Мајк Олдфилд
Мајк Олдфилд | |
---|---|
Мајк Олдфилд на „Ноќ на матурските часови на Нокиа“(декември 2006) | |
Основни податоци | |
Родено име | Michael Gordon Oldfield |
Роден(а) | 15 мај 1953 Рединг, Беркшир, Англија |
Потекло | Редингg, Беркшир, [Англија]] |
Жанр(ови) | Амбиент Експериментална (1990-1991) Минималистичка Њу Ејџ Прогресивен рок Рокенрол Транс (2005) Свет |
Години на активност | 1967 до денес |
Продукциска куќа/ќи | Виргин Рецордс (1973-1991)<бр />Варнер Мусиц Гроуп (1992-2003)<бр />Мерцури Рецордс (2004-данас) |
Мрежно место | http://www.mikeoldfield.com/ |
Мајк Олдфилд (Мајкл Гордон Олдфилд, Michael Gordon Oldfield) е надалеку познат по неговиот потресувачки албум, Тубулар Белс (Tubular Bells. Цевасти ѕвона, Еолски ѕвона), од 1973 г. успешен албум кој исто така финансиски ја обезбеди музичката издавачка куќа Вирџин (Virgin) на Ричард Бренсон. Неговата музичка кариера се протега во повеќе од 3 декади, опфаќајќи широк распон на стилови, со различен успех. Според Гибралтар Енциклопедијата на Прогресивниот Рок (Gibraltar Encyclopedia of Progressive Rock) неговиот стил е наречен Олдфилд Прогресив (Oldfield Progressive).[1]
Пред да ја започне својата соло кариера, Мајк формира бенд со својата сестра Сали Олдфилд, наречен The Sallyangie а подоцна свири бас со Kevin Ayers and the Whole World, покрај Кевин Ајерс, Дејвид Бедфорд и саксофонистот Лол Коксхил. Во тоа време Ајерс му позајмува на Олдфилд повеќеканален снимач на касети, и со помош на него Олдфилд ги зачувува идеите кои подоцна ќе израснат во Тубуларни Ѕвона, албум кој некогаш имал назив Breakfast in Bed (Појадок во Кревет).
Тубуларни Ѕвона се смета за првиот рок албум кој вклучува елементи од класични композиции, особено употребата на повторување со субтилни варијации на темата, како на минималистичките композитори како Филип Глас, Стив Рајх и ЛаМонте Јанг, и покрај тоа што овие влијанија се филтрирани низ рок сензибилитетот. Олдфилд исто така тврди дека е инспириран од набљудувањето на Кевин Ајерс, дека нема ништо лошо во повторувањето ако има нешто вредно за повторување.
Олдфилд има проблеми при наоѓањето на издавачка куќа за својата музика. Рано го сретнува Ричард Бренсон кој е во раните фази на подигањето на Вирџин Рекордс, но по многу одбивања, Бренсон се согласува да го дистрибуира албумот како прв албум на Вирџин, и му дозволува на Олдфилд да го заврши албумот во неговото студио, Manor Recording studio. Олдфилд потпишува договор за 10 албуми, договор кој ќе има влијание во неговата подоцнежна кариера. Успешноста на албумот стартува кога Џон Пил го пушта целосниот албум во неговата радио емисија, а дел од музиката е вклучена во филмот The Exorcist.[2]
Олдфилдовите следни неколку албуми го следат теркот на Тубуларните Ѕвона. Hergest Ridge е потекстурирано дело, но со сѐ уште присутни контрасни делови. Всушност, ова дело е дело бр. 1 во В. Британија во 1974 пред неговиот претходник, но на долгата патека не беше прифатено ниту слично толку добро како Тубуларните Ѕвона. Оркестарска верзија од Тубуларни Ѕвона беше оркестрирана од Дејвид Бедфорд и издадена.
Ommadawn е издаден во 1975, и се смета од многу обожаватели на Олдфилд за негов најдобар албум. Во него вклучува Целтички и Африкански музички влијанија, асистиран од членот на The Chieftain, Педи Молонеј, и од протераната Африканска ритмичка група, Јабула.
По издавањето на овој албум, Олдфилд ги дава сите три албуми на ремиксување во квадрофонски формат, со Herdgest Ridge кој е особено сменет на овој начин и е издаден во кутија, заедно со уште едно долгометражно издание наречено Collaborations (Соработки) кое сочинува песни кои Олдфилд ги има снимено заедно со Дејвид Бедфорд, Лесли Пенинг како снимач и Крис Катлер како тапанар. Во изборот се наоѓаат и Portsmouth и In Dulci Jubilo..[3]
Мајк Олдфилд зема пауза од снимањето музика и оди на Ексеџезис (Exеgesis) терапијата. Пред овој стадиум Олдфилд е многу повлечен и има само еднаш настапувано пред публика, со Тубуларни Ѕвона, а го има изведено првиот дел од истата композиција за емисијата „Секонд Хаус (Second House)“ на БиБиСи (BBC). По оваа контроверзна терапија неговиот карактер се менува, добивајќи самодоверба, па некогаш дури и до точката на ароганција.
Во 1978 тој го снима најамбициозниот албум до сега, Incantations (Рецитали), кој носи силни минималистички влијанија, и ја вклучува Меди Прајор како вокал,Џабула тапанарите и цел жичен оркестар. Со ова ја проследува неговата прва тура низ Европа, комплетирана со 50 член бенд. Самата тура е во загуба, но албумот кој ја документира турата, Exposed (Откриен) е доволно успешен да ги надополни загубите.
До овој момент, неговиот „стил“ сè повеќе се оддалечува од популарната музика во тој период. Но тој го менува својот пристап со тоа што почнува да пишува музика која е повеќе „поп“ по природа, и исто така, музика која е прикладна за мал бенд. По Exposed турата тој интензивно продолжува да оди на турнеи, префинувајќи го својот настап и реформирајќи го бендот до 6 члена (во времето кога го промовира QE2 ). Во овој период тој го модифицира својот договор за да му се овозможат повеќе права од успехот на неговата музика, што го продолжува договорот на 13 место 10 албуми..[4]
Во 1979 го издава албумот Platinum (издаден со различен список на песни како Airborne (Во лет)), првиот албум снимен во САД и содржеше аранжмани од North Star (Северна Ѕвезда) на Филип Глес, покрај неговата вообичаена странична инструменталка, и I got rhythm (Добив ритам) од Џорџ Гершвин, испеана од Венди Робертс. Првите изданија на албумот ја содржат песната Sally која потоа е извадена на барање на Ричард Бренсон и е заменета со Into Wonderland (Во земјата на чудата) испеана од Венди Робертс. Во некои понатамошни компакт-дискови, таа сѐ уште го држи името Sally.
QE2 (Queen Elizabeth II, Кралицата Елизабета 2), наречен по бродот а не по името на кралицата во тоа време, е издаден во 1980 г., и во себе содржи тапанарски точки од Фил Колинс и, исто така, првото појавување на Меги Рајли на своите албуми. Ова е исто така првиот албум кој нема странични инструменталки, со најголемата Таурус 1 која трае 10 минути.
Во 1982 г. го издава Five Miles Out (Пет милји надвор од курсот) во кој внесува долга инструменталка, Таурус 2, и уште две композиции со неговата група за турнеи, Family Man (Семеен човек) испеана од Меги Рајли и 13 минутната Orabidoo. Карл Палмер ги свири тапаните на Mount Teidе (Планината Теиде). Меги Рајли и Олдфилд заедно пеат на главната песна, која е инспирирана од за малку трагичната авионска несреќа која ќе му се случела, и поради неговиот интерес да научи да лета во тоа време.
Како многу други музичари од тоа време, Олдфилд го употребува Fairlight CMI синтисајзерот, кој имал напредни секвенцерски и семплувачки способности за тоа време, и значајно го вклучува во своите следни албуми. Во Crises (Кризи) се вклучени вокали од Џон Андерсон, пејачот на Yes, Роџер Чепмен, и, уште еднаш, Меги Рајли во песната Moonlight Shadow (Сенка од месечевата светлост), која станува најдобрата посебна песна на Олдфилд, стигнувајќи до четвртото место на списокот на Велика Британија. Насловната инструменталка, која е долга колку цела една страна на плочата, и која ја искористува темата од Тубуларни Ѕвона, за да означи десет годишнина од неговиот дебитантски албум. Истата година, Олдфилд ја пушта во етер Crime of Passion (Злосторството на Страста), како самостојна посебна песна на која пее Бери Палмер.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Mike Oldfield
- ↑ Mike Oldfield
- ↑ [hhttps://www.discogs.com/artist/18666-Mike-Oldfield/ Mike Oldfield]
- ↑ Mike Oldfield
- ↑ Mike Oldfield just wanted to make double albums
|