Виола
виола прикажана од напред и од страна | |
Класификација | |
---|---|
Скала | |
Сродни инструменти | |
Виолата е гудачки инструмент, сличен на виолината, само нешто поголем. Кај виолата горната граница на висината на тонот е c3 во оркестарска изведба, а во солистичката достигнува и до а3.
Виолата е помалку виртуозен инструмент, а тонот го одликуваат потемни бои од виолината. Мекиот звук на виолата често се користи за пополнување на внатрешните хармонии.
Постои уште една разлика меѓу овие два инструмента, а тоа е нотацијата. Кај виолата записот на нотите се врши во alt-C клуч, додека кај виолината се врши во виолински.
Виолата е претежно оркестарски и камерен инструмент. Соло литературата за неа е оскудна. Волфганг Амадеус Моцарт ја компонирал Концертната симфонија за виола и виолина, а Хектор Берлиоз ја напишал симфонијата "Харолд во Италија" за соло виола. Исто така, постојат и концертите за виола на Георг Фридрих Хендл и Јохан Кристијан Бах.
Историја
[уреди | уреди извор]Постојат две толкувања за настанувањето на овој инструмент, т.е. неговите претходници. Порано се мислело дека виолата настанала од семејството на стари виоли (XV век): виола да брачо и виола да гамба. Постои уште една виола од оваа група, тоа е виола д’аморе, која е наречена така поради мекоста на својот звук.
Денес се смета дека виолата настанала од лирата да брачо, како нешто поголема варијанта на виолината.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|