Киловат-час
Киловат-час или киловатчас, (симб. kW·h, kWh и кВтч)[1] — единица за енергија еднаква на 1000 ват-часови или 3,6 мегаџули.
Дефиниција
[уреди | уреди извор]Киловат-часот е единица за енергија еднаква на еден киловат (1 kW) моќ (електрична работа) потрошен за време од еден час (h).
Обратно земено, еден ват е еднаков на 1 J/s. Еден киловат-час изнесува 3,6 мегаџули, што е количеството енергија добиено од работа што се врши со просечна стапка од илјада вати на час.
Примери
[уреди | уреди извор]Греалка од 1000 вати (1 киловат) што работи еден час троши еден киловат-час (3,6 мегаџули) енергија.
Една 60-ватна светилка што работи еден час потрошила 0,06 киловат-часови струја. За илјада часа ќе потроши 60 киловати.
Претворање
[уреди | уреди извор]џул | ват-час | електронволт | калорија | |
---|---|---|---|---|
1 J = 1 kg·m2 s−2 = | 1 | 2,77778 × 10−4 | 6,241 × 1018 | 0,239 |
1 W·h = | 3600 | 1 | 2,247 × 1022 | 859,8 |
1 eV = | 1,602 × 10−19 | 4,45 × 10−23 | 1 | 3,827 × 10−20 |
1 cal = | 4,1868 | 1,163 × 10−3 | 2,613 × 1019 | 1 |
Именители
[уреди | уреди извор]Киловат-часот се користи во елекстродистрибуцијата за фактурирање на потрошувачот, бидејќи еден домовите месечно трошат од неколку стотини до неколку илјади киловат-часови. мегават-часови, гигават-часови и терават часови се користат при мерење на големи количества електрична енергија за индустриски капацитети и изразување на производството кај електраните. Во терават-часови (во поголеми земји и петават-часови) се изразува годишното производство на струја на цели земји. На пример, во 2010 г. Република Македонија произведени се вкупно 6 462,3 гигават-часови (6,46 терават-часа) електрична енергија.[2]
Поситни | Покрупни | |||||
---|---|---|---|---|---|---|
Вредност | Симбол | Име | Вредност | Симбол | Име | |
10-3 | mW·h | миливат-часот | 103 | kW·h | киловат-часот | |
10-6 | µW·h | микроват-часот | 106 | MW·h | мегават-часот | |
109 | GW·h | гигават-часот | ||||
1012 | TW·h | терават-часот | ||||
1015 | PW·h | петават-часот |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „киловат-час“ Архивирано на 17 декември 2013 г. — Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
- ↑ Годишен извештај за производство на ел.енергија за 2010 г. — ЕЛЕМ (македонски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Пресметка на лична потрошувачка на електрична енергија — ЕЛЕМ (македонски)
- Дневен дијаграм на потрошувачка на ел. енергија во РМ Архивирано на 19 декември 2011 г. — МЕПСО (македонски)