Прејди на содржината

Википедија:Именување на статии

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:ИМЕ
ВП:ТЗИ
ВП:НАСЛОВ
Најважното од страницава:
  • Насловите на статиите треба да бидат лесно препознаени од македонските читатели
  • Насловите треба да бидат кратки и не треба да се двозначајни
  • Насловите треба да го прават создавањето на врски до статијата едноставно

Конвенциите за именување се принципи на Википедија за тоа како да се именуваат насловите на енциклопедиските статии.

Доколку сакате да предложите нова конвенција за именување, сторете го тоа на овој портал.

Користете го најлесно препознатливото име

[уреди извор]

Општо, именувањето на статиите треба да го претпочита она што најголемиот број говорници на македонски јазик би го најлесно препознале, а истовремено создавањето на врски до таквите статии треба да биде лесно.

Ова е оправдано од следново начело:

Имињата на статиите на Википедија треба да бидат оптимизирани повеќе за читателите отколку за уредувачите и повеќе за општата публика отколку за специјалистите.

Википедија ја определува познатоста на името преку гледање како веродостојните извори на македонски јазик ја нарекуваат темата.

Во продолжение дадените конвенции за именување претставуваат водилки за создавањето и именувањето на страници. Ова се конвенции, а не строги закони изгравирани во камен. Како што Википедија расте и се менува, некои конвенции кои порано имале смисла, сега се несоодветни. Секогаш кога ќе се сомневате, следете ја конвенцијата.

Создавајте и пренасочувања

[уреди извор]

За полесно разбирање на конвенциите за именување на статиите на Википедија е исто така важно да се следат конвенциите за врски. Следењето на постојаните конвенции за именување и за врски доведува до правилен трансфер (без пренасочувања). Пренасочување би требало да се направи за статии кои со право можат да се најдат под две имиња (поранешни имиња на држави и сл.). Обратно, термин кој има повеќе значења би требало да се наведе на посебна страница, односно страница за појаснување.

Конструкција на имиња

[уреди извор]

Вторите и последователните зборови се пишуваат со мала буква

[уреди извор]

Конвенција: Не ги пишувајте со голема буква вторите и субсеквентните зборови од повеќеделниот наслов на статијата освен ако насловот не е сопствена именка (лично име, име на компанија) или, пак, тој секогаш се пишува со големи букви (на пример, Александар Сергеевич Пушкин и Нова Уметност, но не треба да се пишува, на пример, Компјутерски и Видео Игри).

Како резултат на техничките ограничувања својствени за МедијаВики софтверот, првата буква во една статија секогаш треба да биде голема буква. Обично ова не е проблем, но создава нејаснотии кога првата буква од сопствената именка е мала буква (на пример, eBay). Првата буква на внатрешна викиврска не треба да биде капитализирана (напишана со голема буква) и ќе го упати читателот кон истата страница (на пример, компјутерски и видео игри или Компјутерски и видео игри можат да се користат заемно, како што налага текстот во статијата).

Образложување и специфики: Видете Википедија:Конвенции за именување (голема буква) и Википедија:Канонизација.

Претпочитајте именки во еднина

[уреди извор]

Конвенција: Генерално, создавајте имиња на статии (страници) кои се во еднина, освен ако таа именка е секогаш во множина во македонскиот јазик (како на пример трегери или ножици).

Исклучоци се Арапски бројки, Список на хобија, ... кои треба да бидат во множина.

Имињата на категориите имаат различни конвенции за множина. За ова видете Википедија:Конвенции за именување (категории).

Образложување и специфики: Видете Википедија:Конвенции за именување (множина).

Пренасочувајте ги придавките кон именки

[уреди извор]

Конвенција: Придавките (како демократски) треба да се пренасочат кон именки (во овој случај, демократија).

Образложување и специфики: Видете Википедија:Конвенции за именување (придавки).

Користете македонски зборови

[уреди извор]

Конвенција: Настојувајте да ги именувате Вашите статии на македонски јазик и наведете го матичниот превод на името на статијата во првиот ред од самата статија.

Образложување и специфики: Видете Википедија:Конвенции за именување (користете македонски).

Странски имиња

[уреди извор]

Конвенција: При именувањето на статиите треба да се настојува да се користи македонскиот јазик и кириличното писмо - преку превод на странскиот термин или пак негова соодветна транскрипција. Сепак тоа не е секогаш пожелно и можно.

Образложување и специфики: Видете Википедија:Конвенции за именување (странски имиња и изрази).

Користете чести (познати) имиња на личности и нешта

[уреди извор]

Конвенција: Користете го најпознатото можно име за личност или нешто (предмет) кое не се коси со имињата на другите луѓе или предмети.

Образложување и специфики: Видете Википедија:Конвенции за именување (чести имиња).

Бидете што попрецизни кога е потребно

[уреди извор]

Конвенција: Ве молиме, не пишувајте или ставајте статија на страница која е двосмислено именувана како да нема други значења.

Образложување и специфики: Видете: Википедија:Конвенции за именување (прецизност) и Википедија:Појаснителна страница.

Претпочитајте целосни имиња за акроними (кратенки)

[уреди извор]

Конвенција: Избегнувајте ја употребата на акроними при именувањето на статијата освен ако терминот е ексклузивно познат по својот акроним и е нашироко познат и користен во таа форма (НАТО, ласер, радар се добри примери на акроними кои нашироко се познати како зборови).

Образложување и специфики: Видете: Википедија:Конвенции за именување (акроними).

Употребата на „и“

[уреди извор]

Не го употребувајте сврзникот „и“ за да направите нерамнотежа на неутралната гледна точка кај имињата на статиите. На пример, една статија треба да се именува како Исламски екстремистички тероризам отколку Исламот и тероризмот.

Не употребувајте име на статија кое сугерира на хиерархија од статии

[уреди извор]

Додека статијата Транспорт во Азербејџан може да се смета како пододдел од Транспорт како во Азербејџан, не користете имиња како Азербејџан/Транспорт.

Бидете внимателни со некои специјални знаци

[уреди извор]

Некои специјални знаци или не можат да се користат, или можат да предизвикаат проблеми. На пример, не треба да се користат знаците хоризонтална црта (|), големи загради ({}) или средни загради ([]) во едно име.

Насловите на статиите не смеат да почнуваат со меѓујазична врска. На пример, страница со насловот FR:пример ќе произведе врска до страницата именувана како „Пример“ на Француската Википедија. Истото се однесува и за меѓујазични врски.

За употребата на тиреа, цртички и места во имињата на статиите, видете Википедија:Прирачник за стил (црти).

Видете и Википедија:Конвенции за именување (технички ограничувања).

Избегнувајте неазбучнобројчени знаци што се користат само за емфази

[уреди извор]

За да се одржи функционалноста на азбучното индексирање и да се избегнат непотребни пренасочувачки страници, имињата на статиите не треба да започнат со неазбучнобројчени (А-Ш,0-9) знаци кои се користат само за емфаза. Исто така, имајте на ум дека Википедија не е збирка на сами цитати; за тоа служи проектот Викицитат. Доколку еден цитат е вреден да има воја статија, не ги користете наводниците за цитирање, туку наведете го само името на цитатот.

Примери за неточни имиња на статии: ****Енциклопедија****, !Список на работи кои ми требаат, „Фаќајќи риба“.
Пример за точно и неазбучнобројчено именување: *69
Примери за правилни имиња на статии за цитати: Да се биде или не; Мислам, значи постојам.

Специфични конвенции

[уреди извор]