Јанош Хунади
Јанош Хунади (српски: Сибињанин Јанко или Јован Ханџади; унгарски: Hunyadi János; латински: Ioannes Corvinus); (роден 1387 или 1407 —починал 11 август 1456, Земун) бил градоначалник на Тамис, војвода од Трансилванија (од 1441 година), капетан на Белград (1444-1446) и намесник на Кралството Унгарија. Јанош Хунади бил татко на Матија Корвин, еден од најпознатите унгарски кралеви.
Потекло
[уреди | уреди извор]Јанош е роден во благородничко семејство во 1387 или 1407 година (различни извори обезбедуваат различни податоци), како син на Војко (Vojk; Voyk; Vajk; Voicu)[1], внук на Срб(ин) (Serb; Sorb; Serbe) влашки кнез од Банат. Унгарскиот историчар Јанош Карачини во својата книга ја претставува „српската теза“. Според него, Јанош бил само воспитан како римокатолик, затоа што му било одредено да биде влашки благородник и принц. Според некои извори, неговата мајката е со потекло од Куманите. Според теорија од 19 век, дедото на Јанош бил од Србија,[2] но ова не е потврдено со извори. Постојат и извори кои тврдат дека Јанош е од влашко/ романско потекло.[3][4]
Мајката на Јанош се викала Ержебет Моржинај (унгарски: Erzsébet Morzsinay; романски: Elisabeta Mărgean), ќерка на влашкиот благородник од Хуњад, за кого се велело дека е поврзан со познатото семејство Моржинај. Сопругата на Јанош Ержебет Силаѓи (унгарски: Erzsébet Szilágyi) или Маргарита Свилојевиќ, името по кое таа е позната во српската народна традиција, потекнува од реномирана унгарска благородничка фамилија чие име се совпаѓа со името на регионот Силаѓ во Унгарија.
Иако многу популарен, Хунади немал доволно благородничко потекло да стане крал на Унгарија.
Јанош го зел своето презиме Хунади кога кралот Жигмунд му го дал наследството и замокот Вајда-Ханџад 1409 година.
Јанош Хунади имал постар брат Јанош, (честопати бил заменет со него), кој починал некаде околу 1440 година .
Се зборувало меѓу луѓето, а самиот Хунади подоцна ги потврдил гласините дека тој е син на Сигизмунд од Луксембург.[5] Врската ја претставувал таткото на Јанош, кој дваесет години верно му служел на кралот Сигизмунд. Оваа традиција ја користеле неговите потомци во борбата за унгарскиот престол.
Потеклото на Хунади според српските преданија
[уреди | уреди извор]Според српските и јужнословенските народни преданија, познати во записите од 17 век па наваму (бугарштицата „Славонски летопис“ од првата половина на 18 век, „Српскиот речник“ на Вук Стефановиќ Караџиќ , итн), Јанош бил син на деспотот Стефан Лазаревиќ. Имено, во различни варијанти, будимските, сибилските и грчките господа, изненадени од благородниот изглед на деспотот, посакале негово поколение, и како на гостин му ги дале своите ќерки. Улцинскиот епископ, Србин од 15 век, Мартин Сегон напишал дека Јанош бил православен: „Останува само еден пример достоен за сеќавањето што треба да го почитуваат потомците, Јанош Хунади никогаш не им дозволил на Турците да започнат поход против христијаните ...“
Подемот на Јанош Хунади
[уреди | уреди извор]Својата воена кариера ја започнал во служба на деспотот Стефан Лазаревиќ, според некои извори во тврдината Бешќе, но набрзо потоа ги понудил своите услуги на кралот Сигизмунд.
Хунади со кралот Сигизмунд и борба за престол
[уреди | уреди извор]Како многу способен војник, Хунади се изразувал во служба на кралот Сигизмунд во 1432 година . По богатството, тој финансиски му помогнал на кралот во своите походи и го следел на церемонијата на крунисување на светиот римски цар во Франкфурт 1410 година. Учествувал во тешките војни од 1420 година, на походот на Турците и ослободувањето на Смедерево. За неговите услуги, тој наследил многу земја и станал член на кралскиот совет.
Во 1438 година, кралот Албрехт II од Германија на Хунади му ја доделил титулата Бан Северин. Оваа област на јужните граници на Унгарија била ограничена со три реки: Драва, Сава и Дунав , а како што се граничела со Турција, таа била во постојана опасност од турските востанија. Овде, Хунади собрал најмногу сочувство на христијанскиот свет, прославена како последна одбрана од турската инвазија од Исток и од проширувањето на Отоманското Царство.
По ненадејната смрт на кралот Албрехт (во 1439 година), Хунади, чувствувајќи дека на Унгарија ѝ е потребен крал кој има сила да се бори против Отоманското Царство, тој се залагал за младиот Ладислав III Јагелонец Варненчик (полски: Władysław III Warneńczyk ; унгарски: Ulászló I.); идниот крал на Полска и Унгарија.
Одбрана на Белград и смрт
[уреди | уреди извор]Главна статија: Опсада на Белград (1456)
Во меѓувреме, „Источното прашање“ повторно станалo реалност за Унгарија. По падот на Цариград, во 1453 година Мехмед II повторно се свртел кон на Балканот.
Првата битка се случила во Крушевац во 1454 година, кога Хунади го победил Феиз бег, и се покажал уште еднаш како успешен борец против Турците.
Подучен од ова, Султан Мехмед подготвил голема војска засилена со воени бродови. Првата цел на Турците била Белград. Хунади веднаш се упатил кон Белград подготвувајќи се за одбрана на градот. Тој ја подготвил војската на свој трошок, го подготвил градот за одбрана, и ја оставил командата на својот шура Михал Силаѓи (и неговиот најстар син Ладислав Хунади), додека Хунади, во меѓувреме, подготвил флота од двесте бродови. Овој пат христијаните од сите страни, предводени од познатиот проповедник Јован Капистран, многумина и невооружени, се собрале да ги одбијат Турците со заеднички сили.
Три недели по победата, во близина на Белград, па дури и во логорот на војската на Хунади, чумата еруптирала како резултат на голем број незакопани тела. Јанош Хунади заболел од таа чума и умрел на 11 август 1456 година во Земун (или Илок), а не долго време по него и неговиот соборец Јован Капистран. Подocnaатоците на Хунади биле преместени во катедралата во Столном Белград, веднаш до остатоците на неговиот постар брат.
Име на други јазици
[уреди | уреди извор]- ( англиски: John Hunyadi);
- ( романски: Iancu/Ioan de Hunedoara, Ioan/Ion Huniade од Ioan Corvin);
- ( албански: Janosh Hunjadi );
- ( бугарски: Ян (Янош) Хуняди);
- ( хрватски: Janko или Ivan Hunjadi;
- ( грчки: Ιωάννης Ουνιάδης);
- ( словачки: Ján Huňady);
- ( турски: Hunyadi Yanoş);
- ( српски: Угрин Јанко војвода, Јанкула војвода, Мађар Јанко од Ердељ крајине, Сибињанин Јанко);
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ "Застава", Нови Сад во 1901 година
- ↑ Д-р Borovszky Samu, Magyarorszag varmegyei es varosai , Kiadta az országos monográfiai társaság, Budapest
- ↑ Енциклопедија Британика
- ↑ Stavrianos 2000, стр. 53.
- ↑ Католичка енциклопедија , Преземено 4 мај 2013 година.
Литература
[уреди | уреди извор]- Stavrianos, Leften Stavros (2000). The Balkans Since 1453. Hurst. ISBN 978-1-85065-551-0.
- Др Шаму Боровски, Мађарске провинције и градови. Издало државно монографско удружење — Будимпешта
- Извори које цитира енциклопедија Британика:
- R.N. Bain, The Siege of Belgrade, 1456, in Eng. Hist. Rev., 1892. — Опсада Београда од Р. Н. Баина
- Антонио Бонфини (Antonio Bonfini), Rerum ungaricarum libri xlv, editio septima (на латинском језику; ~савремени извор).
- J. de Chassin, Jean de Hunyad, (на француском језику), Париз, 1859.
- Ђерђ Фејер(György Fejér), Genus, incunabula et virtus Joannis Corvini de Hunyad (на латинском језику), Будим, 1844.
- Вилмош Фракнои (Vilmos Fraknói), Cardinal Carjaval and his Missions to Hungary, (на мађарском језику), Будимпешта, 1889.
- П. Франкл (P. Frankl), Der Friede von Szegedin und die Geschichte seines Bruches (на немачком језику), Лајпциг, 1904.
- А. Пцр (A. Pcr), Life of Hunyadi (на мађарском језику), Будимпешта, 1873.
- Јожеф Телеки (József Teleki), The Age of the Hunyadis in Hungary (на мађарском језику), Пешта, 1852 — 1857.; (допуњено издање Д. Чинки (D. Csinki), 1895.).
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Јанош Хунади“ на Ризницата ? |