Прејди на содржината

ГНУ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Оваа страница се однесува на софтверскиот проект ГНУ. За дивото животно видете гну.

Логото на ГНУ.

ГНУ е софтверски проект започнат во 1983 од страна на Ричард Сталман[1][2] со цел да се напише комплетен оперативен систем кој би бил слободен во смисла на слободен софтвер - секој би имал право и можност да умножува, менува и редистрибуира програма под условите на ГНУ Општа Јавна Лиценца. ГНУ проектот го води Фондацијата за слободен софтвер.

ГНУ проектот има развиено голем број на програми, вклучувајќи го и уредувачот Emacs, ГНУ компилатор (GNU Compiler Collection - GCC) и ГНУ дибагер (GNU Debugger - GDB). Елементите на ГНУ системот во комбинација со системското јадро Линукс, кое не е дел од ГНУ проектот но се дистрибуира под ГНУ Општа Јавна Лиценца, сочинува комплетен оперативен систем ГНУ/Линукс.

Симболика

[уреди | уреди извор]

ГНУ е рекурзивна кратенка која се чита GNU is not Unix (Гну не е уникс).[1][3] Маскотата на ГНУ е африканското животно гну.

  1. 1,0 1,1 Kirk St.Amant & Brian Still. Handbook of Research on Open Source Software: Technological, Economic, and Social Perspectives. ISBN 1591409993.
  2. Marshall, Rosalie (2008-11-17). „Q&A: Richard Stallman, founder of the GNU Project and the Free Software Foundation“. PC & Tech Authority. Посетено на 2012-09-22.
  3. „GNU's Not Unix“. Thefreedictionary.com. Посетено на 2012-09-22.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]