Приморски Алпи (департман)
Приморски Алпи Alpes-Maritimes | |||
---|---|---|---|
департман | |||
Ница и Азурниот Брег | |||
Местоположба во Франција | |||
Координати: 43°50′N 7°10′E / 43.833° СГШ; 7.167° ИГД | |||
Земја | Франција | ||
Регион | Прованса-Алпи-Азурен Брег | ||
Префектура | Ница | ||
Потпрефектура | Грас | ||
Управа | |||
• Прет. на ген. совет | Ерик Сјоти (УМП) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 4.299 км2 (1,660 ми2) | ||
Население (2006) | |||
• Вкупно | 1.082.465 | ||
• Ранг | 18. | ||
• Густина | 250/км2 (650/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Департман | 06 | ||
Окрузи | 2 | ||
Кантони | 52 | ||
Општини | 163 |
Приморски Алпи (француски: Alpes-Maritimes, окситански: Aups Maritims) — департман во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег, во крајниот југоисточен агол на Франција.
Географија
[уреди | уреди извор]Приморските Алпи се граничат со департманот Вар на југозапад, Горнопровансалските Алпи на северозапад, Италија и Монако на исток и Средоземното Море на југ.
Топографијата е мошне разновидна. Како што кажува името, во него се протега венецот Приморски Алпи, но подеднакво својствен му е и средоземниот брег. Овие крајбрежни предели се густо населени, со непрекината конурбација од Кан од Ментон. Планинските краишта се рурални, со исклучок на големите скијачки центри Валбер, Орон и Изола 2000.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Приморските Алпи се делат на два округа:
Окрузите имаат 52 кантона со вкупно 163 општини.
Најголемите градови во департманот се слениве:
- Ница (348.721)
- Антиб (76.778)
- Кан (71.790)
- Грас (51.294)
- Кањ на Море (49.551)
- Ле Кане (42.596)
- Валорис (30.839)
- Сен Лорен ди Вар (30.605)
- Ментон (29.129)
- Манделје ла Напул (20.889)
- Мужен (20.250)
- Ванс (19.659)
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на департманот за првпат се јавува како целина во 14 г. п.н.е. кога е основан римски воен округ по иницијатива на царот Октавијан Август. Кон средината на I век се претвора во провинцијата Приморски Алпи (Alpes Maritimae) со главен град во Цеменелум (денес населбата Симје во Ница), а потоа во Ембрен. При најголемиот територијален опфат во 297 г., провинцијата се протегала на север сè до Дињ и Бријансон.
Од 1793 до 1814 г. на ова подрачје опстојувал првиот департман Приморски Алпи, но со различни граници од денешните. Во 1793 г. во него спаѓале Монако (Порт Еркил) и Санремо (Сан Рем), но не и Грас, кој тогаш бил дел од департманот Вар.
Во 1812 г. департманот броел 131.266, жители и зафаќал површина од 322.674 хектари.[1]
Во 1860 г. допаѓа до проширување на Приморските Алпи со припојување на тогашната грофовија Ница кон Франција. Кон департманот се придодадени независните градови Ментон и Рокебрин, како и округот Грас, отстапен од Вар.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Стопанството на Приморските Алпи во голема мера се заснова на услужните дејности. Високо се развиени и истражувачката и вишите дејности. Земјоделството и индустријата играат мошне мала улога. Од поголемо значење се градежништвото и другите јавни дејности. Стопанството е многу чувствително на промени на состојбите во државата и на меѓународен план. Невработеноста изнесува 9,1%.
Според INSEE, во 2005 г. Приморските Алпи имале БДП по глава на жител од 27.723 евра.[2] Вкупниот БДП изнесувал 29,6 милијарди евра.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Библиографија
[уреди | уреди извор]- The Heritage of the Communes of Alpes-Maritimes in two volumes, Flohic Éditions, collective work, volume I, Cantons of Antibes to Levens, January 2000, Paris, 504 pages, ISBN 2-84234-071-X, Jean-Luc Flohic
- The Heritage of the Communes of Alpes-Maritimes in two volumes, Flohic Éditions, collective work, volume II, Cantons of Menton to Villefranche-sur-Mer, January 2000, Paris, 574 pages, ISBN 2-84234-071-X, Jean-Luc Flohic, p. 505 to 1079
- Rural Architecture of Alpes-Maritimes, Édisud, Philippe de Beauchamp, 1992, Aix-en-Provence, 140 pages, ISBN 2-85744-612-8, Photographer Loîc-Jahan
- Religious Art in Alpes-Maritimes, Édisud, Philippe de Beauchamp, 4th Quarter 1993, Aix-en-Provence, 144 pages, ISBN 2-85744-485-0, Photographer Loîc-Jahan
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Almanach Impérial an bissextil MDCCCXII — „Галика“, стр. 368, посет. 24 јули 2013 г (француски)
- ↑ 2,0 2,1 Необработени податоци за БДП при тековните цени — INSEE (француски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Приморски Алпи (департман)“ на Ризницата ? |
- Приморски Алпи на Curlie (англиски)
- Префектура на Приморските Алпи (француски)
- Генерален совет на Приморските Алпи (француски)
|