Кикиритка
Кикиритка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Розиди |
Ред: | Бобовидни |
Семејство: | Бобови |
Потсемејство: | Глушини |
Род: | Кикиритки |
Вид: | Кикиритка |
Научен назив | |
Arachis hypogaea L. |
Кикиритка (науч. Arachis hypogaea) — зеленчук кој припаѓа на семејството бобови или мешункасти растенија (Fabaceae), а потекнува од Јужна Америка, Мексико и Средна Америка. Во Македонија најмногу се одгледува во околината на Струмица.
Опис
[уреди | уреди извор]Стеблото на кикиритката расте околу 30 до 50 сантиментри. Има жолти цветови, а плодовите растат под земја. Лушпата е рапава и во неа има зрна прекриени со тенка кожичка. За кулинарски потреби се употребуваат зрната од кикиритките.
Кикиритките се богати со белковини, минерали, витамини Е и К и исто така, многу важно, не содржат холестерол. Една е од ретките мешунки кои се богати со витамин Д.
Се препорачува кикиритките да се купуваат со лушпа, бидејќи така ги содржат сите овие витамини и минерали. Докажано е дека доколку умерено се конзумираат кикиритките, доведуваат до помал ризик од срцев удар или мозочен удар, го намалуваат холестеролот, спречуваат воспалување и ги зацврстуваат клетките околу срцето.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Старите Инки одгледувале кикиритки пред 3.500 години. Дури изработувале и садови во облик на кикиритки и ги украсувале со нив. Шпанските освојувачи во XV век кикиритките ги пренеле во Европа и пошироко низ светот, а интересно е што ова растение стигнало во Северна Америка дури во XVIII век, и тоа од Африка.
Одгледување
[уреди | уреди извор]Во почетокот на летото грмушките на кикиритки ги прекривааат полињата. Откако цветовите ќе бидат опрашени, стеблата се спуштаат кон почвата, а жолтите цветови влегуваат под земја на длабочина од шест сантиметри. Плодовите се развиваат под земја во мешунки долги околу 4-5 сантиметри, во кои има од 1 до 4 зрна. Лушпата е рапава, а внатре има бледо жолтеникаво или жолто семе. Ископувањето на кикиритките се врши кон крајот на месец септември.
Кикиритки во Македонија
[уреди | уреди извор]Кикиритките во Македонија се одгледуваат единствено во неколку села во пределот Подгор во подножјето на Беласица во Струмичко, поради поволните услови со значителна влага на почвата[2]. Одгледувањето на кикиритки е започнато на почетокот на шеесеттите години на XX век откако е донесено семето од агроном од Струмица кој бил на обука во Војводина[2]. Со текот на времето се променувани и носени семиња и од соседна Бугарија, при што и денес е забележлива разликата во самите плодови на кикиритките[2]. Денес најмногу кикиритки се одгледуваат во околината на селата Колешино, Мокриево, Борисово.
Употреба
[уреди | уреди извор]Во индустријата, кикиритките се користат на повеќе од 300 начини и тоа за производство на брашно, сапун, детергент, пластика, до различни креми, шампони и лекови. За разлика од многу други плодови кои во јадењата може и да не ги препознаете, тоа не е случај и со кикиритките, бидејќи тие имаат навистина препознатлив вкус. Кикиритките можат да се јадат пржени, печени, солени или несолени. Од нив се произведува добро познатиот путер од кикиритки, се произведува и масло од кикиритки, а исто така тие се дел од многу десерти и солени јадења. Во Македонија (и пошироко), најпознат производ од кикиритки се веројатно смоките.
Хранлива вредност
[уреди | уреди извор]Хранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 2,385 kJ (570 kcal) |
21 g | |
Шеќери | 0,0 g |
Влакна | 9 g |
48 g | |
Заситени | 7 g |
Мононезаситени | 24 g |
Полинезаситени | 16 g |
25 g | |
Триптофан | 0,2445 g |
Треонин | 0,859 g |
Изолеуцин | 0,882 g |
Леуцин | 1,627 g |
Лизин | 0,901 g |
Метионин | 0,308 g |
Цистин | 0,322 g |
Фенилаланин | 1,300 g |
Тирозин | 1,020 g |
Валин | 1,052 g |
Аргинин | 3,001 g |
Хистидин | 0,634 g |
Аланин | 0,997 g |
Аспараг. кис. | 3,060 g |
Глутам. кис. | 5,243 g |
Глицин | 1,512 g |
Пролин | 1,107 g |
Серин | 1,236 g |
Витамини | |
Тиамин (Б1) | (52 %) 0,6 мг |
Рибофлавин (Б2) | (25 %) 0,3 мг |
Ниацин (Б3) | (86 %) 12,9 мг |
Пантот. кис. (Б5) | (36 %) 1,8 мг |
Витамин Б6 | (23 %) 0,3 мг |
Фолна кис. (Б9) | (62 %) 246 μг |
Витамин Ц | (0 %) 0,0 мг |
Витамин Е | (44 %) 6,6 мг |
Минерали | |
Калциум | (6 %) 62 мг |
Железо | (15 %) 2 мг |
Магнезиум | (52 %) 184 мг |
Манган | (95 %) 2,0 мг |
Фосфор | (48 %) 336 мг |
Калиум | (7 %) 332 мг |
Натриум | (0 %) 6 мг |
Цинк | (35 %) 3,3 мг |
Други состојки | |
Вода | 4,26 g |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. |
Кикиритките како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Кикиритки со суво грозје“ - расказ на израелскиот писател Ефраим Кишон од 1977 година.[3]
- „Празник“ — краток расказ на македонскиот писател Владимир Лукаш.[4]
Галерија
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]„Кикиритка (Arachis hypogaea)“ на Ризницата ? |
- ↑ „Кикиритки за здраво срце“. Архивирано од изворникот на 2011-08-07. Посетено на 2011-03-21.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Според кажување на Спасе Тилев (р. 1951), земјоделец, одгледувач на кикиритки од с. Колешино. Забележале Марио Шаревски и Иван Живковиќ на 31.05.2018 и 27.08.2018
- ↑ Ephraim Kishon, Kod kuće je najgore – Obiteljske priče, drugo izdanje. Zagreb: Znanje, 1984, стр. 100-104.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 246.
|