Финансиска криза
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Финансиска криза означува состојба во економијата кога некои финансиски институции или финансиски инструменти ненадејно губат голем дел од својата вредност. Во XIX и раниот XX век, голем број финансиски кризи биле поврзувани со банкарски паники. Други ситуации кои често се именуваат како финансиски кризи се: падовите на берзанските пазари и „пукањето“ на другите финансиски меури, валутната криза и должничките кризи.[1][2]
Дефиниција
[уреди | уреди извор]Под финансиска криза се подразбира комплексна состојба во економијата, кога финансиските институции или финансиските средства ненадејно губат голем дел од својата вредност. Ваквата состојба ја карактеризира поголема побарувачка за пари, отколку што е понудата на пари. Финансиските институции за краток временски период стануваат неликвидни, заради масовното повлекување на финансиски средства од банките. За банките останува ограничен избор во ваква ситуација: или да ги продаваат своите инвестиции за да го надоместат недостатокот од финансиски средства, или да прогласат банкрот.[3]
Видови финансиски кризи
[уреди | уреди извор]Финансиската криза настанува во оној момент кога финансискиот и комерцијалниот сектор се соочуваат со потешкотии за навремена отплата на обврските, зголемување на бројот на нефункционални кредити и исцрпување на поголемиот дел од капиталот во банкарскиот систем. Упростена дефиниција на финансиската криза е ситуација која се јавувва како последица на пропаѓањето на една или повеќе финансиски институции и се манифестира со значајна загуба на потенцијалниот национален доход поради неадекватната алокација на ресурсите.[4]
Финансиската криза се јавува во повеќе видови, како:
Банкарски кризи
[уреди | уреди извор]Состојбата кога некоја банка доживува ненадејно и брзо повлекување на средствата на вложувачите се нарекува банкарско истекување. Поради тоа што банките позајмуваат најголем дел од готовината што ја добиваат во депозити, тешко е подоцна брзо да ги исплатат сите депозити, ако истите се барани од вложувачите ненадејно. Така, истекувањето може да доведе до банкрот на банката, предизвикувајќи голем број на вложувачи да ги изгубат своите заштеди. Вложувачите се заштитени од губење на заштедите само ако нивните заштеди се покриени со осигурување на депозитите. Состојбата кога банкарските истекувања се широко распространети се нарекува систематска банкарска криза или поедноставно банкарска паника. Состојбата пак кога не постојат големи финансиски истекувања, но во која банките не сакаат да позајмуваат пари поради тоа што се загрижени дека немаат доволно расположливи средства, честопати се нарекува кредитен теснец. На овој начин, банките стануваат забрзувачи на финансиската криза.[5]
Истекувањата од „Банката на САД“ во 1931 година и истекувањата од „Нортерн Рок“ (Northern Rock) во 2007 година се примери за банкарски истекувања. Понекогаш, колапсот на „Беар Стернс“ (Bear Sterns) во 2008 година се нарекува банкарско истекување, и покрај тоа што „Беар Стернс“ беше инвестициона, а не комерцијална банка. Во 1980-тите, американската криза на штедилниците доведе до кредитен теснец, кој се смета за главен фактор во американската рецесија од 1990-1991 година.
Шпекулантски меури и падови
[уреди | уреди извор]Економистите велат дека финансиската актива (на пример: акциите) создава меур кога нејзината цена ја надминува сегашната вредност на идните приходи (какви што се каматите или дивидендите, кои се добиваат откако помине одреден период на поседување).[6] Ако поголем дел од учесниците на пазарот купуваат капитал првенствено со надеж подоцна да го продадат по повисоки цени, наместо да го купуваат истиот за да направат приход во моментот, ова би можело да биде доказ дека меурот постои. Ако постои меур, значи исто така дека постои и ризик за пад на цените на активата: учесниците на пазарот ќе продолжат да купуваат сè додека очекуваат други да прекупуваат од нив, и кога многумина одлучат да продаваат, ќе дојде до пад на цените. Сепак, во практиката е тешко да се каже дали всушност цената на активата е еднаква со нејзината основна вредност, така доста е тешко со сигурност да се детектираат меури. Некои економисти инсистираат дека никогаш или речиси никогаш не се појавуваат меури.[7]
Доста познати примери за меури (или наводни меури) и опаѓања на цените на акциите и другите цени на активата се: холандската опседнатост со лалиња, падот на Вол Стрит од 1929 година, јапонскиот имотен меур од 1980-тите, пукањето на дот-ком меурот (dot-com меурот) во 2000-2001 година и дефлацискиот станбен меур во САД.[8][9]
Меѓународни финансиски кризи
[уреди | уреди извор]Кога една земја што одржува фиксен девизен курс е ненадејно присилена да ја девалвира својата валута поради шпекулативен напад, настанува криза која се нарекува криза на валути или криза на билансот на плаќање. Кога една земја не може да го исплати својот суверен долг, тоа се нарекува суверено неисплаќање. И покрај тоа што и девалвацијата и долгот би можеле да бидат волеви одлуки на владите, тие честопати се сметани за неволеви резултати од промената на инвеститорското чувство, што доведува до ненадејно запирање на капиталните приливи или ненадејно зголемување на капиталниот одлив.
Неколку валути кои беа дел од Европскиот механизам на девизен курс доживеаја кризи во 1992-1993 година и беа присилени да девалвираат или да се повлечат од механизмот. Друга рунда на валутна криза се случи во Азија од 1997 до 1998 година. Голем број латино-американски земји не можеа да го исплатат својот долг во раните 1980-ти години. Руската финансиска криза од 1998 година резултираше во девалвација на рубљата и не покриеност на руските владини обврзници.
Поголеми економски кризи
[уреди | уреди извор]Негативниот раст на БДП, кој трае два или повеќе квартали се нарекува рецесија. Рецесијата која трае подолго се нарекува депресија, додека периодот на бавен, но не и на безусловно негативен раст понекогаш се нарекува економска стагнација. Поради тоа што овие појави дејствуваат врз многу повеќе нешта отколку само врз финансискиот систем, тие обично не се сметаат за финансиски кризи сами по себе. Сепак, некои економисти сметаат дека повеќето од рецесиите се предизвикани, во најголем дел, од финансиски кризи. Еден добар пример е Големата депресија на која во многу земји ѝ претходеле банкарски истекувања и берзански падови.
Сепак, некои економисти сметаат дека финансиските кризи се предизвикани од рецесии, наместо обратно. Исто така, дури и доколку финансиската криза е почетниот шок кој ја предизвикува рецесијата, можеби други фактори се позначајни за нејзино продолжување. Така, Милтон Фридман и Ана Шварц (Anna Schwartz) заклучиле дека почетниот економски пад, кој е поврзан со падот на берзата од 1929 година и банкарските паники од 1930-тите, не би преминал во продолжена депресија, доколку не бил зајакнат од грешките во монетарната политика, направени од Федералните резерви.[10] Дури и Бен Бернанке (Ben Bernanke) признал дека се согласува со нив.[11]
Причини и последици од финансиските кризи
[уреди | уреди извор]Стратегиски комплементарности во финансиските пазари
[уреди | уреди извор]Многупати е забележено дека секоја успешна инвестиција побарува од инвеститорот на финансискиот пазар да погоди каков чекор ќе преземат другите инвеститори. Џорџ Сорос ја нарече оваа потреба за погодување на намерите на другите „рефлексивност.“[12] Слично на ова, Џон Мејнард Кејнс го споредил финансискиот пазар со игра за избор на убавица, во која секој учесник се обидува да погоди кој модел според другите учесници е најубав.[13]
Понатаму, во многу случаи инвеститорите ги координираат своите избори. На пример, кога некој инвеститор очекува од другите да купат јапонски јени и со тоа да се зголеми цената на јенот, тој исто така ќе сака да купи јени. Слично, еден вложувач во Инди Мак Банк (IndyMac Bank) кој очекува другите вложувачи да ги повлечат своите средства и да дојде до банкрот на банката, исто така намерава да се повлече. Економистите со своите намери сакаат да имитираат стратегии на друга стратегиска комплементарност.[14]
Се смета дека доколку луѓето или компаниите имаат доволно силна намера да го прават она што сметаат дека другите ќе го прават, тогаш може да се исполнат сопствените пророштва.[15] На пример, ако инвеститорите очекуваат дека вредноста на јенот ќе се зголеми, тоа може да предизвика неговата вредност да се зголеми. Доколку пак вложувачите очекуваат некоја банка да банкротира, ова може да предизвика таа да банкротира.[16] Поради сево ова, понекогаш финансиските кризи се гледани како маѓепсан круг во кој инвеститорите отфрлаат некоја институција или актива само затоа што очекуваат и другите да го сторат истото.[17]
Зајакнување
[уреди | уреди извор]Зајакнување означува позајмување на средства за да се финансираат инвестиции. Тоа честопати е посочувано како придонесувач за финансиска криза. Кога една финансиска институција (или индивидуалец) инвестира само сопствени пари, во најлош случај може да ги изгуби само своите пари. Но, кога таа врши позајмувања со цел да инвестира повеќе, можно е да заработи многу од таа инвестиција, но исто така може и да загуби повеќе од сè она што го има. Значи, зајакнувањето го зголемува потенцијалниот резултат од инвестицијата, но истовремено создава и ризик за банкрот. Поради тоа што банкротот е неуспех на една компанија да ги изврши ветените исплати кон други фирми, тој може да предизвика финансиски незгоди во повеќе фирми. (погледнете подолу кај 'Заразување').
Просечниот степен на зајакнување во економијата честопати се зголемува пред финансиска криза. На пример, позајмувањата направени со цел да се насочат кон берзанскиот пазар („маргинални купувања“) биле доста чести пред падот на Вол Стрит од 1929 година.
Несложување на активата и пасивата
[уреди | уреди извор]Друг фактор, кој се смета дека придонесува за финансиска криза е несогласувањето на активата и пасивата, состојба во која ризиците поврзани со долговите и активата на една институција не се соодветно усогласени. На пример, комерцијалните банки нудат депозитни сметки од кои може да се подигаат пари во кое било време и тие ги користат добивките за да даваат долгорочни кредити на сопствениците на домови и на бизнисите. Неусогласеноста помеѓу банкарските обврски на краток рок (депозитите) и активата на долг рок (заемите) се смета за еден од предизвикувачите на банкарските истекувања (кога кај вложувачите настанува паника. Тие одлучуваат да ги повлечат своите средства побрзо, односно пред банката да може да ги добие добивките од нејзините заеми).[16] На овој начин во 2007-2008 година банкротираше „Беар Стернс“ (Bear Sterns) поради тоа што не беше во можност да го обнови долгот на краток рок, кој го искористи за да ги финансира инвестициите во хипотекарните хартии од вредност на долг рок.
На меѓународен план, многу нови пазарни влади не можат да ги продадат обврзниците изразени во сопствена валута, па поради тоа ги продаваат истите изразени во американски долари. Ова генерира неусогласеност помеѓу валутната изразеност на нивната пасива (нивните обврзници) и нивната актива (нивните приходи од локалните даноци), така тие се пред ризик од суверено не исплаќање, кое се должи на флуктации во девизните курсеви.[18]
Несигурност и групно однесување
[уреди | уреди извор]Голем број анализи на финансиските кризи ја нагласуваат улогата на инвестициските грешки предизвикани поради незнаење или поради недостатокот на човечко размислување. Бихевиористичките финансии ги проучуваат грешките на економското и квантитативно размислување. Психологот Торбјорн К А Елиазонас (Torbjorn K A Eliazonhas) исто така ги анализирал неуспесите на економското размислување во неговиот концепт „екопатија“.[19]
Историчарите, особено Чарлс П. Киндлебергер (Charles P. Kindleberger) истакна дека кризите честопати следат веднаш по големи финансиски или технички иновации, кои претставуваат за инвеститорите нови видови на финансиски можности, кои тој ги нарекува „поместувања“ на инвеститорските очекувања.[20][21] Вакви примери се „меурот на Јужно Море“ („Јужно Море“ била британска компанија која имала ексклузивно право да тргува со Јужна Африка во 19-от век, поради шпекулации во самата компанија дошло до нејзин банкрот) и „меурот од Мисисипи“ од 1720 година, кој се случиле кога идејата за инвестирање во акции била самата за себе нова и непозната,[22] како и Падот од 1929 година, кој следел по воведувањето на нови електрични и транспортни технологии.[23] Неодамна, многу финансиски кризи биле проследени со промени во инвестиционата околина предизвикани од финансиски нерегуларности, несомнено и падот на дот-ком меурот (dot- com меурот) во 2001 година започнал со „нерационално изобилство“ во Интернет технологијата.[24]
Не запознаеноста со новите технички и финансиски иновации е всушност објаснување за тоа како инвеститорите понекогаш на големо ги преценуваат цените на активата. Исто така, ако првите инвеститори во некоја нова класа на актива (на пример, купување на акции од дот- ком компании) профитираат од зголемувањето на вредноста на активата, и доколку другите инвеститори дознаат за таа иновација (во нашиот пример, потенцијалите на интернетот) и тие ќе почнат да купуваат брзо со надеж дека ќе добијат слични добивки. Со ова брзо купување цената достигнува астрономски висини. Ако ваквото „групно однесување“ предизвика зголемување на цените по спирала високо над вистинската цена на активата, тогаш падот е неизбежен. Доколку поради некоја причина цените за кратко паднат, и со тоа инвеститорите заклучат дека понатамошни добивки не се сигурни, тогаш спиралата може да тргне во обратна насока. Намалувањето на цените предизвикува брзо распродавање, со што се зајакнува опаѓањето на цените.
Регулативни неуспеси
[уреди | уреди извор]Владите се обидувале и се обидуваат да ги елиминираат или ублажат финансиските кризи преку регулирање на финансискиот сектор. Една значајна цел на регулирањето е транспарентноста: јавно објавување на состојбите на финансиските институции според стандардизирани сметководствени постапки. Друга цел на регулирањето е да се утврди дали институциите имаат доволно актива за да ги исполнат нивните договорни обврски, преку резервни и капитални побарувања, како и преку други ограничувања на „зајакнувањето“.
Недоволната регулатива била главен виновник за некои финансиски кризи и поради тоа дошло до промена на регулативата со цел да се избегне повторување. На пример, директорот на ММФ, Доминик Штрос - Кан (Dominique Strauss-Kahn), обвинил дека финансиската криза од 2008 година се случила поради „регулативниот неуспех при спречувањето на прекумерната ризичност во финансискиот систем, особено во САД.[25] Исто така како причина за оваа криза, Њујорк Тајмс го посочи не регулирањето на размената на неисплатениот долг.[26]
Сепак, прекумерната регулатива е исто така цитирана како можна причина за финансиските кризи. Особено, Договорот II од Базел беше критикуван за тоа што ги обврзувал банките да го зголемуваат нивниот капитал кога ризикот растел бидејќи со тоа потенцијално се зајакнувала финансиската криза.[27]
Проневера
[уреди | уреди извор]За колапсот на некои финансиски институции улога играла и проневерата - компаниите привлекувале вложувачи со лажни тврдења за нивните инвестициски стратегии, или ја затајувале крајната добивка. Такви примери се, измамата Чарлс Понзи во раниот 20 век во Бостон, колапсот на инвестицискиот фонд МММ во Русија во 1994 година, проневерата која доведе до бунт во Албанската лотарија во 1997 година, како и колапсот на „Мадоф Инвестмент Секјуритис“ Madoff Investment Securities во 2008 година.
Голем број овластени вработени без дозвола од својот работодавец , предизвикале големи загуби во финансиите и биле обвинети дека извршувале проневери со цел да ги скријат своите трговии. Проневерата во хипотекарните финансии исто така се смета за еден од можните причинители на супрajмската хипотекарна криза. На 23 септември владините службеници на САД објавиа дека ФБИ истражува за постоење на можни проневери кај следниве финансиски компании: „Фени Меј“ и „Фени Мек“ (Fannie Mae и Freddie Mac), „Леман Брадерс“ (Lehman Brothers) и осигурителната компанија „Американ Интернешанал Груп“ (American International Group).[28]
Заразување
[уреди | уреди извор]Заразувањето е термин кој ја претставува идејата дека финансиската криза може да се прошири од една во друга институција, како што банкарското истекување се проширува од само неколку банки до многу други, или од една во друга земја. На истиот начин низ многу земји се прошируваат валутните кризи, сувереното неисплаќање и падовите на берзанските пазари. Кога неуспехот на една посебна финансиска институција се заканува врз стабилноста на многу други институции, ова се нарекува систематски ризик.[29]
Еден доста споменуван пример за заразување е проширувањето на Тајландската криза од 1997 година, во други земји како Јужна Кореја. Сепак, економистите честопати дебатираат дали набљудувањето на кризите во повеќе земји и во исто време е навистина последица од заразувањето на пазарите или пак тие се предизвикани од слични во основа проблеми кои би ја погодиле секоја земја одделно дури и во отсуство на меѓународна поврзаност.
Рецесивни последици
[уреди | уреди извор]Некои финансиски кризи немаат големи последици надвор од финансискиот сектор, како Падот на Вол Стрит од 1987 година, но се смета дека другите кризи одиграле значајна улога во намалувањето на растот во другиот дел од економијата. Постојат многу теории околу тоа - зошто финансиските кризи би можеле да имаат рецесивни последици врз останатиот дел од економијата. Во овие теориски идеи влегуваат „финансискиот забрзувач“, „бегство кон квалитет“ и „бегство кон ликвидност“, како и Кијотаки-Мур моделот (Kiyotaki-Moore model). Некои модели на валутни кризи од „третата генерација“ истражуваат како валутните и банкарските кризи заедно можат да предизвикаат рецесии.[30]
Теории за финансиските кризи
[уреди | уреди извор]Теорија на светските системи
[уреди | уреди извор]Периодичните големи депресии во светската економија кои траеле по 20 или 50 години беа предмет на емпириски и економски истражувања особено во теоријата на светските системи и во дебатата за Николај Кондратјев и таканаречените 50-годишни Кондратјеви бранови. Главните фигури во теоријата на светските системи, како Андре Гандер Франк и Имануел Валерштајн, постојано предупредувале за падот со кој се соочува денешната економија. Проучувачите на светските системи и истражувачите на Кондратјевиот циклус секогаш навестуваат дека економистите кои се следбеници на Вашингтонскиот Консензус никогаш не ги разбираат опасностите и ризиците со кои ќе се соочат водечките индустриски земји и со кои и денес се соочуваат, на крајот од долгиот економски циклус, кој започна по нафтената криза од 1973 година.
Теоријата на Мински
[уреди | уреди извор]Химан Мински (Hyman Minsky) предложил пост- Кејнезианско објаснување кое е најприменливо во затворената економија. Тој сметал дека финансиската ранливост е типична одлика на секоја капиталистичка економија. Големата ранливост води до уште поголем ризик од финансиска криза. За да ја направи поедноставна својата анализа, Мински дефинирал три пристапи за финансирање кои можат да ги изберат фирмите во зависност од нивната отпорност кон ризик. Тие се ограничено финансирање,шпекулантско финансирање и Понзи финансирање. Понси финансирањето доведува до најголема ранливост.
- Во ограниченото финансирање, од тековните приходи се очекува да ги исполнат финансиските обврски во секој период, вклучувајќи ги тука основицата и каматата на заемите.
- Во шпекулантското финансирање, фирмата мора да го обновува заемот бидејќи се очекува тековните приходи да ги покријат само каматните трошоци. Во ова финансирање ниту еден дел од основицата не е покриен.
- Во Понзи финансирањето. Очекуваните тековни приходи не ќе можат да ги покријат ниту каматните трошоци, така фирмата мора да позајмува или да продава дел од активата едноставно за да си го покрие долгот. Во овој случај фирмите се надеваат дека ќе се зголеми или пазарната цена на активата или приходот за да се исплати каматата и основицата.
Нивоата на финансиска ранливост се поместуваат заедно со бизнис циклусот. По рецесија, фирмите веќе загубиле доста финансиски средства и поради тоа се одлучуваат само за ограниченото финансирање, кое е и најсигурно. Како што закрепнува економијата и очекуваните приходи се зголемуваат, фирмите веруваат дека тие можат да се префрлат на шпекулантско финансирање. Во овој случај тие знаат дека приходите нема да можат да ги покријат сите камати во секое време. Сепак, фирмите сметаат дека приходите ќе растат и дека заемите на крајот ќе бидат вратени без проблеми. Повеќе заеми водат кон повеќе инвестиции, а со тоа расте и економијата. Тогаш позајмувачите исто така веруваат дека ќе си ги повратат сите средства што ги позајмиле. Значи, тие се подготвени да им позајмуваат и на фирмите без целосна гаранција за успех. Позајмувачите исто така знаат дека ваквите фирми ќе имаат проблеми при враќањето на парите. Сепак, тие и понатаму веруваат дека овие фирми ќе можат повторно да се финансираат од некаде, поради тоа што нивните очекувани приходи растат. Ова финансирање се нарекува Понзи финансирање. На овој начин економијата зема сè повеќе ризичен кредит. Сега е прашање на време кога некоја голема компанија ќе објави дека не може да го исплати својот долг. Позајмувачите го разбираат моменталниот ризик во економијата и престануваат да даваат кредити толку лесно. Повторното финансирање станува проблем за многу фирми и поради тоа тие објавуваат дека не се во можност да го вратат долгот. Доколку не влегуваат нови пари во економијата за да се овозможи процесот на повторно финансирање, во овој период настануваат вистински економски кризи. За време на рецесија фирмите почнуваат повторно да се ограничуваат, и така циклусот е затворен.
Игри за координирање
[уреди | уреди извор]Математичките пристапи за моделирање на финансиските кризи нагласуваат дека честопати постои позитивна реакција[31] во одлуките на учесниците на пазарот (стратегиска комплементарност).Позитивната реакција укажува дека може да постојат драматични промени во вредностите на активата како одговор на малите промени во економските основи. На пример, некои модели на валутни кризи ( вклучувајќи ја и онаа на Пил Кругман) укажуваат на тоа дека фиксниот девизен курс може да биде стабилен долго време, но ќе се сруши наеднаш во лавината од валутни распродажби како одговор на нарушувањата во владините финансии или економските услови.[32][33]
Според некои теории, позитивната реакција укажува дека економијата може да има повеќе од еден еквилибриум. Може да постои еквилибриум во кој учесниците на пазарот инвестираат многу во капиталните пазари бидејќи очекуваат активата да биде вредна, но може да постои и друг еквилибриум во кој учесниците ги напуштаат капиталните пазари бидејќи очекуваат и другите да ги напуштат.[34] Ова е еден вид на аргумент кој се однесува на моделот на Дајаманд и Дибвиг (Diamond and Dybvig's model) за банкарските истекувања, според кој штедачите ги повлекуваат своите средства од банката бидејќи очекуваат дека и другите ќе го сторат тоа.[16] Исто така, во моделот на Обстфелд (Obstfeld's) кој се однесува на валутните кризи,кога економските услови не се ниту многу добри ниту многу лоши, има два можни резултати: шпекулантите одлучуваат да ја нападнат или да не ја нападнат валутата зависно од тоа што очекуваат другите шпекуланти да направат.[17]
Групни модели и модели за учење
[уреди | уреди извор]Во овие модели, доколку неколку агенти купат одреден капитал,тоа ги поттикнува и другите да купуваат, не затоа што вистинската вредност на капиталот пораснала кога многумина купиле (ова се нарекува стратегиска комплементарност) туку за тоа што инвеститорите почнале да веруваат дека вистинската вредност на капиталот е висока кога набљудуваат дека другите купуваат.
Кај групните модели се претпоставува дека инвеститорите се потполно рационални, но дека имаат само делумна информација за економијата. Кај овие модели кога неколкумина инвеститори купуваат некаков вид на капитал, ова открива дека тие имаат позитивна информација за тој капитал, што ја зголемува рационалната намера - другите исто така што купуваат. И покрај тоа што ова е целосно рационална одлука, таа понекогаш може да доведе до погрешни високи вредности на капиталот (кои, евентуално може да доведат до пад) поради тоа што можеби првите инвеститори, случајно, погрешиле.[35][36][37][38][39]
Кај моделите на „адаптивно учење“ или „адаптивни очекувања“, се претпоставува дека инвеститорите се несовршено рационални, поради тоа што го засноваат своето мислење само врз неодамнешното искуство. Кај ваквите модели, доколку цената на даден капитал расте за некој период, инвеститорите може да почнат да веруваат дека неговата цена секогаш расте, што ја зголемува нивната тенденција да купуваат и со тоа цената „ скока “ уште погоре. Моделите засновани врз мислењето на агентите, честопати претпоставуваат дека инвеститорите дејствуваат според адаптивното учење или адаптивните очекувања.
Историја
[уреди | уреди извор]Кратка список на некои позначајни финансиски кризи во 20-от век
- 1910 – Криза на берзанскиот пазар за каучук
- 1930-те – Големата депресија – најголемата и најзначајна економска депресија во 20-от век
- 1973 – нафтената криза од 1973 година – цените на нафтата достигнаа астрономски висини, предизвикувајќи пад на берзанскиот пазар во 1973-1974 година
- 1980-те – Латино-американската криза од долгови – почнала во Мексико
- 1987 – Црниот понеделник (1987 година) – најголемиот процентуален пад во еден ден во историјата на берзанскиот пазар
- 1989-91 – Кризата на заштеди и заеми во САД
- 1990-те – Пукање на меурот на цените на јапонската актива
- 1992-93 – Црна среда – шпекулантски напади врз валутите на Европскиот механизам на девизен курс
- 1994-95 – економската криза од 1994 година во Мексико – шпекулантски напад и не исплаќање на мексиканскиот долг
- 1997-98 – Азиската финансиска криза од 1997 година – девалвации и банкарски кризи низ Азија
- 2007-09 – Американската финансиска криза од 2007-2009 година помогна во создавањето на глобалната финансиска криза од 2008-2009 година, така создавајќи ја рецесијата во 2000 година
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Глобална финансиска криза од 2008 година
- Финансиска криза од 2007-2009 година
- Руската финансиска криза од 1998 година
- Големата депресија
- Станбениот меур
- Нафтената криза
- Банкарски истекувања
- Кредитен теснец
- Енергетската криза од 2000 - та
- Светската криза од 2007-2008 година, предизвикана од цените на храната
- Американската Голема депресија
- Супрајмската хипотекарна криза
- Азиската финансиска криза од 1997 година
- Николај Кондратиев
- Брановите на Кондратиев
- Кризата Гарни - ја претставува Паниката од 1866 година (главно во Велика Британија)
- Ликвидност
- Финансиска помош
- Позајмувач од последен ресор
- Список на рецесии во САД
- Паниката од 2819 година - продирна економска рецесија
- Паниката од 1825 година - продирна Британска економска рецесија за време на која голем број банки доживеаја банкрот, дури Банката на Англија беше блиску до банкрот.
- Паниката од 1837 година - продирна економска криза во САД.
- Паниката од 1857 година - продирна економска криза во САД.
- Паниката од 1873 година - продирна економска криза.
- Паниката од 1893 година - продирна економска криза/ банкарски банкроти.
- Паниката од 1901 година - ограничена е само на падот на берзата во Њујорк
- Паниката од 1907 година - продорна рецесија во САД /банкарски банкротирања.
Литература
[уреди | уреди извор]Општи гледишта
- Gernot Kohler and Emilio José Chaves (Editors) “Globalization: Critical Perspectives” Haupauge, New York: Nova Science Publishers (http://www.novapublishers.com/) ISBN 1-59033-346-2. With contributions by Samir Amin, Christopher Chase Dunn, Andre Gunder Frank, Immanuel Wallerstein
Неодамнешни аспекти
- Lessons from the Asian financial crisis / edited by Richard Carney. New York, NY : Routledge, 2009. ISBN 978-0-415-48190-8 (hardback) ISBN 0-415-48190-2 (hardback) ISBN 978-0-203-88477-5 (ebook) ISBN 0-203-88477-9 (ebook)
- "The myths about the economic crisis, the reformist left and economic democracy" by Takis Fotopoulos, The International Journal of Inclusive Democracy, vol 4, no 4, oct. 2008.
- Funnell, Warwick N. In government we trust : market failure and the delusions of privatisation / Warwick Funnell, Robert Jupe and Jane Andrew. Sydney : University of New South Wales Press, 2009. ISBN 978-0-86840-966-5 (pbk.)
- Read, Colin, 1959- Global financial meltdown : how we can avoid the next economic crisis / Colin Read. New York : Palgrave Macmillan, c2009. ISBN 978-0-230-22218-2
- The American housing crisis / Susan Hunnicutt, book editor. Farmington Hills, MI : Greenhaven Press, c2009. ISBN 978-0-7377-4310-4 (hbk.) ISBN 978-0-7377-4309-8 (pbk.)
- United States. Congress. House. Committee on the Judiciary. Subcommittee on Commercial and Administrative Law. Working families in financial crisis : medical debt and bankruptcy : hearing before the Subcommittee on Commercial and Administrative Law of the Committee on the Judiciary, House of Representatives, One Hundred Tenth Congress, first session, 17 јули, 2007. Washington : U.S. G.P.O. : For sale by the Supt. of Docs., U.S. G.P.O., 2008. 277 p. : ISBN 978-0-16-081376-4 ISBN 0-16-081376-X http://purl.access.gpo.gov/GPO/LPS99198
- Ghilarducci, Teresa. When I'm sixty-four : the plot against pensions and the plan to save them / Teresa Ghilarducci. Princeton : Princeton University Press, c2008. 374 p. ; ISBN 978-0-691-11431-6 (hbk. : alk. paper)
- Robertson, Justin, 1972- US-Asia economic relations : a political economy of crisis and the rise of new business actors / Justin Robertson. Abingdon, Oxon ; New York, NY : Routledge, 2008. ISBN 978-0-415-46951-7 (hbk.) ISBN 978-0-203-89052-3 (ebook)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Charles P. Kindleberger and Robert Aliber (2005), Manias, Panics, and Crashes: A History of Financial Crises, 5th ed. Wiley, ISBN 0-471-46714-6.
- ↑ Luc Laeven and Fabian Valencia (2008), „Systemic banking crises: a new database“, International Monetary Fund Working Paper 08/224.
- ↑ Alan Kirman, THE ECONOMIC CRISIS IS A CRISIS FOR ECONOMIC THEORY, Oxford University Press – Oxford, UK, стр. 11.
- ↑ Laeven, L. and Valencia, F. (2008), „Systemic banking crises database: A New Database“, International Monetary Fund, Washington D.C.
- ↑ Fratianni, M. and Marchionne, F. 2009. The Role of Banks in the Subprime Financial Crisis available on SSRN: http://papers.ssrn.com/sol3/papers.cfm?abstract_id=1383473
- ↑ Markus Brunnermeier (2008), 'Bubbles', in The New Palgrave Dictionary of Economics, 2nd ed.
- ↑ Peter Garber (2001), Famous First Bubbles: The Fundamentals of Early Manias. MIT Press, ISBN 0-262-57153-6.
- ↑ "Episode 06292007". Bill Moyers Journal. PBS. 2007-06-29. Transcript.
- ↑ Justin Lahart (2007-12-24). „Egg Cracks Differ In Housing, Finance Shells“. WSJ.com. Wall Street Journal. Посетено на 2008-07-13.
It's now conventional wisdom that a housing bubble has burst. In fact, there were two bubbles, a housing bubble and a financing bubble. Each fueled the other, but they didn't follow the same course.
- ↑ Milton Friedman and Anna Schwartz (1971), A Monetary History of the United States, 1867-1960. Princeton University Press, ISBN 0-691-00354-8.
- ↑ '1929 and all that', The Economist, Oct. 2, 2008.
- ↑ „'The Theory of Reflexivity', speech by George Soros, April 1994 at MIT“. Архивирано од изворникот на 2009-10-25. Посетено на 2009-10-25.
- ↑ J. M. Keynes (1936), The General Theory of Employment, Interest and Money, Chapter 12. (New York: Harcourt Brace and Co.).
- ↑ J. Bulow, J. Geanakoplos, and P. Klemperer (1985), 'Multimarket oligopoly: strategic substitutes and strategic complements'. Journal of Political Economy 93, pp. 488-511.
- ↑ R. Cooper and A. John (1988), 'Coordinating coordination failures in Keynesian models.' Quarterly Journal of Economics 103 (3), pp. 441-63. See especially Propositions 1 and 3.
- ↑ 16,0 16,1 16,2 D. Diamond and P. Dybvig (1983), 'Bank runs, deposit insurance, and liquidity'. Journal of Political Economy 91 (3), pp. 401-19. Reprinted (2000) in Federal Reserve Bank of Minneapolis Quarterly Review 24 (1), pp. 14-23.
- ↑ 17,0 17,1 M. Obstfeld (1996), 'Models of currency crises with self-fulfilling features'. European Economic Review 40 (3-5), pp. 1037-47.
- ↑ Eichengreen and Hausmann (2005), Other People's Money: Debt Denomination and Financial Instability in Emerging Market Economies.
- ↑ Torbjörn K A Eliazon (2006) [1] - Om Emotionell intelligens och Œcopati (ekopati)
- ↑ Kindleberger and Aliber (2005), op. cit., pp. 54-58.
- ↑ 'Of manias, panics, and crashes', obituary of Charles Kindleberger in The Economist, 17 јули, 2003.
- ↑ Kindleberger and Aliber (2005), op. cit., p. 54.
- ↑ Kindleberger and Aliber (2005), op. cit., p. 26.
- ↑ Kindleberger and Aliber (2005), op. cit., p. 26 and pp. 160-2.
- ↑ Strauss Kahn D, 'A systemic crisis demands systemic solutions', The Financial Times, Sept. 25, 2008.
- ↑ 'Don't blame the New Deal', New York Times, Sept. 28, 2008.
- ↑ Gordy MB and Howells B (2004), 'Procyclicality in Basel II: can we treat the disease without killing the patient?'
- ↑ 'FBI probing bailout firms', CNN Money, Sept. 23, 2008.
- ↑ George Kaufman and Kenneth Scott (2003),'What is systemic risk, and do bank regulators retard or contribute to it?' The Independent Review 7 (3).
- ↑ Craig Burnside, Martin Eichenbaum, and Sergio Rebelo (2008), 'Currency crisis models', New Palgrave Dictionary of Economics, 2nd ed.
- ↑ 'The widening gyre', Paul Krugman, New York Times, Oct. 27, 2008.
- ↑ P. Krugman (1979), 'A model of balance-of-payments crises'. Journal of Money, Credit, and Banking 11, pp. 311-25.
- ↑ S. Morris and H. Shin (1998), 'Unique equilibrium in a model of self-fulfilling currency attacks'. American Economic Review 88 (3), pp. 587-97.
- ↑ Darryl McLeod (2002), 'Capital flight', in the Concise Encyclopedia of Economics at the Library of Economics and Liberty Архивирано на 3 октомври 2008 г..
- ↑ A. Banerjee (1992), 'A simple model of herd behavior'."Quarterly Journal of Economics" 107 (3), pp. 797-817.
- ↑ S. Bikhchandani, D. Hirshleifer, and I. Welch (1992),'A theory of fads, fashions, custom, and cultural change as informational cascades'."Journal of Political Economy" 100 (5), pp. 992-1026.
- ↑ V. Chari and P. Kehoe (2004), 'Financial crises as herds: overturning the critiques'. "Journal of Economic Theory" 119, pp. 128-150.
- ↑ C. Avery and P. Zemsky (1998), ' Multidimensional Uncertainty and Herd Behavior in Financial Markets'. "American Economic Review" 88, pp. 724-748.
- ↑ M. Cipriani and A. Guarino (2008) 'Herd Behavior and Contagion in Financial Markets'. "The B.E. Journal of Theoretical Economics" 8(1) (Contributions), Article 24, pp. 1-54.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- NYU Stern on Finance - Blog explaining the Financial Crisis (follow link to research blog run by Stern faculty members which deals with financial economics)
- Crisis Talk Архивирано на 1 ноември 2008 г. - World Bank blog offering information on the unfolding crisis
- Financial Crises: Lessons from History. BBC.
- Rescuing our Jobs and Savings: What G7/8 Leaders Can Do - policy proposals from leading economists, sponsored by Centre for Economic Policy Research at VOXEU.org.
- Dossier on 2008 financial crisis Архивирано на 19 април 2015 г. by Radio France International's English-language service
- OECD response to the economic crisis Архивирано на 10 септември 2015 г.. OECD.org.
- Academic paper about the effect of the financial crisis on the venture capital industry .
|