Нова година
Нова година — денот што го одбележува почетокот на новата календарска година. Римската нова година е на 1 март, а овој ден се прославува на различни начини во многу култури.[1] Новата година според грегоријанскиот календар, кој денес е најкористен низ целиот свет, паѓа на 1 јануари, но постојат разлики во разни култури според календарите што се употребуваат за пресметување на почетокот од новата година.
Традиционален белег на Новата година е новогодишната елка која се поставува во главната соба и околу која се празнува овој ден.
Грегоријански календар
[уреди | уреди извор]Во земјите кои го користат грегоријанскиот календар, првиот ден од новата година паѓа на 1 јануари. Овој датум како прв ден од новата година е проширен низ целиот свет, дури и во земјите кои слават друг ден како почеток на новата година (на пример Кина и Индија). Прославата на новата година се случува вечерта наспроти 1 јануари, односно на 31 декември, и се смета за најголем настан проследен со големи огномети.
Во Сиднеј на полноќ се користат околу 80.000 огномети, и има повеќе од милион и пол посетители, а во 2009 година овој настан беше најгледан преку телевизија. Во Лондон покрај впечатливиот огномет, новата година ја најавува и удирањето на часовникот Биг Бен, кој означува полноќ. Во Њујорк, прославата се одвива на плоштадот Тајмс Сквер. Во Единбург прославите траат четири дена, додека во Скопје, веќе традиционално новата година се дочекува на плоштадот во центарот на градот.
Други прослави на Нова година
[уреди | уреди извор]Следува список на прославувањето на Нова година на други датуми.
- Источната Православна Црква сè уште го користи јулијанскиот календар, па оттаму и прославата на таканаречената Стара нова година на 14 јануари, кој е всушност 1 јануари според јулијанскиот календар. Новата година на 1 јануари се прославува во овие земји како државен празник, а Стара Нова година како народен или религиозен празник. Овој датум се празнува сè уште во Република Македонија, Србија, Грузија, Ерусалим и Русија.
- Кинеската Нова година, позната е и како месечева (месечева) Нова година, секоја година е на различен датум, а паѓа на првата Млада Месечина од првиот месечев месец, или околу четири до осум недели пред пролетта. Датумот е секогаш меѓу 21 јануари и 21 февруари според грегоријанскиот календар. Традиционално оваа прослава е одбележана со прослава на едно од дванаесетте животни кои се основа на кинеската астрологија. Оваа прослава е една од најважните во Кина.
- Виетнамската Нова година (Tết Nguyên Đán) најчесто е во ист ден со кинеската Нова година.
- тибетската Нова година (Losar) паѓа од јануари до март.
- Nava (нова) Varsha (година) се слави во различни делови од Индија во март и април.
Нова година како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Новата година како мотив во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Последната Нова година“ — новела на италијанскиот писател Николо Аманити од 1996 година.[2]
- „Новогодишни подароци“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[3]
- „Новата година е за сите“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[4]
- „За Нова година“ - песна на рускиот поет Иван Жданов.[5]
- „Среќна нова ’41“ (српски: Sretna nova ’41) — расказ на српскиот писател Вуле Журиќ од 2014 година.[6]
- „Среќна нова 2014“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.[7]
- „Среќна Нова година!“ - расказ на израелскиот писател Ефраим Кишон од 1977 година.[8]
- „Нова година 1992“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[9]
- „Силвестерски ноктурно 1917 година“ (хрватски: Silvestarski nokturno godine hiljadu devetstotina i sedamnaeste) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.[10]
- „Нова година“ - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[11]
- „Новогодишна згода“ — расказ за деца на македонската писателка Оливера Николова.[12]
- „Ден за желби“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.[13]
- „Или јас“ — кус расказ на македонскиот писател Гето Руди од 2017 година.[14]
- „Новогодишна авантура“ - расказ на германскиот писател Е. Т. А. Хофман.[15]
- „Новата 1991 година“ - песна на македонскиот поет Наум Целакоски од 1963 година.[16]
Новата година како мотив во популарната музика
[уреди | уреди извор]- „Новогодишна ноќ“ (англиски: New Years Eve) — песна на американската хардкор-панк група Adrenalin O.D..[17]
- „Нова година“ (англиски: New Year) — песна на американската рок група Бридерс (The Breeders) од 1993 година.[18]
- „Нова година“ (англиски: New Year's Day) — песна на ирската рок-група У2 (U2) од 1983 година.[19]
- „Нова година“ (англиски: New Year's Day) — песна на англиската рок-група Mega City Four од 1989 година.[20]
- „Нови години“ (српски: Nove godine) — песна на југословенската поп-рок група У шкрипцу од 1983 година.[21]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Anthony Aveni, "Happy New Year! But Why Now?" in The Book of the Year: A Brief History of Our Seasonal Holidays (Oxford: Oxford University Press, 2003), 11-28.
- ↑ Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 13.
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 90.
- ↑ Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 98-99.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 203-205.
- ↑ Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015. стр. 185-207.
- ↑ Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.
- ↑ Ephraim Kishon, Kod kuće je najgore – Obiteljske priče, drugo izdanje. Zagreb: Znanje, 1984, стр. 9-14.
- ↑ Блаже Конески, Црн овен. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 9.
- ↑ Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 46-47.
- ↑ Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 75.
- ↑ „Оливера Николова, Зоки Поки. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 58-61.
- ↑ Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 16.
- ↑ Гето Руди, Можеше да биде реми. Скопје: Темплум, 2017, стр. 52.
- ↑ Е. Т. А. Хофман, Фантастични раскази. Скопје: Македонска книга 2002, 2002, стр. 45-76.
- ↑ Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 13.
- ↑ Discogs, Adrenalin O.D. – The Wacky Hi-Jinks Of Adrenalin O.D. (пристапено на 6.11.2022)
- ↑ Discogs, The Breeders – Last Splash (пристапено на 24.8.2020)
- ↑ DISCOGS, U2 – War (пристапено на 20.5.2021)
- ↑ DISCOGS, Mega City Four – Tranzophobia (пристапено на 12.9.2020)
- ↑ YouTube, U Skripcu - Nove godine - ( Audio ) (пристапено на 13.3.2018)
|