Прејди на содржината

Французи

Од Википедија — слободната енциклопедија

Французите се европски народ, кои претежно живеат во Франција. Припаѓаат на романската групи народи. Потомци се на Галите и Франките, од кои го добија и денешното име. Францускиот јазик исто така припаѓа на романската група на јазици.

Французите како тема во уметноста

[уреди | уреди извор]

Во своето дело, „Мирни денови во Клиши“, американскиот писател Хенри Милер зборува за „стоичката рамнодушност на Французите“,[1] вели дека при средбата со маж, „Французинката не го трга погледот како Англичанката или Американката“,[2] но исто така вели дека „Французите ненормално ги почитуваат писателите“.[3] Во делото „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ вели дека Французинката е „смела, позитивна, духовита, кокетна“;[4] таа не е сопруга, туку љубовница и мајка;[5] таа е единствената жена која може да биде учена, без страв да стане како мажите;[6] како и дека таа е духовно и душевно најрабудената жена. Од друга страна, Французинот е најверен пријател, ако не на жената, тогаш на Французинката.[7] Тој го става целиот свој душевен, духовен и физички живот во жената, т.е. неа ја поставуваат како центар на сите негови работи, должности, врски и намери.[8] Исто така, според Дучиќ, Французинот е добар пријател и чесен непријател.[9]

  1. Henri Miler, Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 10.
  2. Henri Miler, Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 11.
  3. Henri Miler, Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 58.
  4. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 148-149.
  5. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 157.
  6. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 96.
  7. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 104.
  8. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 108.
  9. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 194.