Прејди на содржината

Податотечна големина

Од Википедија — слободната енциклопедија

Податотечната големина ја мери големината на компјутерските податотеки. Таа се изразува во бајти со претставка. Колку податотеката фактички зафаќа простор на дискот зависи од податотечниот систем.

Максималната големина што може да ја поддржи еден податотечен систем зависи од бројот на битови предвидени за складирање на податоците и од вкупната големина на податотечниот систем. На пример, по системот FAT32, големинaта на една податотека не може да е еднаква на или поголема од 4 GiB.

Некои почести единици за податотечна големина:

  • 1 KiB = 1.024 бајти
  • 1 MiB = 1048.576 бајти [1]
  • 1 GiB = 1.073.741.824 бајти [2]
  • 1 TiB = 1.099.511.627.776 бајти [3].

Овие единици честопати се изразуваат во преку единиците KB, MB, GB и TB. Ова е технички непрецизен начин бидејќи претставките кило, мега, гига и тера се однесуваат на множење со 10^3, 10^6, 10^9 и 10^12. Меѓутоа квадрат (алгебра)|квадрираните претставки допрва треба да најдат поширока примена, па така сè уште постојат нејаснотии. На пример, еден тврд диск со фабрички опишана зафатнина од 200 GB има капацитет мошне блиску до 200 * 10^9 bytes. Меѓутоа кога ваквиот диск е свежо форматиран и инсталиран на машина што работи на Microsoft Windows, оперативниот систем ќе пријави големина од околу 186 GB (оваа вредност знае помалку да варира зависно од точниот капацитет на дискот и од податотечниот систем што се користи). Ова се случува бидејќи Windows всушност ја изразува големината во GiB, а 186 GiB е приближно еднакво на 200 GB.

Табела со претворање

[уреди | уреди извор]
Име Симбол Бинарна мерка Декадна мерка Бр. на бајти Еднакво на
Килобајт KB 2^10 10^3 1.024 1.024 бајти
Мегабајт MB 2^20 10^6 1.048.576 1.024 KB
Гигабајт GB 2^30 10^9 1.073.741.824 1.024 MB
Терабајт TB 2^40 10^12 1.099.511.627.776 1,024 GB
Петабајт PB 2^50 10^15 1.125.899.906.842.624 1.024 TB
Ексабајт EB 2^60 10^18 1.152.921.504.606.846.976 1.024 PB
Зетабајт ZB 2^70 10^21 1.180.591.620.717.411.303.424 1.024 EB
Јотабајт YB 2^80 10^24 1.208.925.819.614.629.174.706.176 1.024 ZB
  1. 2^20 = 1 048 576
  2. 2^30 = 1 073 741 824
  3. 2^40 = 1 099 511 627 776