Камбриумот е најраниот период од Палеозојската ера (Палеозоик) кој го опфаќа времето од пред околу 555 и 505 милиони години. Тој е именуван по Камбрија, каде за првпат се испитувани карпите од овој период.
Во геолошката временска скала, Камбриумот е сместен помеѓу Предкамбриумот и Ордовикот. Тој обележува една важна етапа во историјата на животот на Земјата. Тоа е затоа што тогаш се појавиле поглавните групи на животни.
Фосили кои се среќаваат во Камбриумот се:
Камбриум најдобро може да се опише како време на еволуциона експлозија. На почетокот на овој период, животните развиваат скелетни, тврди делове, кои им служат како заштита и потпора на мекото тело. Свои претставници, во текот на камбриум, имаат сите кругови на марински бербетници, со исклучок на Bryozoa. Доминантни морски бербетниаци со скелет се трилобити, брахиоподи и археоцијатиди.