Прејди на содржината

Претседателски избори во САД (1800)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Претседателски избори во САД, 1800
САД
1796 ←
31 октомври – 3 декември 1800 → 1804

138 избирачки гласови на Избирачкиот колегиум
70 избирачки гласови гласови за победа
 
Кандидат Томас Џеферсон Џон Адамс
Партија Демократско-републиканска партија Федералистичка партија
Матична држава Вирџинија Масачусетс
Потпред. кандидат Арон Бјур Чарлс К. Пинкни
Изборнички гласови 73 65
Застапувани држави 9 7
Добиени гласови 41.330 25.952
Удел 61,4% 38,6%

Мапа на изборните резултатит. Зелената боја ги означува сојузните држави каде што победил Џеферсон, а портокаловата ги означува државите каде што победил Адамс. Сивата боја ги означува териториите каде што не се гласало. Бројките го покажуваат бројот на избирачки гласови распоредени по сојузна држава.

претседател пред изборите

Џон Адамс
Федералистичка партија

Избран за претседател

Томас Џеферсон
Демократско-републиканска партија

Претседателски избори во САД, 1800 — четврти претседателски избори во САД. Започнале на 31 октомври и траеле до 3 декември 1800. Понекогаш се нарекуваат и „Револуцијата во 1800“.[1][2] Дотогашниот потпретседател Томас Џеферсон го победил дотогашниот претседател Џон Адамс.

Овие избори биле почеток на падот на Федералистичката партија, додека пак од друга страна започнал нов период на владеење на Демократско-републиканската партија. Ова било долго и горчливо повторување на изборите во 1796 помеѓу про-француските и про-децентралистичките демократски републиканци на чело со Џеферсон и Арон Бјур против про-британските и про-централистичките федералисти на чело со Адамс и Чарлс Пинкни. Главните политички прашања и ставови гравитирале околу последиците од француската револуција, како и спротивставување на данокот наметнат од страна на американскиот Конгрес со цел финансирање на мобилизација на новата армија и морнарица во квазивојна против Франција во 1798.

Додека демократските републиканци биле добро организирани на локално како и на ниво на сојузна држава, федералистите биле неорганизирани и претрпеле големи поделби помеѓу нивните водачи, претседателот Адамс и Александар Хамилтон. Трката со цел освојување на избирнички гласови како и кампањите на оцрнување од страна на двете партии ги направиле овие избори да бидат слични на современите.

Овие избори изложиле еден од недостатоците на првичниот Устав на САД. Членовите на избирачкиот колегиум имале овластување според првичниот устав да гласаат за две имиња на личности кандидати за претседател.

Двогласното избирачко ливче било создадено со цел да се зголеми можноста дека еден од кандидатите би добил гласови од мнозинството на избирачи на национално ниво, уставотворците не го предвиделе растот на организираните политички партии, што многу полесно би го направило добивањето на мнозинство на национално ниво.

Кандидатот кој добил најголем број на избирачки гласови станувал претседател, додека кандидатот со втор најголем број бил избран за потпретседател. Демократските републиканци планирале еден од избирачите да не го даде својот втор глас за Арон Бјур, со тоа што Џеферсон би добил еден избирачки глас повеќе од Бјур, притоа Џеферсон би бил избран за претседател, а Бјур за потпретседател. Сепак, овој план не бил соодветно извршен. Секој избирач кој гласал за Џеферсон исто така гласал и за Бјур, резултирајќи со изедначен број на избирачки гласови. Резултатот потоа бил ставен во рацете на Претставничкиот дом, кој по 35. гласови во кои Џеферсон и Бјур не успеале да добијат мнозинство, го избрале Џеферсон на 36. гласачко ливче.

Со цел исправање на недостатокот во првичниот воспоставен избирачки механизам во уставот, XII амандман, ратификуван во 1804 бил додаден во уставот на САД. Тој ги обврзувал избирачите да направат свој дискретен избор помеѓу нивното гласање за претседател и потпретседател.

Кандидати

[уреди | уреди извор]

Демократско-републиканска партија

Федералистичка партија

Резултати

[уреди | уреди извор]
Резултати по округ кои го покажуваат процентот на победничкиот кандидат во секој округ. Нијансите на сина боја се окрузите каде што победил Џеферсон (Д-Р), а нијансите на жолта боја се окрузите каде што победил Адамс (Ф).
Кандидат Партија Сојузна држ. Број на гласови Избирачки гласови
Број Процент
Томас Џеферсон Демократско-републиканска партија Вирџинија 41.330 61,4 % 73
Арон Бјур Демократско-републиканска партија Њујорк 73
Џон Адамс Федералистичка партија Масачусетс 25.592 38,6 % 65
Чарлс Пинкни Федералистичка партија Јужна Каролина 64
Џон Џеј Федералистичка партија Њујорк 1
Вкупно 67.782 100 % 276
Потребни избирачки гласови 70

Извор[3]

  1. „Thomas Jefferson: The Revolution of 1800“. PBS. Посетено на April 23, 2012.
  2. „A Revolution of 1800 After All: The Political Culture of the Earlier Early Republic and the Origins of American Democracy“. Jeffrey L. Pasley University of Missouri-Columbia. Посетено на April 23, 2012.
  3. http://www.ourcampaigns.com/RaceDetail.html?RaceID=59539 и http://www.archives.gov/federal-register/electoral-college/scores.html#1800