Голман (фудбал)
Во фудбалот, секој тим на теренот има само еден голман, чија главна улога е да го чува голот. Тој е единствениот играч на кој му е дозволено да игра со раката или дланката, но само во просторот предвиден за тоа, во шеснаесетникот. За време на натпреварот, секој тим мора да има голман на голот, без разлика на ситуацијата на теренот. Причини за губење на голманот може да бидат:
- исклучување на голманот: тогаш голманот ќе го замени играч од клупата, а потоа ќе застане на голот. Доколку сите замени се веќе извршени, еден од играчите во поле ќе застане помеѓу стативите.
- Повреда на голманот: повредениот голман ќе биде заменет од резервниот голман, доколку на клупата екипата има резервен голман и ако не бидат потрошени сите замени. Доколку, на клупата нема резервен голман или сите замени се веќе извршени, еден од играчите во поле ќе застане помеѓу стативите.
Ракување со топката
[уреди | уреди извор]За разлика од другите играчи на теренот, на голманите им е дозволено да ја допираат топката со кој било дел од телото, вклучувајќи ги рацете и дланките. Но, постојат ограничувања и за нив:
- Употребата на рацете е дозволена само во сопствениот шеснаесетник.
- Голманите не смеат да ги користат своите раце ако:
- Еден од соиграчите ја подава топката кон голманот со нога
- Еден од соиграчите ја контролира топката со ногата
- Еден од соиграчите ја подава топката до голманот директно од аут
- ФИФА наложува дека, поради динамичноста на играта, на голманот не му е дозволено да ја држи топката во рацете повеќе од шест секунди.
- Голманите не смеат да ја земат топката во своите раце, ако некој од соиграчите намерно ја допре со нога, сè додека не ја допре некој противник или некој соиграч не ја врати со главата или градите. Истото правило важи ако голманот ја испушти топката од рацете. Доколку голманот ги прекрши овие правила, судијата ќе досуди индиректен удар.
Опрема
[уреди | уреди извор]Голманите мора да носат опрема што јасно ги разликува од соиграчите, противниците и судиите на теренот. Повеќето голмани, исто така, користат голмански ракавици, кои служат за да ги заштитат дланките и подобро да се справат со топката.
Најдобри голмани на Светското првенство
[уреди | уреди извор]ФИФА го прогласува најдобриот голман на секое светско првенство, покрај ова, голманот може да биде прогласен и за најдобар играч на првенството, како и за златна топка. Ова му се случило на Оливер Кан, голманот на германската фудбалска репрезентација на СП 2002 година.
Од 1994 година. Започнала да се доделува наградата за најдобар голман на Светското првенство, наградата Јашин,во чест на Лав Јажин.
Признанието Јашин било за првпат доделено во 1994 година.
Светски куп | Добитник е на наградата Јажин |
---|---|
1994 САД | Мишел Прудон |
1998 Франција | Фабиен Бартез |
2002 Кореја / Јапонија | Оливер Кан |
2006 година Германија | Џанлујџи Буфон |
2014 Бразил / Рио де Жанеиро | Мануел Нојер |
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Голман (фудбал) на Ризницата ?