Хитлеров кабинет
Изглед
Ова е список на членовите на Хитлеровиот кабинет од јануари 1933 до април 1945.
јануари 1933
- Адолф Хитлер (НСДАП) - Канцелар
- Франц фон Папен - Вицеканцелар
- Константин Фрајхер фон Нојрат - Министер за надворешни работи
- Вилхелм Фрик (НСДАП) - Министер за внатрешни работи
- Јохан Лудвиг Гроф Шверин фон Крозиг - Министер за финансии
- Алфред Хугенберг (ДНВП) - Министер за економија и храна
- Франц Зелде - Министер за труд
- Франц Гиртнер (ДНВП) - Министер за правда
- Вернер фон Бломберг - Министер за одбрана
- Паул Фрејхер Елц фон Рибенах - Министер за пошти и транспорт
- Херман Геринг (НСДАП) - Министер без ресор
Националсоцијализам |
---|
Организации
Историја
Идеологија
Списоци
|
Промени
- март 1933: Јозеф Гебелс станува Министер за народна просвета и пропаганда.
- април 1933: Геринг станува Министер за воздухопловство.
- јуни 1933: Курт Шмит станува Министер за економија. Рихард Валтер Даре станува Министер за храна.
- декември 1933: Ернст Рем и Рудолф Хес стануваат министри без ресор.
- мај 1934: Бернхард Руст станува Министер за наука и образование.
- јуни 1934: Ханс Керл станува министер без ресор. Рем е убиен.
- јули 1934: Геринг станува и министер за шумарство.
- август 1934: Франц фон Папен дава оставка како вицеканцелар. Функцијата не ја зема никој. Јалмар Шахт станува Министер за економија.
- декември 1934: Ханс Франк станува Министер без ресор.
- март 1935: Геринг станува и Главен заповедник на Луфтвафе.
- мај 1935: Звањето Министер за одбрана се заменува со Министер за војна. Бломберг продолжува да биде министер.
- јули 1935: Ханс Керл станува Министер за црковни работи.
- април 1936: Вернер фон Фрич станува Главен заповедник на Армијата. Ерих Редер станува Главен заповедник на Морнарицата.
- февруари 1937: Вилхелм Онзорге станува Министер за пошти. Јулиус Дропмилер станува министер за транспорт.
- ноември 1937: Херман Геринг станува Министер за економија. Шахт станува министер без ресор.
- декември 1937: Ото Мајснер станува Државен министер и Глава на Канцеларијата.
- јануари 1938: Валтер Функ станува Министер за економија.
- февруари 1938: Јоаким фон Рибентроп станува Министер за надворешни работи. Нојрат станува министер без ресор. Бломберг дава оставка и функцијата Министер за војна се укинува. Неговата улога сега ја презема Вилхелм Кајтел како Директор на ОКВ. Валтер фон Браухич станува Главен заповедник на Армијата.
- мај 1939: Артур Зајс-Инкварт станува министер без ресор.
- март 1940: Фриџ Тод станува Министер за наоружување и муниција.
- јануари 1941: Франц Шлегелбергер станува Министер за правда.
- мај 1941: Рудолф Хес е отстранет од кабинетот.
- јули 1941: Алфред Розенберг станува Министер за окупираните источни територии
- декември 1941: Ханс Керл, Министерот за црковни работи, умира. Не е заменет. Хитлер станува Главен заповедник на Армијата.
- февруари 1942: Алберт Шпер станува Министер за наоружување и муниција.
- мај 1942: Херберт Баке станува Министер за храна.
- август 1942: Ото Георг Тирак станува Министер за правда.
- јануари 1943: Карл Дениц станува Главен заповедник на Морнарицата.
- август 1943: Хајнрих Химлер станува Министер за внатрешни работи.
- јули 1944: Шахт го напушта кабинетот.