Френулум
Пред да ја прочитате статијата имајте предвид дека истата содржи фотографии кои не се соодветни за малолетни читатели. |
Френулум од кожичка на пенис | |
---|---|
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | Frenulum praeputii penis |
TA | A09.4.01.012 |
FMA | FMA:19647 |
Френулум или поточно френулум од кожичката на пенисот (разг. жиличе, кожиче) — еластичен сноп на ткиво кое се наоѓа под главата на пенисот. Френулумот ја поврзува кожичката на пенисот со главата и помага при движење на кожичката.[1] При ситуација на краток френулум, истиот може да биде делумно или целосно отстранет или изменет.[2][3][4]
Чувствителност
[уреди | уреди извор]За френулумот и френуларната делта, под пенисот и под круната на пенисот, низ книгите за сексологија се сметало дека се сексуално „многу реактивни“ и „особено чувствителни на допир кој е мек и нежен“. „Долниот дел од телото на пенисот е „извор на особено задоволство“.[5] Крукс и Баур наведуваат дека двете екстремно чувствителни места кои мажите ги сметаат како такви се круната и френулумот.[6] Стимулации на френулумот може да предизвика оргазам и ејакулација.
Кај мажи со повреди на ’рбетот и со неможност на да се испратат чувствата до мозокот, френулумот може да биде стимулиран и да предизвика оргазам.[7][8]
Патологија
[уреди | уреди извор]Краток френулум е состојба кога френулумот е краток и тоа го ограничува движењето на кожичката, што пак може да влијае врз сексуалната активност. Ова може да се поправи со френулопластика, френектомија или обрежување. Краткиот френулум може да го влече пенисот, односно главата, надолу.
При случаи на хипоспадија, френулумот може сосема да недостасува.
Постои можност френулумот да се искине при секс. Френуларната артерија може да биде повредена и да има обилно крвавење.
Френектомија
[уреди | уреди извор]Френектомијата може да се изведе за да се отстрани френулумот. Тоа е како резултат на краток френулум.[9] Ова е форма на генитална френектомија. Френулумот исто така може да се искине при обрежување. Ова може да ја намали френуларната делта. Во различни испитувања се покажало дека во 26.7%, 20% и 33.33% од обрежаните лица френулумот бил исечен.[9][10]
-
Френулум кој е поделен при обрежување.
-
Френулум и френуларна делта.
-
Краток френулум.
-
Дел од френулум кој не е отстранет при обрежување.
-
Отстранет френулум по френектомија
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Jensen, Christian (2011). Can I Just Ask?. Hay House. стр. 58. ISBN 9781848502468.
- ↑ Griffin, AS; Kroovand, R. (1990). „Frenular chordee: implications and treatment“. Urology. 35 (2): 133–4. doi:10.1016/0090-4295(90)80060-Z. PMID 2305537.
- ↑ Preiser, G; Herschel, M.; Bartman, T.; Andersson, C.; Bailis, S. A.; Shechet, R. J.; Tanenbaum, B.; Kunin, S. A.; Hodges, F. M.; Fleiss, P. M.; Antonopoulos, J.; Rockney, R.; Taylor, A.; Stang, H.; Snellman, L.; Fontaine, P.; Condon, L. M.; Lannon, C. M. (2000). „Circumcision--the debates goes on“. Pediatrics. 105 (3 Pt 1): 681–684. doi:10.1542/peds.105.3.681. PMID 10733391.
- ↑ „Neonatal Circumcision: An Audiovisual Primer“. Stanford School of Medicine.
- ↑ Hass, K.; Hass, A. (1993). Understanding Sexuality. St Louis: Mosby. стр. 99–100. ISBN 0801667488.
- ↑ Crooks, R.; Baur, K. (1993). Our Sexuality (5. изд.). Redwood City: Benjamin/Cummings. стр. 129. ISBN 0-534-59567-7.
- ↑ Saulino, Michael F. (2006). „Rehabilitation of Persons With Spinal Cord Injuries“. WebMD.
- ↑ Pryor, JL; Leroy, Suzanne C.; Nagel, Theodore C.; Hensleigh, Hugh C. (1995). „Vibratory stimulation for treatment of anejaculation in quadriplegic men“. Archives of physical medicine and rehabilitation. 76 (1): 59–64. doi:10.1016/S0003-9993(95)80044-1. PMID 7811177.
- ↑ 9,0 9,1 Griffin AS, Kroovand RL (1990). „Frenular chordee: implications and treatment“. Urology. 35 (2): 133–4. doi:10.1016/0090-4295(90)80060-Z. PMID 2305537.
- ↑ http://pediatrics.aappublications.org/cgi/reprint/105/3/681.pdf#search=%22%20Frenular%20chordee%22
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- McGrath, Ken (2001). „The Frenular Delta“. Во Denniston GC, Hodges FM, Milos MF (уред.). Understanding Circumcision: A Multi-Disciplinary Approach to a Multi-Dimensional Problem. New York: Kluwer. ISBN 978-0306467011.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
[[Категорија:Зборови кои ги нема во ТРМЈ}}