Прејди на содржината

Жена горе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поза „обратна каубојка“, прикажана од Пол Аврил.

Жена горе или поза каубојка — ова е заедничко име за сексуални пози што вклучуваат жена што „јава“ маж. Во оваа поза, жената делува како активен партнер, изведувајќи ги повеќето движења. Мажот, пак, ја поддржува, и ѝ помага да одржува рамнотежа итн.

Во позата „жена горе“, мажот обично лежи на грб со споени нозе, додека жената го јавнува, обично клекната и свртена напред или назад. И двата партнари можат да го насочат кренатиот пенис на мажот во вагината или анусот на жената. Позата каубојка нашироко се смета за една од најпопуларните сексуални пози, особено кај жените, бидејќи им овозможува да го контролираат ритамот, темпото, длабочината и времетраењето на навлегувањето. Дополнително, често обезбедува ефикасно возбудување на дразницата. Разновидностите на позата жена горе вклучуваат други како на пример поза 69.[1]

Предности на позата

[уреди | уреди извор]

Во оваа поза, жената може да се движи со која било брзина и во која било насока, вклучувајќи ги и движењата напред-назад, кружни или нагоре-надолу. Нејзината дразница и срамни усни добиваат дополнителна возбуденост од триење на телото на нејзиниот партнер. Рацете на мажот се слободни и ако таа е свртена кон него, може да ги допре нејзините гради и дразницата.

Можности на извршување

[уреди | уреди извор]

Класично

[уреди | уреди извор]

Ова е најпопуларната поза во оваа категорија. Мажот лежи на грб со благо свиткани колена, додека жената седи врз него и го насочува пенисот во себе. Таа се потпира на свитканите колена и се движи со нивно исправување и превиткување. Нејзините движења можат да бидат нагоре-надолу или напред-назад (второто најдобро работи ако мажот ги исправи нозете). Таа, исто така, може да се потпре наназад на неговите свиткани нозе, давајќи му можност да ја надразни дразницата со рацете или да се наведне напред со рацете на градите, галејќи ги по брадавиците. Мажот може да се сосредоточува и на нејзините гради за време на оваа поза.

Секс помеѓу маж и жена во поза „жена горе“

Азиска каубојка

[уреди | уреди извор]

Мажот лежи на грб, жената седи наопаку по долниот дел на неговиот стомак, вметнувајќи го пенисот во себе. Нозете ѝ се свиткани на колена, се потпира на стапалата и се движи, клекнувајќи и издигнувајќи се над мажот. Нејзините раце се потпираат на градите на мажот. Позата се разликува од претходната по тоа што жената не се потпира на колена, туку на нозе. Во исто време, на физички неподготвена жена може да ѝ биде доста тешко да се движи, па мажот може да ѝ помогне со тоа што ќе ја подигне одоздола за колковите. Во оваа поза, активноста на мажите и жените е приближно еднаква.

Обратна мисионерска

[уреди | уреди извор]

Оваа поза наликува на добро познатата мисионерска поза, само што горе не е маж, туку жена. Мажот лежи на грб со скрстени нозе. Жената седнува на неговиот долен дел од стомакот, го вметнува пенисот на мажот во себе и се наведнува прилично ниско над мажот (стомаците на партнерите треба да се допираат). Таа ги потпира рацете и колената на креветот од двете страни на партнерот и почнува да се движи напред-назад. Мажот може да гали по грбот и бутовите на жената. Оваа поза е оптимална за жената да доживее клиторичен оргазам, бидејќи кога се движи, таа доста интензивно се трие за стомакот на мажот.[2]

Обратна каубојка

[уреди | уреди извор]

Оваа поза е обратна од положбата „каубојка“. Мажот лежи на грб со исправени нозе. Жената седнува на долниот дел на стомакот на мажот, со грбот кон неговото лице и си го вметнува пенисот во себе. Таа си ги потпира рацете на нозете на мажот и почнува да се движи. Мажот ѝ помага на жената да се движи ставајќи ги рацете на нејзиниот задник.

Обратна азиска каубојка

[уреди | уреди извор]

Мажот лежи на грб со свиткани колена. Неговата партнерка клекнува над него, го вметнува неговиот пенис во себе и седи на него. Таа си ги потпира рацете на колената на мажот и почнува да се движи — станува и повторно седнува.

  1. "Discovery Health Sexual Positions" Архивирано на 15 јануари 2012 г. (web archive). healthguide.howstuffworks.com. Retrieved 22 October 2010.
  2. godgod (2023-03-04). „«Я сама!» или 10 позиций, в которых женщина сверху“. SEXTIPS (руски). Посетено на 2024-12-07.