Човечки метапневмовирус
Човечки метапневмовирус[1] (англиски: Human metapneumovirus, HMPV) — вид РНК-вирус од семејството Pneumoviridae од редот Mononegavirales. Предизвикува остра вирусна зараза кај луѓето, главно кај децата. Покрај болестите на горните дишни патишта, предизвикува болести на долните дишни патишта.
Опис
[уреди | уреди извор]Човечкиот метапневмовирус првпат бил изолиран од пациент на крајот на 2001 г. во Холандија. До 2018 г., биле утврдени два генотипа (линии А и Б), со по два поттипа во секоја од овие линии.[2]
Вирусната РНК кодира 9 белковини. Видот е сличен на човечкиот респираторно-синцитијален вирус, сличноста на аминокиселинските секвенци е 23−43 %.
Просечната големина на вирионите е 209 нм, облиците се плеоморфни, сферични и нишковидни.
Вирологија
[уреди | уреди извор]Човечкиот метапневмовирус првенствено ги заразува епителните клетки на дишните патишта во носот и белите дробови. Се верува дека вирусот се врзува за целните клетки преку заемодејства помеѓу неговиот гликопротеин (G) и хепаран сулфат, како и други гликозаминогликани. Споената (F) белковина на човечкиот метапневмовирус содржи RGD (Arg-Gly-Asp) мотив, кој се врзува за RGD-врзувачките интегрини на клетките домаќини, служејќи како клеточни рецептори.[3][4][5][6] Оваа белковина го олеснува спојувањето на вирусната обвивка со клеточната мембрана на pH-независен начин, што веројатно се јавува во ендозомите. Откако ќе влезе во домаќинот, човечкиот метапневмовирус предизвикува ослободување на хемокини и цитокини, вклучувајќи ги IL-6, IFN-α, TNF-α, IL-2 и воспалителните белковини на макрофаги. Овој имунолошки одговор води до перибронхиоларна и периваскуларна инфилтрација и воспаление.[7]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Човечки метапневмовирус“. Pedijatar.mk. 2022-06-15. Посетено на 2025-01-06.
- ↑ Метапневмовирусная инфекция / ФБУЗ Центр гигиены и эпидемиологии в Тульской области // Управление Федеральной службы по надзору в сфере защиты прав потребителей и благополучия человека по Тульской области : [сайт]. — 2018. — 17 декабря. (руски)
- ↑ Cseke, G.; Maginnis, M. S.; Cox, R. G.; Tollefson, S. J.; Podsiad, A. B.; Wright, D. W.; Dermody, T. S.; Williams, J. V. (2009). „Integrin v 1 promotes infection by human metapneumovirus“. Proceedings of the National Academy of Sciences. 106 (5): 1566–1571. doi:10.1073/pnas.0801433106. PMC 2629439. PMID 19164533.
- ↑ Chang, A.; Masante, C.; Buchholz, U. J.; Dutch, R. E. (2012). „Human Metapneumovirus (HMPV) Binding and Infection Are Mediated by Interactions between the HMPV Fusion Protein and Heparan Sulfate“. Journal of Virology. 86 (6): 3230–3243. doi:10.1128/JVI.06706-11. PMC 3302303. PMID 22238303.
- ↑ Cox, R. G.; Livesay, S. B.; Johnson, M.; Ohi, M. D.; Williams, J. V. (2012). „The Human Metapneumovirus Fusion Protein Mediates Entry via an Interaction with RGD-Binding Integrins“. Journal of Virology. 86 (22): 12148–12160. doi:10.1128/JVI.01133-12. PMC 3486500. PMID 22933271.
- ↑ Wei, Y.; Zhang, Y.; Cai, H.; Mirza, A. M.; Iorio, R. M.; Peeples, M. E.; Niewiesk, S.; Li, J. (2014). „Roles of the Putative Integrin-Binding Motif of the Human Metapneumovirus Fusion (F) Protein in Cell-Cell Fusion, Viral Infectivity, and Pathogenesis“. Journal of Virology. 88 (8): 4338–4352. doi:10.1128/JVI.03491-13. PMC 3993731. PMID 24478423.
- ↑ Uddin, Sanaa; Thomas, Meagan (2023), „Human Metapneumovirus“, StatPearls, Treasure Island (FL): StatPearls Publishing, PMID 32809745, Посетено на 2023-11-18
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- ICTV Virus Taxonomy Profile: Pneumoviridae (December 2017)
- hMPV EIA kit (Biotrin, archived 13 February 2007)
- Human Metapneumovirus, hMPV (Biotrin, archived 11 September 2007)