот на оптички бранови должини со големи облаци од космичка прашина во спиралните краци на Млечниот Пат. Прашестата патека што го замаглува Галактичкото Средиште од гледна точка околу Сонцето предизвикува Големиот Расцеп низ светлата испакнатина на галаксијата.
Радиоизворот се состои од три дела: остаток од супернова Стрелец А Исток, спирална структура Стрелец А Запад и многу светол збиен радиоизвор во средиштето на спиралата, Стрелец А* (понатаму во текстот „А-ѕвезда“). Овие три се преклопуваат: Стрелец А Исток е најголем, Западот се појавува надвор од средиштето на Исток, а А* е во средиштето на Западот.
Откритие
[уреди | уреди извор]Во април 1933 година, Карл Јански, кој е сметан за еден од татковците на радиоастрономијата, открил дека радиосигнал доаѓа од место во правец на соѕвездието Стрелец, кон средиштето на Млечниот Пат.[2] Неговите набљудувања не се прошириле на југ колку што сега знаеме дека е Галактичкото Средиште.[3] Набљудувањата на Џек Пидингтон и Хари Минет со помош на радиотелескопот КНИИО во Потсхилскиот Резервоар, во Сиднеј, откриле дискретен и светол радиоизвор некаде од Стрелец-Скорпија,[4] кој по понатамошното набљудување со КНИИО 24 метарскиот радиотелескоп во Довер Хајтс, бил идентификуван во писмо до списанието „Nature“ како веројатен Галактичко Средиште.[5] Името Стрелец А првпат било употребено во 1954 година од Џон Д. Краус, Хсиен-Чинг Ко и Шон Мет[6] кога го вклучиле телото во списокот на радиоизвори пронајдени со радиотелескопот на Охајскиот државен универзитет, на 250 MHz. Како што била вообичаена практика во тоа време, изворите биле именувани по соѕвездие со големи букви по редослед на осветленост во секое соѕвездие, при што A го означува најсветлиот радиоизвор во соѕвездието.
Стрелец А Исток
[уреди | уреди извор]Оваа одлика е приближно 25 светлосни години во ширина и има атрибути на остаток од супернова од експлозивен настан што се случил помеѓу 35.000 и 100.000 години пред сегашноста. Меѓутоа, за да биде создадена структура со оваа големина и енергија, ќе биде потребно 50 до 100 пати повеќе енергија од стандардната експлозија на супернова. Претпоставувано е дека Стрелец A Исток е остаток од експлозијата на ѕвезда која била гравитациски притисната додека се приближувала до средишната црна дупка.[7]
Стрелец А Запад
[уреди | уреди извор]Стрелец A Запад има изглед на спирала со три краци, од гледна точка на Земјата. Поради оваа причина, тој е познат и како „Миниспиралата“. Овој изглед и прекар се погрешни, иако: тродимензионалната структура на Миниспиралата не е спирала. Направен е од неколку облаци од прашина и гас, кои кружат и паѓаат на Стрелец А* со брзина од 1.000 километри во секунда. Површинскиот слој на овие облаци е јонизиран. Изворот на јонизација е население од масивни ѕвезди (досега биле идентификувани повеќе од сто OB-ѕвезди) кои исто така го заземаат средишниот парсек.
Стрелец A Запад е опкружен со масивен, грутлив тор од поладен молекуларен гас, Околујадрен диск (ОЈД). Природата и кинематиката на облакот на северниот крак на Стрелец A Запад наведуваат дека некогаш бил грутка во ОЈД, кој паднал поради некои нарушувања, можеби експлозијата на супернова одговорна за Стрелец A Исток. Северниот крак се појавува како многу светол гребен на емисија во правец север-југ, но се протега далеку на исток и може да биде откриен како слаб проширен извор.
Западниот лак (надвор од видното поле на сликата прикажана десно) е толкуван како јонизирана внатрешна површина на ОЈД. Источниот крак и „плочката“ се чини дека се два дополнителни големи облаци слични на северниот крак, иако тие не ја делат истата орбитална рамнина. Проценувано дека изнесуваат околу 20 сончеви маси секоја од нив.
На врвот на овие големи структури (од редот на неколку светлосни години во големина), може да се видат многу помали облаци и дупки во внатрешноста на големите облаци. Најистакната од овие пертурбации е Минишуплината, која е толкувана како меур издуван во северниот крак од ѕвездениот ветер на масивна ѕвезда, која не е јасно идентификувана.
Стрелец А*
[уреди | уреди извор]Астрономите сега имаат докази дека постои супермасивна црна дупка во средиштето на галаксијата.[9] Стрелец А* е договорено да биде најверодостојниот кандидат за местоположбата на оваа супермасивна црна дупка. Многу големиот телескоп во Чиле и Кековиот телескоп на Хаваи, откриле ѕвезди кои кружат околу Стрелец A* со брзина поголема од онаа на која било друга ѕвезда во галаксијата. Една ѕвезда, означена како S2, била пресметана да кружи околу Стрелец A* со брзина од над 5.000 километри во секунда при најблиското доближување.[10]
Гасниот облак, G2, поминал низ подрачјето на Стрелец А* во 2014 година и успеа да го стори тоа без да исчезне надвор од хоризонтот на настани, како што предвидувале теоретичарите дека ќе се случи. Наместо тоа, тој се распаднал, што наведува дека G2 и претходниот гасен облак, G1, биле остатоци од ѕвезди со поголеми гравитациски полиња од облаците со гас.[11][12]
Во септември 2019 година, научниците откриле дека Стрелец А* примил материја во близина со многу побрзо темпо од вообичаеното во текот на претходната година. Истражувачите шпекулирале дека тоа би можело да значи дека црната дупка влегува во нова фаза или дека Стрелец А* го соголил надворешниот слој на G2 кога поминал него.[13]
Општонародна култура
[уреди | уреди извор]- Во 2014 година, во видеоиграта за вселенска симулација, Elite: Dangerous, играчите можат да патуваат до Стрелец A*, со достигнување поврзано со него во верзиите на играта при Xbox One и PlayStation.
- Во телевизиското шоу Заедница (Community), Пирс Хоторн споменува дека според него, Стрелец А е единствената црна дупка што вреди да биде проучувана.
- Во последниот лак од серијата манга „Усаги цукино“ (Sailor Moon), ѕвездата Стрелец Нула е местото на Галактичкиот Котел, измислен артефакт што служи како родно место на целиот живот на Млечниот Пат.[14]:Чин 59
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Reid, M.J.; Brunthaler, A. (2004). „The Proper Motion of Sagittarius A*“. The Astrophysical Journal. 616 (2): 874, 883. arXiv:astro-ph/0408107. Bibcode:2004ApJ...616..872R. doi:10.1086/424960. S2CID 16568545.
- ↑ „Karl Jansky: The Father of Radio Astronomy“. 29 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-06-28. Посетено на 21 септември 2024.
- ↑ Goss, W. M.; McGee, R. X. (1996). „The Discovery of the Radio Source Sagittarius A (Sgr A)“. The Galactic Center, Astronomical Society of the Pacific Conference Series. 102: 369. Bibcode:1996ASPC..102..369G. Архивирано од изворникот на 3 март 2021. Посетено на 21 септември 2024.
- ↑ Piddington, J. H.; Minnett, H. C. (1 декември 1951). „Observations of Galactic Radiation at Frequencies of 1200 and 3000 Mc/s“. Australian Journal of Scientific Research A. 4 (4): 459. Bibcode:1951AuSRA...4..459P. doi:10.1071/CH9510459. Архивирано од изворникот на 13 април 2021. Посетено на 21 септември 2024.
- ↑ McGee, R. X.; Bolton, J. G. (1 мај 1954). „Probable observation of the galactic nucleus at 400 Mc./s“. Nature. 173 (4412): 985–987. Bibcode:1954Natur.173..985M. doi:10.1038/173985b0. ISSN 0028-0836. Архивирано од изворникот на 30 јануари 2022. Посетено на 21 септември 2024.
- ↑ Kraus, J. D.; Ko, H. C.; Matt, S. (декември 1954). „Galactic and localized source observations at 250 megacycles per second“. The Astronomical Journal. 59: 439–443. Bibcode:1954AJ.....59..439K. doi:10.1086/107059. ISSN 0004-6256. Архивирано од изворникот на 10 јуни 2022. Посетено на 21 септември 2024 – преку The ADS.
- ↑ Maeda, Y.; Baganoff, F. K.; Feigelson, E. D.; Morris, M.; Bautz, M. W.; Brandt, W. N.; Burrows, D. N.; Doty, J. P.; Garmire, G. P. (2002-05-10). „AChandra Study of Sagittarius a East: A Supernova Remnant Regulating the Activity of Our Galactic Center?“ (PDF). The Astrophysical Journal. 570 (2): 671–687. arXiv:astro-ph/0102183. Bibcode:2002ApJ...570..671M. doi:10.1086/339773. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-01-20. Посетено на 21 септември 2024.
- ↑ „Astronomers reveal first image of the black hole at the heart of our galaxy“. Event Horizon Telescope. Архивирано од изворникот на 2022-05-12. Посетено на 21 септември 2024.
- ↑ Black hole confirmed in Milky Way Архивирано на 15 февруари 2009 г., Ghosh, Pallab, BBC News.
- ↑ „Surfing a Black Hole - Star Orbiting Massive Milky Way Centre Approaches to within 17 Light-Hours“. www.eso.org. Архивирано од изворникот на 2012-10-16. Посетено на 21 септември 2024.
- ↑ Lemonick, Michael (6 ноември 2014). „Black Hole Fails to Destroy Mystery Cosmic Cloud“. National Geographic. Архивирано од изворникот на 2022-12-27. Посетено на 21 септември 2024.
- ↑ Cowen, Ron (2017-03-02). „It's Snack Time in the Cosmos“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 2017-03-02. Посетено на 21 септември 2024.
- ↑ Devlin, Hannah (2019-09-13). „Black hole at centre of galaxy is getting hungrier, say scientists“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Архивирано од изворникот на 2019-09-17. Посетено на 21 септември 2024.
- ↑ Takeuchi, Naoko (1997). Prety Soldier Sailor Moon: Volume 18. Токио: Kodansha. ISBN 4061788582.
Дополнителна книжевност
[уреди | уреди извор]- Melia, Fulvio (2003). The Black Hole in the Center of Our Galaxy. Принстон, Њу Џерси / Оксфорд: Princeton University Press. ISBN 978-0-691-09505-9.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Стрелец А“ на Ризницата ? |
- Неодамнешните резултати на Инфрацрвената/подмилиметарска група при Институтот „Макс Планк“ Архивирано на 7 ноември 2002 г.
- Истражување на Галактичкиот центар при Институтот „Макс Планк“
- Извештај за Nature, со врска до Шедел и соработниците
- Стрелец А Исток
- Кинематска и структурна анализа на миниспиралата во Галактичкото Средиште од спектрослика на BEAR (претпечано дело)
- Фото албум со Стрелец А од Чандранската рендгенска набљудувачница
- Галактичко Средиште (застарен) Архивирано на 31 јануари 2009 г.
- Галерија со слики на денот на НАСА, 6 јануари 2010 година Во срцето на темнината - Слика од Чандранската рендгенска набљудувачница.
- Водич за Стрелец А во соѕвездието
|