Прејди на содржината

Фанзин

Од Википедија — слободната енциклопедија


Фанзин (англиски: Fanzine, од fan и magazine) е непрофесионалнa и не-официјалнa публикација издадена од ентузијасти на одреден културен феномен, како на пример литературен или музички жанр, правен за задоволството на другите кои го делат истиот интерес. Терминот бил измислен со фанзинот за научна фантастика од октомври 1940 година на шампионот во играње шах Рус Шаувенет и првпат бил популаризиран во фандом за научна фантастика, а оттаму бил усвоен и од други заедници.

Обично, издавачите, уредниците, писателите и другите придонесувачи во статии или илустрации на фанзините не се платени. Фанзините традиционално циркулираат бесплатно или за минимален трошок за покривање на поштенските трошоци или трошоци за производство. Копиите често се нудат во замена за слични публикации, или за придонеси од уметност, статии или писма со коментари (LoCs), кои потоа се објавуваат.

Некои фанзини се напишани и фотокопирани од аматери користејќи стандардна опрема за домашна канцеларија. Неколку фанзини пак се развиле во професионални публикации кои понекогаш се именувани како „прозини“ (англиски: prozines), а многу професионални писатели првпат објавиле во фанзини, од кои некои продолжуваат да придонесуваат за нив и по воспоставувањето професионална репутација. Терминот фанзин понекогаш се меша со списанијата за следбениците (англиски: Fan magazines), но овој поим најчесто се однесува на комерцијално произведени публикации за свои следбеници.