Прејди на содржината

Кендрик Ламар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кендрик Ламар
Ламар на церемонијата на доделување на Пулицеровата награда за 2018 година
Роден(а)Кендрик Ламар Дакворт
17 јуни 1987(1987-06-17)(37 г.)
Комптон, Калифорнија, САД
Занимање
  • Рапер
  • пејач
  • текстописец
  • музички продуцент
  • филмаџија
Активен период2003–денес
ОрганизацијаPGLang
ПартнерВитни Олфорд
Деца2

Кендрик Ламар Дакворт (англ. Kendrick Lamar Duckworth; роден на 17 јуни 1987) ― американски рапер и текстописец. Роден е во Комптон, Калифорнија, а неговите родители биле од Чикаго.[1][2] Ламар својата кариера ја започнал како тинејџер и настапувал под уметничкото име К.Дот. Во 2005 година потпишал договор со продукциската куќа Top Dawg Entertainment (TDE).[3][4]

Во 2009 година, Ламар одлучил повеќе да не го користи уметничкото име К.Дот и се определил за своето своето родено име. Истата година, Ламар заедно со своите колеги од продукциската куќа TDE: Џеј Рок, Аб-Сул и СкХулбој Кју ја формирале хип-хоп супергрупата Black Hippy. Во 2011 година, Кендрик Ламар го издал својот деби студиски албум Section.80. Албумот наишол на позитивни критики и на него се наоѓа неговиот деби-сингл „HiiiiPower“. Во 2012 година, Ламар потпишал договор за снимање со продукциската куќа од Др. Дре Aftermath Entertainment, спонзорирана од Interscope Records, и го објавил својот втор студиски албум Good Kid, M.A.A.D City. Албумот бил многу добро прифатен од критиката, а имал и комерцијален успех. На овој албум, покрај другите, се наоѓаат и песните: „Swimming Pools (Drank)“, „Backseat Freestyle“ и „Bitch, Don't Kill My Vibe“.

Посетата на Јужна Африка била инспирирација на неговиот трет студиски албум To Pimp a Butterfly (2015) во кој има џез елементи.[5] Ова бил негов прв албум кој се искачил на прво место на Билборд 200.[6] Истата година, со ремиксот на „Bad Blood“ од Тејлор Свифт, Кендрик Ламар за прв пат се искачил на врвот на Billboard Hot 100.[7] Ламар, во неговиот четврти студиски албум Damn (2017) експериментирал со R&B, поп и психоделичен соул. Песната „Humble“ од овој албум била негова прва соло песна која се искачила на прво место, и станала прво некласично и неџез дело на кое му била доделена Пулицерова награда за музика.[8] По четиригодишна пауза, Ламар го издал својот минималистички петти студиски албум Mr. Morale & the Big Steppers (2022).[9] Кендрик Ламар, заедно со неговиот креативен партнер Дејв Фри е кооосновач на креативниот колектив PGLang, и режирале и продуцирале неколку музички спотови и филмови.

Кендрик Ламар има продадено преку 70 милиони плочи само во САД. Сите негови студиски албуми Здружението на музички сниматели на Америка (RIAA) ги сертифицирало со најмалку платинест тираж.[10] За време на својата кариера, Кендрик Ламар има добиено бројни признанија, меѓу кои се и 17 Греми награди, Награда ЕМИ за ударен термин, две Американски музички награди, шест музички награди од Billboard, 11 МТВ Видео Музички Награди, Британска музичка награда и номинација за Оскар. Во 2015 година, Државниот сенат од Калифорнија на Ламар му ја доделил Наградата за икина на генерацијата. Тој се наоѓа на Time 100 и Forbes 30 Under 30 списоците.[11][12] Три негови студиски албуми биле вклучени меѓу 500 најдобри албуми на сите времиња во рангирањето од Ролинг стоун за 2020 година.

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

  • Section.80 (2011)
  • Good Kid, M.A.A.D City (2012)
  • To Pimp a Butterfly (2015)
  • Damn (2017)
  • Mr. Morale & the Big Steppers (2022)
  1. Kendrick Lamar. „Kendrick Lamar - Rapper, songwriter“. Архивирано од изворникот May 19, 2017. Посетено на June 23, 2017.
  2. Biography by Andy Kellman (June 17, 1987). „Kendrick Lamar | Biography & History“. AllMusic. Архивирано од изворникот July 7, 2017. Посетено на June 23, 2017.
  3. „Kendrick Lamar's Complete Discography – Tea & Weed“. teaandweed.com. February 12, 2021. Посетено на March 23, 2022.
  4. „Kendrick Lamar: The West Coast Got Somethin' To Say“. HipHopDX. 2011-01-06. Посетено на 2022-10-17.
  5. 'To Pimp a Butterfly' remains an important display of the life and struggles of modern-day Black America“. REVOLT (англиски). Посетено на May 9, 2022.
  6. „Best Albums of the Decade“. Metacritic (англиски). Архивирано од изворникот на April 6, 2019. Посетено на April 1, 2020.
  7. Lipshutz, Jason (2015-05-27). „Kendrick Lamar Scores First Hot 100 No. 1 Thanks to Taylor Swift“. Billboard (англиски). Посетено на 2022-11-09.
  8. Johnston, Chris (April 17, 2018). „Kendrick Lamar wins Pulitzer music prize“ (англиски). BBC News. Архивирано од изворникот на May 30, 2018. Посетено на May 31, 2018.
  9. Sisario, Ben (May 13, 2022). „Kendrick Lamar Returns With 'Mr. Morale & the Big Steppers'. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на May 13, 2022.
  10. „Gold & Platinum“. RIAA (англиски). Посетено на May 9, 2022.
  11. Празен навод (help)
  12. Greenburg, Zack O'Malley. „Kendrick Lamar, Conscious Capitalist: The 30 Under 30 Cover Interview“. Forbes (англиски). Посетено на 2022-10-05.