Долни Орман
Долни Орман Ласкарево | |
---|---|
Координати: 41°32′N 23°20′E / 41.533° СГШ; 23.333° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Свети Врач |
Површина | |
• Вкупна | 938 км2 (362 ми2) |
Надм. вис. | 258 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 167 |
• Густина | 0,18/км2 (0,46/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2811 |
Повик. бр. | 07435 |
Долни Орман — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Ласкарево се наоѓа на 11 километри источно од Свети Врач и на 22 километри од бугарско-грчката граница кај селото Кулата. Ласкарево се наоѓа во западното подножје на Пирин Планина, на надморска висина од 258 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 938 км2. Теренот е полупланински и климата се одликува со слаби зими и топли лета. Низ селото тече реката Забрдна. Селото има редовна автобуска линија со Свети Врач и соседните села.
Историја
[уреди | уреди извор]Османлиско Царство
[уреди | уреди извор]Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долне Ормане Ласкарево (Dolné Ormané Laskarévo) е село со 42 семејства и 140 Македонци[1][2].
Во 1891 година Георги Стрезов го споменал селото, кое во тоа време било мала на селото Орман:
Орман, на СЗ од Мелник 11⁄2 час пат. Изградено е на едно ридско место. Се раскажува дека ова место некогаш било непроодна шума, оттука и името на селото; и сега остатоците од оваа шума се видливи под селото. Куќите се распространети во текот на 1⁄2 час и се поделени во неколку населби. Главни се Горни Орман или Ласкарево и Долни Орман или Ладарево. Локална приказна раскажува дека овие села и Склавие биле населени од тројца браќа: Ладар, Ласкар и Славко, по кого биле именувани. Се сее сусам, памук, анасон и жито, а се занимаваат и со лозарство. За двете маали има една црква „Света Марина“; се чита мешано; училиште нема. В селото се гледаат остатоци од уште две цркви: Св. Спас и Св. Атанас. Во Ладарево 60 куќи, во Ласкарево 30, сите бугарски.[1][3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 160 жители, сите Македонци[1][4].
Бугарија
[уреди | уреди извор]По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Денес, во селото има кметство, црква, продавници и куќи за гости. Формирана е ловна група. Постојат здравствени и образовни институции во соседното село Склаве (3 км) и во општинскиот град Свети Врач (7 км). Природните услови придонесуваат за одгледување на индустриски и постојани култури - главно лозови насади, како и одгледување на животни.
Население[1][5]
[уреди | уреди извор]Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 543 | 570 | 551 | 554 | 435 | 373 | 339 | 257 | 205 | 167 |
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Зачувани се пет згради со статус на споменици на културата во Ласкарево. Тие се од типот на огражденско-малешевската архитектура. На југот на селото се наоѓаат траги од населби кои датираат од првиот милениум п.н.е., како и остатоци од римската ера поврзани со античкиот град Свети Врач. Најмалиот град во Бугарија, Мелник, се наоѓа на 14 километри од селото.
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Секоја година во селото има собир по повод Спасовден. Литургија се одржува во храмот „Свети Спас“.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140-141.
- ↑ Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 27.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189.
- ↑ 5,0 5,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Ласкарево, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
|