Претседател на Русија
Претседател на Руската Федерација Президент Российской Федерации | |
---|---|
Претседателски стандард | |
Седиште | Кремљ |
Назначувач | избори |
Мандат | 6 г.; огран. на 2 последователни мандата |
Прв функционер | Борис Елцин |
Создадена | 10 јули 1991 |
Место во наследниот ред | Премиер на Русија |
Мреж. место | президент.рф (руски) (англиски) eng.kremlin.ru |
Претседателот на Руската Федерација (рус. Президент Российской Федерации) е шеф на државата и врховен командант на Руската Федерација. Иако самиот устав не одредува дека претседателот е шеф на извршната власт, извршната власт де факто е поделена помеѓу претседателот и премиерот (шефот на владата). Моментален претседател на Русија е Владимир Путин во својот втор мандат (2012-).
Пред 25 декември 1991 г. шефот на владата се нарекувал Претседател на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република (руски: Президент Российской Советской Федеративной Социалистической Республики).
Услови за функцијата
[уреди | уреди извор]Според Рускиот устав, секој кандидат за претседател мора да биде руски државјанин, да има барем 35 години и постојано да живеел во Русија најмалку 10 години.
Уставот налага дека едно лице може да служи најмногу два последователни мандата, но бројот на мандати е неограничен. Должината на мандатот е шест години. Пред 2012 година беше четири години.
Резиденции
[уреди | уреди извор]Главната работна резиденција на претседателот е Сенатот во Московскиот Кремљ[1]. На располагање стои и Големиот Кремљски дворец (церемонијална резиденција) и таканаречената „XIV зграда“[1] (резервна резиденција).
Тековната станбена резиденција на претседателот е „Ново Огарјово“ (руски: Ново-Огарёво).
Вон Москва, претседателот има разни други [2].
- „Рус“ (руски: Русь), Завидово, Тверска област
- „Конгресен“ или „Константиновски дворец“ (руски: Дворец конгрессов, Константиновский дворец), Стрелна, Санкт Петербург
- „Бочаров Поток“ (руски: Боча́ров Руче́й), Сочи
- „Шујскаја Чупа“ (руски: Шу́йская Чупа́) 25 км од Петрозаводск, Карелија
- „Ужин“ (руски: Ужи́н) 20 км од Валдај, Новгородска област
- „Волшки гребен“ (руски: Во́лжский утёс) на брегот на Кујбишевското (вештачко) Езеро
- „Тантал“ (руски: Танта́л, на брегот на реката Волга, 25 км од Саратов
- „Сосни“ (руски: Со́сны = ‚борови') на брегот на реката Енисеј, близу Краснојарск
- „Ангарски чифлиг“ (руски: Анга́рские хутора́) 47 км од Иркутск
- „Мал извор“ (руски: Ма́лый исто́к) во шумите на Екатеринбург
Превоз
[уреди | уреди извор]За копнениот превоз на претседателот е задолжена Гаражата за посебни намени[3], оддел во рамките на Федералната служба за обезбедување.
За воздушниот превоз на претседателот е задолжен авиопревозникот „Росија“ (Россия)[4].
- Авиони за долги летови
- Иљјушин Ил-96-300ПУ (долги летови) – главен авион на претседателот
- Иљјушин Ил-62М (долги летови)
- Туполев Ту-154 (средни летови)
- Јаковлев Јак-40 (кратки летови)
- Хеликоптери
Претседателскиот авион ги има истите шари како редовните авиони на „Росија“, освен тоа што на опашката е истакнат грбот или претседателскиот стандард наместо знамето на Русија.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Претседателски резиденции Архивирано на 28 август 2009 г. (англиски)
- ↑ Резиденции на Владимир Путин - списание „Коммерсантъ“ бр. 18(3594) од 7 февруари 2007 (руски)
- ↑ Превоз на претседателот: Автомобили (руски)
- ↑ Превозни средства на претседателот: Воздушен превоз (руски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Претседател на Руската Федерација (англиски)
|
|