Тод Рандгрен
Тод Рандгрен | |
---|---|
Рандгрен на настап во 2013 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Тод Хари Рандгрен |
Роден(а) | 22 јуни 1948 Филаделфија, Пенсилванија, САД |
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 1966–денес |
Издавачи |
Тод Хари Рандгрен (англ.Todd Rundgren; роден на 22 јуни 1948 година) ― американски музичар, пејач, текстописец и музички продуцент. Познат е по неговата софистицирана и често нетрадиционална музика, неговите сценски спектакли и по експериментите со интерактивна уметност. Продуцирал и музички спотови, а исто така бил меѓу првите кои користеле Интернет како средство за дистрибуција на музика во доцните 1990-ти.[2]
Рандгрен е роден во Филаделфија, а неговата професионална кариера ја започнал во 1967 година, откако ја основал групата Nazz. По две години ја напуштил групата за да започне соло кариера. Негов прв топ-40 хит била песната „We Gotta Get You a Woman“ (1970). Негови најпознати песни се: „Hello It's Me“ и „I Saw the Light“ од албумот Something/Anything? (1972), кои често се емитувале на радио станиците со класичен рок, „Can We Still Be Friends“ од 1978 година и „Bang the Drum All Day“ од 1983 година, која често се пушта на многу спортски натпревари, во реклами и трејлери за филмови. Иако е помалку позната, песната „Couldn't I Just Tell You“ (1972) влијаела врз многу уметници од пауер-поп жанрот.[3]
Рандгрен се смета за пионер во електронската музика, прогресивниот рок, музичките спотови, компјутерски софтвер и дистрибуција на музика преку Интернет.[4] Тој го организирал првиот интерактивен телевизиски концерт во 1978 година, ја дизајнирал првата графичка табла во боја во 1980 година и го направил првиот интерактивен албум, No World Order, во 1994 година.[5][6] Исто така, тој бил еден од првите музичари кои се истакнале и како пејачи и како продуценти.[7] Негови најзначајни продукциски дела се: Straight Up (1971) од Badfinger, We're an American Band (1973) од Grand Funk Railroad, New York Dolls (1973) од New York Dolls, Bat Out of Hell (1977) од Мит Лоуф и Skylarking од XTC (1986). Тој бил примен во Куќата на славните на рокенролот во 2021 година.
Живот и кариера
[уреди | уреди извор]Тод Хари Рандгрен[8] е роден во Филаделфија[2][9] на 22 јуни 1948 година.[8] Детството го поминал во Апер Дарби Тауншип, Пенсилванија.[10] Со мала помош сам научил како да свири гитара.[8] Како дете бил под влијание на различни жанрови музика, како рок, поп и класична музика.[8] На 17-годишна возраст го формирал неговиот прв бенд „Money“.[8]
Во 1966 година Рандгрен се преселил во Филаделфија и таму се приклучил на блуз-рок групата Woody's Truck Stop.[11] Рандгрен осум месеци бил член на групата а во меѓувреме тие станале најпопуларна група во Филаделфија.[8] Групата ја напуштил заедно со басистот Карсон Ван Остен со кого во 1967 година ја формирал рок-групата Nazz. Рандгрен веќе го изгубил интересот за блуз-музиката и сакал кариерата да ја продолжи со песни во стилот на Битлси и The Who.[8]
Nazz се здобиле со одредена популарност со нивниот прв-сингл, „Open My Eyes“ од јули 1968 година, и „Hello It's Me“; двете песни ги напишал Рандгрен. Тие издале три албуми: Nazz (октомври 1968), Nazz Nazz (април 1969) и Nazz III (1971).[12]
По заминувањето од Nazz, 21-годишниот Рандгрен одлучил да стане продуцент. Летото 1969 година се преселил во Њујорк и ги посетувал клубовите во Гринич Вилиџ, каде запознал многу музичари и модни дизајнери од Менхетен.[8] Станал аранжер и продуцент под водство на Алберт Гросман. Гросман кој претходно го основал Ampex Records му ветил на Рандгрен дека ќе стане „најплатен продуцент на светот“, што подоцна и се остварило.[13]
Во 1970 година, Рандгрен ја започнал неговата соло кариера и го издал неговиот прв солистички албум „Runt“.[14] Албумот бил критички и комерцијално успешен и го содржел хит-синглот „We Gotta Get You a Woman“ кој се искачил на 20-то место на топ-листата на Билборд.[8] Во текот на 1970-тите, Рандгрен продолжил да издава успешни албуми, меѓу кои се: „Something/Anything?“ (1972), „A Wizard, a True Star“ (1973) и „Hermit of Mink Hollow“ (1978).
Во 1980-тите, музиката на Рандгрен станала поекспериментална и почнал да вградува елементи на електронска музика во неговите дела. Тој, исто така, продуцирал албуми за други музичари, како ги Гранд Фанк Раилроуд, Њујорк Долс и ХТЦ.
Во 1990-тите, Рандгрен се вратил на традиционалниот рок-звук и издал неколку албуми, како: „2nd Wind“ (1991), „No World Order“ (1993) и „With a Twist...“ (1997). Во средината на 1990-тите, Рандгрен снимил два албума под псевдонимот TR-i („Todd Rundgren interactive“). Првиот од нив, No World Order од 1993 година, се состоел од фрагменти од музика долги стотици секунди, кои можеле да се комбинираат на различни начини за да му одговараат на слушателот. Следниот албум, The Individualist (1995), содржи интерактивна видео содржина.
Во 2000-тите, Рандгрен продолжил да издава албуми. Тој исто така продуцирал албуми за други музичари, како Flaming Lips и Lemonheads.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Soft Rock Music Artists“. AllMusic (англиски). Посетено на 1 April 2023.
- ↑ 2,0 2,1 Tingen, Paul (May 2004). „Todd Rundgren“. Sound on Sound.
- ↑ Vladimir Bogdanov; Chris Woodstra; Stephen Thomas Erlewine (2001). All music guide: the definitive guide to popular music. Hal Leonard Corporation. стр. 464. ISBN 978-0-87930-627-4.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеAMbio
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеTingen043
. - ↑ Cahill, Greg (August 1997). „A Cyber Wizard“. Sonoma County Independent. Посетено на January 16, 2020.
- ↑ Sodomsky, Sam (January 20, 2018). „Todd Rundgren: A Wizard, a True Star“. Pitchfork. Посетено на January 21, 2018.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 8,6 8,7 8,8 Myers 2010.
- ↑ Olivier, Nicholas (2003). „Todd Rundgren“. Во Buckley, Peter (уред.). The Rough Guide to Rock. Rough Guides. стр. 902–903. ISBN 978-1-84353-105-0.
- ↑ Jackson, Vincent (August 6, 2003). „Article Archives“. Nl.newsbank.com. Посетено на September 24, 2012.
- ↑ Thomas, Bryan (n.d.). „Woody's Truck Stop“. AllMusic. Посетено на March 14, 2016.
- ↑ Sanctuary Records, liner notes for reissues of Nazz and Nazz Nazz/Nazz 3: The Fungo Bat Sessions (2006)
- ↑ Quinn, Anthony (July 14, 2004). „Todd Rundgren: Nothing but the truth“. The Independent. Архивирано од изворникот на June 21, 2022. Посетено на December 20, 2018.
- ↑ Erlewine, Stephen Thomas. „Runt“. AllMusic. Посетено на December 19, 2018.
Извори
[уреди | уреди извор]- Myers, Paul (2010). A Wizard, a True Star: Todd Rundgren in the Studio. Jawbone Press. ISBN 978-1-906002-33-6.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Todd Rundgren — AllMusic (англиски)
- The Nazz — AllMusic (англиски)
- Hello People — AllMusic (англиски)
- Utopia — AllMusic (англиски)
- Todd Rundgren & Utopia — AllMusic (англиски)
- Ubben Lecture at DePauw University (April 8, 2009)
- Todd Rundgren Interview NAMM Oral History Program
- Todd Rundgren Radio Архивирано на 21 септември 2019 г.