Окапи
Окапи | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Mammalia |
Ред: | Парнокопитни |
Семејство: | Жирафи |
Потсемејство: | Окапија |
Род: | Окапи Lankester, 1901 |
Вид: | O. johnstoni |
Научен назив | |
Okapia johnstoni (P.L. Sclater, 1901) | |
Ареал на распространување: темносина - денешна, светлосина - некогашна распространетост на окапито |
Окапи (Okapia johnstoni) е цицач кој припаѓа на семејството Giraffidae. Ги населува прашумите во северниот дел на Демократска Република Конго. Познат е по своите црно-бели ишарани нозе, како и по тоа што е најблизок роднина на жирафата.
Пред 1900 година, окапито не било познато на западниот свет и научниците. Официјално како вид е признато во 1901 година.
Изглед
[уреди | уреди извор]Окапи има темни влакна на грбот, со бели пруги кои се простираат долж предните и задните нозе. Овој склоп на бои се верува дека им помага на младенчињата во препознавањето на мајката во густите прашуми, а служи и како камуфлажа.
До своите рамења се високи од 1,5 до 2 метри, а долги од 1,9 до 2,5 метри. Должината на опашката изнесува 30 до 42 сантиметри. Тежината се движи од 200 до 250 килограми.
Историја
[уреди | уреди извор]Окапито било познато животно на старите Египќани. Пронајдени се древни изрезбани слики во Египет на кои е претставен лик на окапи.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|