Прејди на содржината

Ослободителна војна на Бангладеш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ослободителна војна на Бангладеш
মুক্তিযুদ্ধ
Дел од Индиско-пакистанските војни и Студената војна

Во насока на стрелките на часовникот од горе лево: Споменик на интелектуалците-маченици; Хаубица на силите на Бангладеш ; Генерал-полковник Амир Нијази го потпишува пакистанскиот инструмент за предавање на индиските и бангладешките сили во присуство на генерал-полковник Јаџит Синг;[1] Брод ПНС Гази.
Датум 26 март – 16 декември 1971
(8 месеци, 2 недели и 6 денови)
Место Претежно:
Источен Пакистан (денешен Бангладеш)

Прелевање:
Источен фронт:

  • Граница меѓу Индија и Источен Пакистан
  • Индиски енклави во Источен Пакистан
  • Делови од Источна и Североисточна Индија

Западен фронт:

  • Граница меѓу Индија и Западен Пакистан
    • Контролна линија (Кашмир)
    • Нулта точка (железничка станица)

Индиски Океан:

Исход
  • Победа на Индија и Бангладеш[2][3][4]
  • Предавање на пакистанските сили
Територијални
промени
Источен Пакистан се отцепил од Пакистан како Народна Република Бангладеш
Завојувани страни
Привремена влада на Бангладеш

 Индија


Supported by: СССР СССР

Пакистан
(Влада на Западен Пакистан)

(хрватски) Паравоени единици и милиции:

  • Џемаат-е-Ислами
  • Комитетот Нагорик Шанти
  • Разкари
  • Ал-Бадр
  • Ал-Шамс

Supported by:  САД

Сила
175,000[5][6]
250,000[5]
~91,000 редовни војници[б 1]
280,000 паравојска[б 1]
~25,000 militiamen[8]
Жртви и загуби
~30,000 убиени[9][10]
1,426–1,525 убиени[11]
3,611–4,061 wounded[11]
~8,000 убиени
~10,000 ранети
90,000—93,000 заробени[12]
Цивилни жртви:[10] Проценките варираат од 300,000 до 3,000,000.

Ослободителна војна на Бангладеш (бенгалски: মুক্তিযুদ্ধ, познатa и како Војна за независност на Бангладеш) — вооружен конфликт помеѓу вооружените сили и другите безбедносни сили на Пакистан од една страна и вооружените сили на бенгалските сепаратисти и вооружените сили на Индија од друга страна. Војната завршила со независност на Источен Пакистан - денешен Бангладеш.

Конфликтот бил предизвикан од подемот на бенгалското националистичко чувство и движењето за самоопределување во Источен Пакистан. Војната започнала кога пакистанската воена хунта со седиште во Западен Пакистан - ноќта на 25 март 1971 година по наредба на Јахја Кан - против народот во Источен Пакистан ја започнала операцијата Рефлектор, и го иницирала геноцидот во Бангладеш. Цел на операцијата било масовно уништување на бенгалски националисти, студенти, интелектуалци, верски малцинства и вооружени лица.

Како одговор на насилството, членовите на Мукти Бахини - герилско движење на отпорот чии членови биле бенгалски војници, паравојска и цивили - започнале масовна герилска војна против пакистанската војска, и во првите месеци од конфликтот ослободиле многу градови и паланки. На почетокот, за време на монсуните пакистанската војска го вратила ударот, но бенгалските герилци извршиле контранапад преку вршење саботажа, како и преку операцијата Џекпот против пакистанската морнарица, кога новоформираните воздушни сили на Бангладеш ги бомбардирале пакистанските воени бази.[13] На 3 декември 1971 година, во војната се приклучила Индија, по што Пакистан започнал превентивни воздушни напади врз северна Индија. Индиско-пакистанска војна која следела потоа се одвивала на два фронта; по воздушната надмоќ постигната на источното боиште и брзиот напредок на сојузничките сили на Мукти Бахини и индиската војска, Пакистан се предал во Дака на 16 декември 1971 година. Предавањето на Пакистан е најбројно предавање на вооружени сили по Втората светска војна.[14]

Во руралните и урбаните области во Источен Пакистан имало обемни воени операции и бројни воздушни напади за да се потисне бранот на граѓанска непослушност откако Владата на Пакистан ги поништил резултатите од изборите во 1970 година и го уапсила шеикот Муџибур Рахман, мандатар за составување влада. Пакистанската армија, со поддршка од исламистите, создала радикални верски милиции - Разакари, Ал-Бадр и Ал-Шамс - за да ѝ помогнат за време на нападите врз месното население.[15][16][17][18][19] Припадниците на пакистанската војска и милициите кои ги придружувале биле вклучени во масовни убиства, депортација и силување, и спроведувале систематска кампања за уништување на националистичките бенгалски цивили, студенти, интелигенција, верски малцинства и вооружен персонал. Во главниот град, Дака имало бројни масакри, меѓу кои е и масакрот на Универзитетот во Дака. Меѓу Бенгалците и Бихарите кои зборуваат урду избувнало секташко насилство. Се проценува дека 10 милиони бенгалски бегалци избегале во соседна Индија, а 30 милиони биле внатрешно раселени.[20]

Со појавата на Бангладеш како седма земја во светот по бројот на население, оваа војна ја променила геополитичката карта на Јужна Азија. Поради сложените регионални сојузи, војната била главна епизода во тензиите во Студената војна во кои биле вклучени САД, Советскиот Сојуз и Народна Република Кина. Мнозинството земји-членки во Обединетите нации го признале Бангладеш како суверена нација во 1972 година.

Карта на Британскиот Раџ во 1909 година на која се прикажани областите со мнозинско муслиманско население (зелено), вклучувајќи го и денешен Бангладеш на исток и Пакистан на запад.

Во август 1947 година, Британска Индија била поделена на две држави, Пакистан и Индија,[21] кои по заминувањето на Британците требало да бидат држави за муслиманите и хиндусите соодветно. Пакистан се состоел од два географски и културно одвоени региони на исток и запад, а Индија била меѓу нив.[22]

Главниот град на земјата, Карачи, се наоѓал во западниот дел на земјата, од каде што потекнувале повеќето претставници на пакистанската политичка елита. Западен Пакистан отсекогаш доминирал во Источен Пакистан, економски и политички, иако имал помалубројно население[23] (според пописот од 1972 година, во Пакистан живееле 64,9 милиони луѓе; според пописот од 1974 година, во Бангладеш живееле 71,3 милиони луѓе). Многу помалку пари се вложувале за развој на источните територии.

Почеток на војната

[уреди | уреди извор]

На 25 март 1971 година, откако на изборите победила источнопакистанската политичка партија (Авами лигата) владејачкиот (западнопакистански) естаблишмент ги поништила изборите. Ова предизвикало зголемено политичко незадоволство и културен национализам во Источен Пакистан на кои владејачката елита на власта во Западен Пакистан одговорил со брутална [24] и супресивна сила (Операција Рефлектор).[25] Насилното задушување на немирите од страна на пакистанската армија[26] на 26 март 1971 година го поттикнало водачот на Авами Лигата, Шеикот Муџибур Рахман да прогласи независност на Источен Пакистан како држава Бангладеш.[27] Повеќето Бенгалци го поддржале овој потег иако исламистите и Бихарите се спротивставиле и застанале на страната на пакистанската армија.[25]

Пакистанскиот претседател Ага Мухамед Јахја Кан ѝ наредил на пакистанската војска да го врати авторитетот на пакистанската влада врз Бангладеш, по што започнала граѓанската војна.[27] Војната предизвикала бегалски бран (во тоа време се проценувале на околу 10 милиони) [28][29] во источните покраини на Индија.[30] Соочени со хуманитарна и економска криза, Индија започнала активно да ја помага и да ја организира армијата на отпорот на Бангладеш, позната како Мукти Бахини.

Злосторства на пакистанската армија

[уреди | уреди извор]
Местоположбата на бенгалските и пакистанските воени единици за време на операцијата Рефлектор, март 1971 година

Главната фаза од операцијата „Рефлектор“ завршила со падот на последниот голем град кој бил во Бенгалски раце кон средината на мај. Западната пакистанска армија започнала брутална акција против населението во Бангладеш; според тековните проценки, до крајот на 1971 година биле убиени од 200 илјади до 3 милиони жители на земјата.[31] Војниците силувале најмалку 200.000 Бенгалски жени. Екстремно десничарските исламистички групи, дејствувајќи заедно со западнопакистанската армија, извршила масовна чистка на левичарската интелигенција која се залагала за независност на Бангладеш. Злосторствата се наведени како акти на геноцид .[32]

За време на напад на Универзитетот во Дака, десетици наставници биле убиени, а стотици студенти исчезнале, а два дена пред ослободувањето на Бангладеш, на 14 декември 1971 година, 200 истакнати бенгалски интелектуалци биле киднапирани од нивните домови и погубени. Авами лигата била забранета, а Муџибур Рахман бил уапсен.

Интервенција на Индија

[уреди | уреди извор]
Илустрација која ги прикажува воените единици и нивните движења за време на војната

Индиската премиерка Индира Ганди заклучила дека наместо да прими милиони бегалци, на Индија ќе ѝ биде економски поисплатливо да војува против Пакистан. Уште на 28 април 1971 година, индискиот кабинет побарал од генералот Манекшо (претседател на Комитетот на началниците на Генералштабот) да „оди во Источен Пакистан“.[33] Непријателските односи од минатото меѓу Индија и Пакистан придонеле во одлуката на Индија да интервенира во граѓанската војна во Пакистан.[34]

На 3 декември 1971 година, Пакистанските воздухопловни сили започнале превентивен напад врз базите на индиските воздухопловни сили. Индија го сметала нападот како отворен чин на неиспровоцирана агресија, и го означил официјалниот почеток на Индиско-пакистанската војна. Како одговор на нападот, и Индија и Пакистан официјално признале „постоење на воена состојба меѓу двете земји“, но ниту една влада формално не објавила војна.[35]

Три индиски корпуси биле вклучени во ослободувањето на Источен Пакистан. Тие биле поддржани од речиси три бригади на Мукти Бахини кои се бореле заедно со нив, и многу други кои се бореле нередовно. Тие биле далеку посупериорни од пакистанската армија од три дивизии.[36] Индијците брзо ја прегазиле земјата, селективно напаѓајќи или заобиколувајќи ги силно бранетите упоришта. Пакистанските сили не можеле ефикасно да се спротивстават на индискиот напад, затоа што биле распоредени во мали единици околу границата за да се спротивстават на герилските напади од страна на Мукти Бахини.[37] Не можејќи да ја одбранат Дака, Пакистанците се предале на 16 декември 1971 година.

Предавање и последици

[уреди | уреди извор]
Пакистанскиот инструмент за предавање
Потпишување на пакистанскиот инструмент за предавање од пакистанскиот генерал-полковник. ААК Нијази и Јагит Синг Аурора во име на индиските и бангладешките сили во Дака на 16 декември 1971 година

На 16 декември 1971 година, сојузничките сили на индиската армија и Мукти Бахини извојувале конечна победа над армијата на Западен Пакистан. Не гледајќи смисла за понатамошен отпор, командантот на пакистанските трупи во Бангладеш, генерал Амир Нијази, го потпишал чинот на предавање на неговите трупи. Се предале 93 илјади пакистански војници, што во тоа време било најголемо предавање по Втората светска војна.[38]

Народна Република Бангладеш станала независна држава со социјалистичка ориентација, одржувајќи блиски врски со Индија и СССР. Бангладеш побарал прием во ОН и многу членки гласале во негова корист. Кина ставила вето на ова бидејќи Пакистан бил нејзин клучен сојузник.[39] Хималајското кралство Бутан станала првата држава во светот што официјално ја признала независноста на Бангладеш на 6 декември 1971 година. Соединетите Американски Држави, исто така клучен сојузник на Пакистан, биле една од последните држави кои го признале Бангладеш.[40] За да се обезбеди непречена транзиција, во 1972 година меѓу Индија и Пакистан бил потпишан Договорот од Симла. Договорот предвидувал Пакистан да ја признае независноста на Бангладеш во замена за ослободување на пакистанските воени затвореници.[41]

  1. „Instrument of Surrender of Pakistan forces in Dacca“. mea.gov.in. The Pakistan Eastern Command agree to surrender all Pakistan Armed Forces in Bangladesh to Lieutenant General Jagjit Singh Aurora, General Officer Commanding-in –chief of the Indian and Bangladesh forces in the eastern theatre.
  2. Rizwana Shamshad (3 October 2017). Bangladeshi Migrants in India: Foreigners, Refugees, or Infiltrators?. OUP India. стр. 119–. ISBN 978-0-19-909159-1.
  3. Jing Lu (30 October 2018). On State Secession from International Law Perspectives. Springer. стр. 211–. ISBN 978-3-319-97448-4.
  4. J.L. Kaul; Anupam Jha (8 January 2018). Shifting Horizons of Public International Law: A South Asian Perspective. Springer. стр. 241–. ISBN 978-81-322-3724-2.
  5. 5,0 5,1 5,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име ACIG.
  6. Pakistan & the Karakoram Highway By Owen Bennett-Jones, Lindsay Brown, John Mock, Sarina Singh, Pg 30
  7. Cloughley, Brian (2016) [First published 1999]. A History of the Pakistan Army: Wars and Insurrections (4. изд.). Simon and Schuster. стр. 149, 222. ISBN 978-1-63144-039-7.
  8. p. 442 Indian Army after Independence by KC Pravel: Lancer 1987 ISBN 81-7062-014-7
  9. Thiranagama, Sharika; Kelly, Tobias, уред. (2012). Traitors : suspicion, intimacy, and the ethics of state-building. Philadelphia, Pa.: University of Pennsylvania Press. ISBN 978-0812222371.
  10. 10,0 10,1 „Bangladesh Islamist leader Ghulam Azam charged“. BBC. 13 May 2012. Посетено на 13 May 2012.
  11. 11,0 11,1 Figures from The Fall of Dacca by Jagjit Singh Aurora in The Illustrated Weekly of India dated 23 December 1973 quoted in Indian Army after Independence by KC Pravel: Lancer 1987 ISBN 81-7062-014-7
  12. Khan, Shahnawaz (19 January 2005). „54 Indian PoWs of 1971 war still in Pakistan“. Daily Times. Lahore. Архивирано од изворникот на 19 September 2015. Посетено на 11 October 2011.
  13. Jamal, Ahmed (5–17 October 2008). „Mukti Bahini and the liberation war of Bangladesh: A review of conflicting views“ (PDF). Asian Affairs. 30. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 January 2015. Посетено на 29 April 2015.
  14. Srinivasaraju, Sugata (2021-12-21). „The Bangladeshi liberation has lessons for India today“. The Times of India. Архивирано од изворникот на 22 December 2021. Посетено на 2021-12-29.
  15. Schneider, B.; Post, J.; Kindt, M. (2009). The World's Most Threatening Terrorist Networks and Criminal Gangs (англиски). Springer. стр. 57. ISBN 9780230623293.
  16. Kalia, Ravi (2012). Pakistan: From the Rhetoric of Democracy to the Rise of Militancy (англиски). Routledge. стр. 168. ISBN 9781136516412.
  17. Pg 600.
  18. Pg. 240 Tomsen, Peter (2011).
  19. Roy, Dr Kaushik; Gates, Professor Scott (2014). Unconventional Warfare in South Asia: Shadow Warriors and Counterinsurgency (англиски). Ashgate Publishing, Ltd. ISBN 9781472405791.
  20. Totten, Samuel; Bartrop, Paul Robert (2008). Dictionary of Genocide: A-L (англиски). ABC-CLIO. стр. 34. ISBN 9780313346422.
  21. „Britain Proposes Indian Partition“. The Leader-Post. 2 June 1947. Посетено на 11 June 2017.
  22. „India Partition with Present Many Problems“. Sarasota Herald-Tribune. 8 June 1947. Посетено на 11 June 2017.
  23. [bse.sci-lib.com/article080129.html БСЭ 54,2 % населения в Восточного Пакистана]
  24. „Gendercide Watch: Genocide in Bangladesh, 1971“. gendercide.org. Архивирано од изворникот на 21 July 2012. Посетено на 11 June 2017.
  25. 25,0 25,1 Bose 2005
  26. Bass, Gary J. (29 September 2013). „Nixon and Kissinger's Forgotten Shame“. The New York Times. ISSN 0362-4331. Посетено на 11 June 2017.
  27. 27,0 27,1 „Civil War Rocks East Pakistan“. Daytona Beach Morning Journal. 27 March 1971. Посетено на 11 June 2017.
  28. „World Refugee Day: Five human influxes that have shaped India“. The Indian Express. 20 June 2016. Посетено на 11 June 2017.
  29. Празен навод (help)
  30. Crisis in South Asia – A report by Senator Edward Kennedy to the Subcommittee investigating the Problem of Refugees and Their Settlement, Submitted to U.S. Senate Judiciary Committee, 1 November 1971, U.S. Govt.
  31. „Twentieth Century Atlas – Death Tolls“. necrometrics.com. Посетено на 11 June 2017.
  32. Zunaid Kazi. „History : The Bangali Genocide, 1971“. Virtual Bangladesh. Архивирано од изворникот на 23 July 2011. Посетено на 23 June 2011.
  33. „1971: Making Bangladesh a reality – I“. Indian Defence Review. Посетено на 21 June 2015.
  34. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име MSN Encarta.
  35. Празен навод (help)
  36. Празен навод (help)
  37. Indian Army after Independence by Maj KC Praval 1993 Lancer, p. 317 ISBN 1-897829-45-0
  38. „The 1971 war“. BBC News. Посетено на 11 October 2011.
  39. „Situation in the Indian Subcontinent“. mofa.go.jp.
  40. Guess who's coming to dinner Архивирано на {{{2}}}. Naeem Bangali
  41. „Bangladesh: Unfinished Justice for the crimes of 1971 – South Asia Citizens Web“. Sacw.net. Архивирано од изворникот на 22 July 2011. Посетено на 23 June 2011.

Дополнителна литература

[уреди | уреди извор]
  • Ayoob, Mohammed и Subrahmanyam, K., The Liberation War, S. Chand and Co. pvt Ltd. Њу Делхи, 1972 година.
  • Бас, Гери Џ . Телеграма за крв: Никсон, Кисинџер и заборавен геноцид. Гроздобер, 2014 година.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.