Прејди на содржината

Жерар Дебре

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жерар Дебре
Валрасова економија
Жерар Дебре
Роден4 јули 1921(1921-07-04)
Кале, Франција
Починал31 декември 2004(2004-12-31) (возр. 83)
Париз, Франција
НационалностФранцузин
УстановаУниверзитет Калифорнија (Беркли)
Полематематичка економија
Алма матерЕкол Нормал Супериер, Универзитет Калифорнија (Беркли)
Влијанија одЛеон Валрас
Анри Картан
Морис Але
Влијаел врзЖак Дрезе
Стивен Смал
ПридонесиТеорија за општа рамнотежа
Теорија за корисност
Тополошки методи
НаградиНобелова награда за економија (1983)
Информации на IDEAS/RePEc

Жерар Дебре (француски: Gérard Debreu; 4 јули 1921 во Кале31 декември 2004 во Париз) — француски економист и математичар, кој исто така имал американско државјанство. Најпознат е како професор по економија на Беркли, каде започнал во 1962 година. Во 1983 година ја добил Нобеловата награда за економија.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Неговиот татко бил бизнис партнер на неговиот дедо по мајка во производство на тантела, традиционална индустрија во Кале. Дебре останал сирак на рана возраст, откако татко му извршил самоубиство, а неговата мајка умрела од природна смрт.[1] Пред почетокот на Втората светска војна, го завршил средното училиште и заминал во Амбер на подготовки за приемниот испит за повисокото образование. Подоцна, се преселил од Амбер во Гренобл за да ја заврши неговата подготовка, обете места во Вишиевска Франција во текот на Втората светска војна. ВО 1941 година се запишал на Екол Нормал Супериер во Париз. Бил под влијание на Анри Картан и писателите Бурбаки. Кога требало да ги полага последните испити во 1944 година се случило десантот кај Нормандија и наместо влегол во француската војска. Бил пренесен на тренинг во Алжир, а потоа служел во окупациските француски сили во Германија до јули 1945 година. Дебре ги положил испитите Агрегасион де Математикс кон крајот на 1945 и почетокот на 1946 година. По првпат станал заинтересиран во економија, особено во теоријата за општа рамнотежа на Леон Валрас. Од 1946 до 1948 година бил асистент во Националниот центар за научно истражување. Во текот на двете години направил транзиција од математика кон економија. Во 1948 година, Дебре заминал за САД со стипендијата Рокфелес која му овозможила посета на неколку американски универзитети, како и оние во Упсала и Осло во 1949-1950 година.

Дебре се оженил со Франсоа Блед во 1946 година и имале две ќерки, Шантал и Флоренс, родени во 1946 и 1950 година, соодветно.

Дебре умрел во Париз на возраст од 83 години од природни причини на Нова година во 2004 година.

Академска кариера

[уреди | уреди извор]

Дебре започнал да работи како истражувачки член и се приклучил на Каулс комисијата на Чикашкиот универзитет во летото 1950 година. Таму останал пет години, враќајќи се повремено во Париз.

Во 1954 година издал значаен труд, насловен „Постоење на рамнотежа за конкурентна економија“, заедно со Кенет Ароу, во кој обезбедиле точен математички доказ за постоењето на општата рамнотежа, користејќи тополошки методи наместо методи засновани на калкулус.

Во 1955 година се преселил на Универзитетот Јејл.

Во 1959 година ја објавил неговата класична монографија, „Теорија на вредност: Аксиоматична анализа на економската рамнотежа“, која е една од најважните трудови во математичката економија. Исто така, изучил неколку проблеми во теоријата на кардиналната корисност, особено додатната декомпозиција на функцијата за корисност одредена на декартовиот производ.

Во оваа монографија, Дебре поставил аксиоматична основа за конкурентните пазари. Исто така го засновал постоењето на рамнотежа користејќи пристап на роман. Главната идеја на неговиот аргумент е да покаже дека тука постои ценовен систем за кој вкупната побарувачка за вишокот соодветствува со недостатоците. Тоа го направил преку докажување на вид од теоремата за фиксна точка. Во седмиот дел, Дебре го вовел концептот на нејасно и покажал како може да биде вклучен во детерминистичкиот модел. Тука, го вовел поимот на контигентно добро, што е ветувањето за испорака на добро. Овој концепт е често користен во финансиската економија.

Во 1960-61 година, работел во Центарот за напредно учење во бихевиористичките науки на Стендорф и најголем дел од времето го посветил на комплексно докажување, кое во 1962 година го изнел како генерална теорема за постоење на економската рамнотежа.

Во јануари 1962 година започнал да работи на Беркли, каде бил професор по математика и економија.

Неговите подоцнежни студии главно биле насочени кон теоријата на различни економии, каде покажал дека, всушсност, вкупните функции на побарувачка на вишокот исчезнуваат одреден број на бодови — всушност покажал дека економиите имаат одреден број на ценовни рамнотежи.

Во 1976 годија го добил францускиот медал Легија на честа. Ја добил Нобеловата награда за економија во 1983 година „за применетите нови аналитички методи во економската теорија и за неговата ригорозна преформулација на теоријата за општа рамнотежа“. Бил член на Меѓународната академија на науките.

Во 1990 година бил претседател на Американската економска асоцијација.[2]

Поголеми публикации

[уреди | уреди извор]
  • „Коефициент на искористеност на ресурсите“, 1951, Econometrica.
  • „Теорема за постоење на општествена рамнотежа“, 1952, Proceedings of the National Academy of Sciences.
  • „Јасни и полујасни квадратни облици“, 1952, Econometrica
  • „Ненегативни квадратни матрици“, со Херстејн, 1953, Econometrica.
  • „Вредносна рамнотежа и Парето принцип“, 1954, Proceedings of the National Academy of Sciences.
  • „Постоење на рамнотежа за конкурентна економија“, со Ароу, 1954, Econometrica.
  • „Претставување на претпочитано подредување со бројчена функција“, 1954, Decision Processes.
  • „Класичен проблем за даночните кредити“, 1954, Econometrica.
  • „Бројчени претставувања на технолошката промена“, 1954, Metroeconomica
  • „Пазарна рамнотежа“, 1956, Proceedings of the NAS.
  • „Стохастичен избор и кардинална корисност“, 1958, Econometrica
  • „Теорија на вредност: Аксиоматична анализа на економската рамнотежа“, 1959
  • „Тополошки методи во теоријата за кардинална корисност“, 1960, Mathematical Methods in the Social Sciences.
  • „Економија во нејаснотијата“, 1960, Économie Appliquée.
  • „Нови концепти и техники за анализата за рамнотежа“, 1962, IER
  • „Ограничена теорема на сржта на економијата“, with H.Scarf, 1964, IER.
  • „Интеграција на врските“, 1967, Proceedings of Fifth Berkeley Symposium.
  • „Соседни економски агенти“, 1969, La Décision.
  • „Економии со неодреден сет на рамнотежа“, 1970, Econometrica.
  • „Благи преференции“, 1972, Econometrica.
  • „Границата на сржта на економијата“, Decision and Organization
  • „Функции на побарувачката на екцесот“, 1974, JMathE
  • „Четири аспекти на математичката теорија на економската рамнотежа“, 1974, Proceedings of Int'l Congress of Mathematicians.
  • „Стапката на конвергенцијата на сржта на економијата“, 1975, JMathE.
  • „Примената на економијата на различната топологија и глобална анализа“, 1976, AER.
  • „Постоење на конкурентна рамнотежа“, 1982, Handbook of Mathematical Economics
  • „Математичка економија: Дваесет трудови на Жерар Дебре“, 1983.
  • „Економска теорија во математички мод: Нобелово предавање“, 1984, AER.
  • „Теоретски модели: Матемтички облик и економска содржина“, 1986, Econometrica.
  • Дебре, Жерар (март 1991). „Математизација на економската теорија“. The American Economic Review. 81 (1): 1–7. JSTOR 2006785.
  1. "Gerard Debreu's Secrecy: His Life in Order and Silence", History of Political Economy, 44 (3): 413–449
  2. Debreu, Gérard (March 1991). „The Mathematization of economic theory“. The American Economic Review. 81 (1): 1–7. JSTOR 2006785.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со: