Црвеноперка
Црвеноперка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Зракоперки |
Ред: | Крапообразни |
Семејство: | Cyprinidae |
Род: | Rutilus |
Вид: | R. rutilus |
Научен назив | |
Rutilus rutilus (Linneaus, 1758) |
Црвеноперката (лат. Rutilus rutilus) припаѓа на семејството краповидни риби (Cyprinidae)во родот Rutilus[1]. Широко е распространета во слатките води на Европа, источно од Пиринеите и северно од Алпите, живее во водите на Сибир и сливот на Аралското Море. Најбројна е во Дунавскиот слив. Перките и се црвени по што го добила името. Ирисот и е редовно црвен. Оваа риба на прв поглед тешко се разликува од писата, а разликата е во тоа што црвеноперката има шилеста уста, и заоблен стомачен гребен меѓу стомачните и аналните перки. Диплоидниот број на хромозоми изнесува 52. Достигнува должина до 45цм и маса од 800 г. За Македонија е карактеристичен подвидот Дојранска црвеноперка (Rutilus rutilus dojranensis Karaman, 1928). Од дојранското езеро годишно се ловат по 323 000 кг. од овој подвид.
Опис
[уреди | уреди извор]Црвеноперката има високо долгнавесто, странично сплескано тело покриено со крупни скралушки. Има крупна глава со крупни очи. Устата е горна, завртена нагоре. Перките се црвенкасти по боја, особено аналната и опашната перка. Грбната перка е поставена на средината на телото. Телото на горната страна е сиво зелено, додека странично е сребренесто. Бојата на стомачната страна е сребрено бела. По страните се протега надолжна темносива линија.[1]
Размножување
[уреди | уреди извор]Црвеноперката, како и поголем број на ципринидни видови за мрест доаѓа во крајбрежјето и икрата ја полага во помали или поголеми групи во кои по правило 1-2 единки се женски, а останатите единки се машки. По правило женските единки се поголеми од машките. Икрата има доста дебел ресест леплив слој со кој што се прилепува за подлогата, која што е составена во најголем број на случаи од крупни камења, на кои што често има големо количество на млади школки-жапки. Местата на кои што црвеноперката ја полага својата икра најчесто се просторно и временски идентични со тие на кленот, со таа разлика што црвеноперката икрата ја полага во подлабокиот дел од појасот покрај брегот. Бројот на зрна икра кај црвеноперката е доста различен и зависи од возраста на единките и нивната тежина. Единките на црвеноперката созреваат на различна возраст. Може да се сретнат полово зрели единки и на двогодишна возраст, но најголем дел од популацијата на црвеноперката е полово созреан во третата година од животот. Поголем дел од животот црвеноперката поминува во непосредна близина на брегот.[1]
Исхрана
[уреди | уреди извор]Најчесто се движи во помали јата и само за време на мрестот се групира во поголеми јата. Се храни со организми кои што живеат на дното, планктон, како и со делови на водната растителност.[1]
Оваа статија од областа на зоологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |