Прејди на содржината

Српски народни носии

Од Википедија — слободната енциклопедија
Српска култура
Уметност
Книжевност  • Музика  • Театри  • Сликарство  • Фотографии  • Кинематографија
Традиција
Народни обичаи  • Народна носија  • Игри  • Кујна  • Сродни односи  • Религија  • Хералдика  • Епска поезија
Споменици
Културно наследство  • Музеи  • Архитектура  • Тврдини  • Манастири  • Светско наследство  • Воени гробишта
Разно
Познати Срби  • САНУ  • Спорт  • Дигитализација
Српски народни носии

Српските народни носии заземаат значајно место во културата и традицијата на српскиот народ. Низ историјата носиите биле симбол на етничкиот идентитет и се одликуваат со високи ликовни и естетски вредности. До денес се сочувани машки и женски носии во целост од 19 и почетоците на 20 век, со сите нивни додатоци и украси. Секоја област која Србите ја населувале низ историјата се одликува со посебни, специфични носии. По карактеристичниот изглед на облеката луѓето препознавале од кој крај потекнувале, а во мешани етнички средини според носијата се препознавала и етничката, односно националната припадност. Во својот историски развој, разновидните народни носии имале разновидно значење во животот на народот. Низ времето на нивниот изглед влијаеле носиите на соседните етнички групи, така да иако како ракотворби се обележје на времето од кое потекнуваат, во себе можат да носат и одлики на соседните и на носиите од претходните периоди.[1]

Народни носии во Шумадија и Босна

[уреди | уреди извор]

Српската народна носија после ослободување од отоманската власт претрпела промени во смисла на нејзино збогатување и ослободување од турските влијанија. Кнезот Милош Обреновиќ, тогашниот српски владетел, бил пример за облекување бидејќи и самиот сакал убаво да се облекува. Во продолжение се наведени делови од облека која се носела во 19 век во Србија. Наброени се делови од носија, од кои некои биле типични за град, а некои биле типични за село.

  • Шајкача
  • Прслук
  • Гун
  • Гунче
  • Фермен
  • Антерија
  • Зубун
  • Долактник
  • Тканица (вид на појас, кој се добива со ткаење)
  • Бриџес панталони
  • Чакшири
  • Дизлук
  • Долама
  • Јечерма
  • Џемаден
  • Мисараба
  • Минтане
  • Елек
  • Џубе
  • Либаде
  • Фистан
  • Шалвари — дел од женска носија која се уште се носела одреден период после ослободување од Турците
  • Кумош
  • Чорапи
  • Опинци „шиљкани“

Народни носии во Босанска Краина

[уреди | уреди извор]

Народни носии во Војводина и Славонија

[уреди | уреди извор]

Народни носии во Јужна Србија и Македонија

[уреди | уреди извор]

Народни носии во Косово и Метохија

[уреди | уреди извор]

Народни носии во Далмација и Лика

[уреди | уреди извор]
Никола Тесла облечен во српска народна носија

Народни носии во Лика

[уреди | уреди извор]

На територија на Лика, со векови живееле заедно православни Срби (со ијекавски дијалект) и католици Хрвати, Буњевци и Крањци (со икавски и чакавски дијалект). Иако живееле на ист простор, меѓу нив постоеле видни разлики и особености во поглед на историските, духовните, културните и говорните одлики. Сето тоа се одразило и во народните носии на овие етнички групи.[2]

Народните носии на православните Срби во Лика се разликуваат од носиите на католиците, како по боја така и по називите на одделните делови од облеката. Наведените делови од народните носии се однесуваат исклучиво на облеката на православните Срби во Лика, од крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Поделба и делови на личката народна носија

[уреди | уреди извор]

Постојат две поделби на личката народна носија. Се дели на машка личка народна носија и женска личка народна носија. Другата поделба е на секојдневната, работна личка народна носија и свечената, црковна личка народна носија.

Составни делови на личката народна носија се:

Машка личка народна носија:

  • Личка капа
  • Кошула
  • Пртени панталони - гаќи
  • Суклени панталони - бревници
  • Елек
  • Елек со токи — черма
  • Ќемер
  • Појас
  • Личка маја
  • Аљинац
  • Лички кожув
  • Чорапи
  • Натикачи
  • Опинци (опутари, капичари)
  • Личка торба

Женска личка народна носија:

  • Женска личка капа
  • Рубац
  • Кошула
  • Кикља
  • Елек
  • Кецела
  • Тканица
  • Ѓендер
  • Аљинац
  • Кожув
  • Чорапи
  • Натикачи
  • Опинци
  • Цокли
  • Женска личка торба

Народни носии во Црна Гора и Херцеговина

[уреди | уреди извор]
Машката народна носија од Црна Гора и Херцеговина

Народната носија во Црна Гора и Херцеговина се јавува во разни варијанти на традиционалната херцеговска и црногорска носија. Нејзини делови се:

  • црногорска капа (завртка)
  • кошула со колиер (кошула без или со мала крагна)
  • џемадан, црвен дел кој се облекува над кошулата
  • душанка (името го добила по Цар Душан), дел од облека кој се носи над џемадан.
  • јакета
  • каница, појас
  • силав, кожен каиш за оружје кој се носи под каница
  • сини гаќи со широк крој
  • доколеници
  • кратки чорапи (назувци)
  • кожни опинци

Често, наместо опинци, можеле да се носат чизми, но тогаш не се ставале доколеници и кратки чорапи.

Херцеговска планинска народна носија

[уреди | уреди извор]

Планинската херцеговска народна носија била во секојдневна употреба до 1875 година на територија на Источна Херцеговина и западна Црна Гора.[3] Постоела секојдневна и свечена народна носија, која се облекувала само во тек на празници.

Свечената женска носија од овој краишта се разликувала за мажени жени и девојки. Таа се состои од:

  • бурунџук (женска капа)
  • ќурдија (марама)
  • кошула
  • корет (јакна)
  • прегача (престилка)
  • пафти (декоративен накит од сребро кој се носи околу појасот)

Свечената машка народна носија од овие краишта се состоела од:

  • заврата (херцеговска капа)
  • токи (ги носеле само побогатите и повидните мажи)
  • душанка
  • машки појас
  • панталони
  • волнени чорапи
  • опинци

Народни носии на озренскиот крај

[уреди | уреди извор]

Српската народна носија во озренскиот крај главно е исткаена од платно.[4] Се ткаела од памук со посебни алати за изработка на платно. Мажите носеле шешири, и секој човек носел различно украсена торба.

Женската носија се состои од:

  • крпа
  • летак
  • кошула
  • тканица
  • прегача (престилка)
  • волнени чорапи
  • опинци

Машката носија се состои од:

  • шешир
  • фермен
  • кошула
  • торбак (торба) во која се носела крпа
  • тканица
  • панталони
  • волнени чорапи
  • опинци

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Projekat Rastko: Istorija srpske kulture
  2. „Личка народна ношња“ (српски). Лика у срцу. 2011. Архивирано од изворникот на 2016-09-21. Посетено на 30 март 2012.
  3. „Вез: Источна Херцеговина“ (српски). Радио-телевизија Републике Српске. 2011. Посетено на 11 декември 2011. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „Вез: Општина Петрово (Озренски крај)“ (српски). Радио-телевизија Републике Српске. 12. 2011. Посетено на 18 декември 2011. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)CS1 одржавање: Формат датума (веза)

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Занаети во Пожаревац во доцниот 19-ти и почетокот на 20 век — Даница Ѓокиќ - Народен музеј во Пожаревац

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]