Религија во Бурунди
Религијата во Бурунди има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Постојат поголем број на религиозни групи. Според проценките од 2008 година спроведени од ЦИА, околу 86% од населението на Бурунди е христијанско (62,1% Римокатолици, 23.9% Протестанти), 7,9% немаат одредено религија и 2,5% се муслимани (главно сунити).[1][3]. Според „Енциклопедија на Африка“, 67% се христијани, 23% ги почитува традиционалните религии, а 10% се муслимани.[2].
Бурунди има највисок процент на католици од било која друга земја во Африка. Таа е една од трите земји на континентот каде католицизмот се почитува од страна на мнозинството на жители, другите две се соседите Руанда и Демократска Република Конго[4].
Историја
[уреди | уреди извор]Христијанство
[уреди | уреди извор]Најраните христијански мисионери во земјата пристигнале во 1879 година, но мисионерите биле убиени, а кралот на Бурунди, кој владеел до 1908 година, немал интерес за странската теологија[5].
Поголем број на христијански мисии започнале кон почетокот на XX век, кога земјата била под германска колонијална власт заедно со белгиската колонијална ера[6]. Католички и протестантски мисионери пристигнале во првите две децении на XX век, а во 1920 година започнало мисионерството и на Баптистите, во 1930 година - Методистите и англиканците[5]. Овие мисии биле тесно поврзани со колонијалниот проект на европските земји. По крајот на оваа ера и прогласувањето на независност на земјата, христијанството продолжило да има голема улога кај политичките водачи во земјата која со речиси 11 милиони жители е една од најгусто населените земји во Африка[6].
Верските институции во Бурунди често имаат улога преку која помагаат за надминување на социјалните поделби, граѓанскиот хаос и масовното насилство, но од друга страна и самите тие се цел на критика.[7]. Според Тимотеј Лонгман, професор и директор на Центарот за африкански студии, колонијалните власти и христијанските мисионери довеле да земјата биде воведена во нова анархија преку поделба на етничките заедници во општеството и создавање на идеолошки поделби и нееднаквост[8].
Почетното прифаќање на католицизмот во Бурунди се случило од народот Хуту, кој го сочинува и мнозинството во Бурунди, додека протестантството било прифатено од страна на народот Тутси.[9]. Резултатот од етничките разлики довело до дискриминација и конфликти и одмазднички геноцид помеѓу двата народи[10].
Градот Мушаша во провинцијата Гитега служи како седиште архиепископот[5].
Ислам
[уреди | уреди извор]Исламот пристигнал во Бурунди околу 200 години пред христијанството преку сунитските арапски трговци активни во регионот на езерото Тангањика на источниот африкански брег[5]. Сепак, исламот е религија со помал процент на застапеност во земјата. Во текот на овој период започнал и отпорот на кралот Мвези IV, кој на крај успеал да го спречи ширењето на исламот[11]. Бројот на муслимани се зголемил во периодот од 1894-1916 година под германска власт на земјата. По започнувањето на Првата светска војна, градот Буџумбура бил со мнозинство муслиманско население[11]. Ситуацијата се променила во времето на белгиското колонијално владеење во периодот од 1916 до 1962 година, кога католицизмот бил во голема мера распространет[11].
Денес муслиманското население е силно урбанизирано и населено во градовите Буџумбура, Гитега. Големо мнозинство од муслиманите се сунити, додека мал број се шиити и ибади[11]. Република Бурунди е официјално секуларна држава и неколку муслимански празници како Рамазан бајрам и Курбан бајрам се слават како државни празници заедно со христијанските празници.[3]. Во поново време, политичките органи и медиумите често ги критикуваат исламските проповедници бидејќи се сомневаат дека сакат да предизвикат дестабилизација[12].
Според проценките на Стејт Департментот од 2010 година, помеѓу 2-5% од населението се муслимани.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Africa :: BURUNDI“. CIA The World Factbook. Архивирано од изворникот на 2018-01-28. Посетено на 2017-06-29.
- ↑ 2,0 2,1 Anthony Appiah; Henry Louis Gates (2010). Encyclopedia of Africa. Oxford University Press. стр. 221. ISBN 978-0-19-533770-9.
- ↑ 3,0 3,1 U.S. Department of State
- ↑ Elias Kifon Bongmba (2015). Routledge Companion to Christianity in Africa. Routledge. стр. 365. ISBN 978-1-134-50577-7.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Toyin Falola; Daniel Jean-Jacques (2015). Africa: An Encyclopedia of Culture and Society. ABC-CLIO. стр. 121. ISBN 978-1-59884-666-9.
- ↑ 6,0 6,1 Elias Kifon Bongmba (2015). Routledge Companion to Christianity in Africa. Routledge. стр. 365–367. ISBN 978-1-134-50577-7.
- ↑ Elias Kifon Bongmba (2015). Routledge Companion to Christianity in Africa. Routledge. стр. 369–372, 550–551. ISBN 978-1-134-50577-7.
- ↑ Timothy Longman (2010). Christianity and Genocide in Rwanda. Cambridge University Press. стр. 42–46, 62–63. ISBN 978-0-521-19139-5.
- ↑ Timothy Longman (2010). Christianity and Genocide in Rwanda. Cambridge University Press. стр. 46–48. ISBN 978-0-521-19139-5.
- ↑ Timothy Longman (2010). Christianity and Genocide in Rwanda. Cambridge University Press. стр. 14–15. ISBN 978-0-521-19139-5.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 11,3 Luffin 1999.
- ↑ Heather Deegan (2002). Third Worlds: Politics in the Middle East and Africa. Routledge. стр. 198–201. ISBN 978-1-134-82764-0.
|