Неџми Мехмети
Неџми Мехмети (албански: Nexhmi Mehmeti, Дебар, 1945 - Скопје, 4 јули 2005) бил македонски писател и новинар, еден од доајените на новинарството на албански јазик во Македонија[1].
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е како Неџми Абдулаи[2] во Дебар во 1945 година. Основно и средно образование завршил во Дебар. Кратко време работел како учител, а потоа 30 години како новинар во Радио Дебар, каде од 2002 бил и директор на истото. Бил дописник на македонските весници на албански јазик „Флака“ и на „Рилиндја“ од Приштина. Пишувал поезија за возрасни. Добитник е на значајни награди на фестивалот на „Денови на Македонското радио“. Има објавено повеќе збирки-поезија. Тој е еден од основачите на дебарскиот литературен клуб каде бил и негов потпретседател. Учествувал е на повеќе поетски манифестации, меѓу кои и на Струшките вечери на поезијата. Починал во Скопје на 4 јули 2005 година[2].
Библиографија
[уреди | уреди извор]- „Да ти кажам еден збор“.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонска енциклопедија. 2 (прво. изд.). Скопје: МАНУ. стр. 943. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста
|isbn=
: checksum (help). - ↑ 2,0 2,1 „Последен збор . . . Неџми Абдулаи 1945- 2005, новинар“. Утрински Весник. Посетено на 2009-12-14.[мртва врска]