Прејди на содржината

Би Би Кинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Би Би Кинг
Кинг свири во театарот „Fox“ во Окленд, април 2009
Животописни податоци
Родено имеРили Кинг
Познат(а) и какоБи Би Кинг
Роден(а)16 септември 1925
ПотеклоИта Бена, Мисисипи, САД
ЖанровиБлуз, соул блуз, блуз-рок, ритам и блуз, соул
ЗанимањаМузичар, пејач, текстописец, продуцент
Инструментигитара, вокали, пијано
Период на активност1949–денес
Издавачи„Interscope Records“, „Bullet Records“, „RPM Records“, „Crown Records“, „ABC Records“, „MCA Records“, „Geffen Records“, „Reprise Records“
СоработнициБоби Бленд, Ерик Клептон, Папо
Мреж. местоwww.bbking.com, www.bbkingmuseum.org
Значајни инструменти
Лусил

Рајли Б. Кинг (англиски: Riley B. King), познат по сценското име Би Би Кинг (роден на 16 септември 1925 година) е американски блуз гитарист, пејач и текстописец кој е воодушевено прифатен поради специфичното пеење и свирење гитара. Магазинот Rolling Stone го рангираше на шестото место[1] на нивната листа „100 Greatest Guitarists off All Time“ („100 најдобри гитаристи на сите времиња“).

Ран живот

[уреди | уреди извор]

Кинг е роден во Ита Бена, Мисисипи, мал град во близина на Индианола, Мисисипи. Негови редители беа Алфред Кинг и Нора Ела Кинг. Кинг пораснал пеејќи во црковен (госпел) хор. На 12 годишна возраст тој ја купи својата прва гитара за $15.00.[2] Во 1943 Кинг ја напушти Индианола за да работи како возач на трактор.

Во 1946 Кинг го следеше својот братучед Бука Вајт во Мемфис, Тенеси. Вајт го зема со него во следните 10 месеци.[2] Како и да е, Кинг на кратко се врати во Мисисипи каде што се одлучи подобро да се подготви за неговата следна посета и се врати во Западен Мемфис, Арканзас, две години подоцна, во 1948. Тој свиреше на радио програмата на Сони Бои Вилјамсон на „KWEM“ во Западен Мемфис, Арканзас, каде што разви локална публика. Овие појавувања на Кинг го доведоа до постојани договори во „Sixteenth Avenue Grill“ во Западен Мемфис, а потоа до десетминутен настап во легендарната радио станица во Мемфис, „WDIA“.

Потоа Кинг работеше во локалната R&B радио станица „WDIA“ како пејач и миксер и тука го доби прекарот „Beale Street Blues Boy“, подоцна скратено во B.B.[3][4] Тоа е местото во кое за првпат се сретна со Т-Бони Вокер. – „Откако за првпат го слушнав, знаев дека морам да имам електрична гитара“- рече Кинг.[5]

Во 1949 Кинг почна да снима песни при договорот со „RPM Records“ во Лос Анџелес. Сем Филипс, подоцна основоположник на „Sun Records“, беше продуцент на многу од раните снимки на Кинг. Пред неговиот договор со оваа издавачка куќа, Кинг водеше дебата со „Bullet Record“ земајќи го впредвид синглот „Miss Martha King“ (1949) кој и не се покажа добро на музичките листи. „Моето прво снимање беше во компанија надвор од Нешвил, наречена „Bullet“ – рече Кинг. „Го имав Финис Њуборн на пијано, неговиот татко беше на тапаните, а неговиот брат свиреше со мене на гитара. Исто така го имав Таф Грин на бас гитара, Бен Бренч како тенор, а неговиот брат Томас Бренч свиреше на труба. Женскиот свирач беше на тромбон. Новородената фамилија беше домашен бенд во познатата „Plantation Inn“ во Западен Мемфис“.[6]

Кинг Направи свој бенд, „the B.B. King Review“, под водство на Милард Ли. Во бендот беа Келвин Овинс и Кинет Сендс на труба, Лоренс Бурдин на алто саксофон, Џорџ Колимен на тенор саксофон,[7] Флоид Њумен на баритон саксофон, Милард Ли на пијано, Џорџ Џоинер на бас и Ерл Форест и Тед Кури на тапани. Онзи Хорн беше истрениран музичар назначен како асистент на Кинг за неговите композиции. Според неговите признавања тој не можел добро да ги свири акордите,[8] па секогаш се засновал на импровизации. Сево ова беше проследено со турнеја низ САД во големите театри во градовите како Вашингтон Д.С., Лос Анџелес, Чикаго, Детроит и св.Луис, исто како и голем број на свирки низ мали клубови низ јужните американски држави.

Во зимата, 1949, Кинг свиреше во халата за играње во Твист, Арканзас. Со намера да се загрее халата, буре наполнето до пола со керозин било запалено. Ова е често практикувано во тоа време. За време на изведбата двајца мажи почнале да се тепаат меѓу себе удирајќи се во близина на запаленото буре со што распрскале запалено гориво низ подот. Халата вивнала во пламен, што довело до морална евакуација. Откако излегол, Кинг сфатил дека ја заборавил својата гитара внатре, па се втурнал низ пламените за да си ја спаси евтината гитара од $30. Двајца загинаа во пожарот. Следниот ден Кинг дозна дека двајцата мажи се тепале за некоја жена која се викала Лусил. Својата гитара тој ја крсти Лусил, како и секоја друга гитара која ја имаше по овој приближно фатален настан. Тоа му служеше како потсетник никогаш да не се втурнува во запален објект или пак да се тепа за жена.

Кинг свири со познатата гитара Лусил

Во меѓувреме Кинг имаше многу настапи, па 1956 стана година на рушење на рекорди со 342 запишани настапи. Истата година тој ја основа својата издавачка куќа, „Blues Boys Kindom“ со главно седиште на „Beale Street“ во Мемфис. Таму, покрај другите проекти, Кинг создаде артисти како Милард Ли и Леви Сибјури.

Во 1950те Кинг стана едно од најважните имиња во R&B музиката правејќи импресивна листа од хитови како што се „3 O'Clock Blues“, „You Know I Love You“, „Woke Up This Morning“, „Please Love Me“, „When My Heart Beats like a Hammer“, „Whole Lotta Love“, „You Upset Me Baby“, „Every Day I Have the Blues“, „Sneakin' Around“, „Ten Long Years“, „Bad Luck“, „Sweet Little Angel“, „On My Word of Honor“, и „Please Accept My Love“. Во ноември 1964, Кинг го сними албумот „Live at the Regal“ во театарот „Regal“ во Чикаго, Илионис.

Кинг доби Греми Награда за песната „The Thrill is Gone“,[9] неговата верзија стана хит и на поп и на Р&Б листите што беше чудно во тоа време за Р&Б артист. Исто така го доби 183 место на листата „500 најдобри песни на сите времиња“ („500 Greatests songs of All Time“) на магазинот „Rolling Stone“. Понатамошното прославување кај рок публиката го доби на американската турнеја на „Rolling Stones“ во 1969. Успесите на Кинг продолжија низ 1970те со песните како „To Know You is to Love You“ и „I Like to Live the Love“.

Во 1980 Кинг беше примен во Блуз Халата на Славните (анг.„Blues Hall of Fame“). Во 2004 тој ја доби меѓународната награда „Polar Music Prize“ давана на артисти како признание на извонредните постигнувања во создавањето и унапредувањето на музиката.[10] Од 1980те па наваму тој продолжи да го негува високото ниво и активната кариера појавувајќи се на голем број телевизиски шоуа, свирејќи 300 вечери годишно. Во 1980 Кинг доби нова генерација на обожаватели со синглот „When Love Comes to Town“, дело на заеднички напори на Кинг и ирската група „U2“ за нивниот албум „Rattle and Hum“. Во 2000 Кинг се соедини со гитаристот Ерик Клептон за да го снимат албумот „Riding With the King“.

Кинг на концерт во Франција, 1989

2006-денес: проштална турнеја и подоцнежни кативности

[уреди | уреди извор]

На 80 години, на 29 март 2006, Кинг свиреше во „Hallam Arena“ во Шефилд, Англија. Ова беше првиот датум од неговата англиско-европска проштална турнеја. Тој беше поддржан на оваа турнеја од ирскиот гитарист Гери Мур со кој Кинг и претходно бил на тирнеја и снимал песни со него меѓу кои и песната „Since I Met You Baby“. Британската турнеја заврши на 4 април со свирењето во „Wembley Arena“. На 28 јуни 2009, Кинг се врати во „Wembley Arena“ за да заврши турнеја низ Голема Британија со британската блуз икона Џон Маиал. Кога бил прашан зашто се одлучил за друга турнеја кога веќе ја завршил својата проштална, Кинг насмевнувајќи се рекол дека тој впрочем никогаш не рекол дека неговата проштална турнеја ќе биде и последна.[11]

Во јули Кинг се вратил во Европа свирејќи двапати (2 и 3 јули) на четириесеттото издание на џез фестивалот во Монтре („Montreux Jazz Festival“), Швајцарија, а исто така и во Цирих на „Blues at Sunset“ на 14 јули. За време на неговото шоу во Монтре, „Stravinski Hall“ тој учествуваше на џем со Џо Семпл, Ренди Крафорд, Дејвид Сенборн, Гледис Најт, Лела Џејмс, Ерл Томас, Стенли Кларк, Џон Мек Логлин, Барбара Хендрик и Џорџ Дјук. Крајот на европската турнеја беше во Луксембург на 19 септември 2006, во „D’Coque Arena“ Во ноември и декември Кинг шест пати свиреше во Бразил. За време на прес конференција на 29 ноември во Саун Пауло, новинар го прашал Кинг дали тоа би било неговата последна турнеја, а тој одговори „Еден од моите најомилени актори е маж од Шкотска кој се вика Шон Конери. Повеќето од вас го знаат како Џејмс Бонд 007. Тој направи филм по име Never Say Never Again“. При крајот на октомври 2006, Кинг сними концертен компакт диск и ДВД насловено како „B.B. King Live“ за настапите во Нешвил и Мемфис. Четириноќната продукција го вклучуваше неговиот регуларен бенд, „B.B. King Blues Band“, опфаќајки ги неговите ноќни настапи низ светот. Ова беше првата продукција на настапи во живо во 14 години.

На 28 јули 2007, Кинг свиреше на вториот фестивал „Crossroads Guitar Festival“ на Ерик Клептон, заедно со 20 други гитаристи со цел да соберат пари за центарот за зависни болести на Клептон, „Crossroads Centre“. Настапуајќи во Чикаго тој ги свиреше песните „Playing the Cost to Be the Boss“, „Rock me Baby“ и „Thrill is gone“ со Роберт Креи, Џими Вон и Хуберт Сумлин. Исто така, во 2007 година Кинг ја прифати понудата за придонес во концертот „Goin’ Home: A Tribute to Fast Domino“. Со Иван Невил, Кинг ја отсвири неговата верзија на песната „Goin’ Home“.

Европската турнеја во 2009. Виена јули 2009

Во јуни 2008, Кинг свиреше на фестивалот „Bonnaroo Music and Art Festival“ во Манчестер, Тенеси. Исто така тој беше финалниот изведувач на 25от „Чикаго Блуз Фестивал“ (анг. „Chicago Blues Festival“) на 8 јуни 2008 и на Монтреи Блуз Фестивал (анг. „Montrey Blues Festival“), следејќи го Таџ Махал. Во јули, истата година, каналот „Sirius XM Radio’s Bluesville“ беше преименуван во „B.B. King’s Bluesville“.На 1 декември 2008, Кинг свиреше во театарот „Maryland Theatre“ во Хегерстаун, Мериленд.[12] Набрзо на 3 декември Кинг и Џон Маер беа завршниот акт на 51от Концерт за Греми Номинации (анг. „Grammy Nomination Concert“) свирејќи ја „Let the Good Times Roll“ од Луис Џордан. Потоа на 30 декември 2008, Кинг свиреше во чест на глумецот Морган Фриман на „The Kennedy Center Honors Awards Show“.

Во летото во 2009, Б.Б. Кинг започна европска турнеја со концерти во Франција, Германија, Белгија, Финска и Данска.

На 27 мај 2010, Кинг настапи во Мароко на „Mawazine Festival“.[13]

Низ периодот од 52 години Кинг свирел на повеќе од 15.000 настапи.[14]

Филантропија

[уреди | уреди извор]

Во 2001 Кинг се пријави како официјален поддржувач на „Little Kids Rock“. Тоа е непрофитабилна организација која обезбедува бесплатни музички инструменти и инструкции за деца во непривилегирани јавни училишта низ САД. Кинг е член на почесниот одбор на директори.

Личен живот

[уреди | уреди извор]
Знакот кој се наоѓа до клубот „B.B. King's Blues Club“ на Кинг на ул.„Beale Street“ во Мемефис

Кинг беше оженет двапати, за Марта Ли Дентон од 1946 до 1952 и за Су Керол Хал од 1958 до 1966. И двата брака завршија поради големите обврски на Кинг.[2] Изјавено е дека тој е татко на 15 деца.[2] Тој живееше со дијабетис мелитус тип 2 околу 20 години и е силен оратор во борбата против болеста, појавувајќи се на реклами за лекови за дијабетис.

Кинг е лиценциран приватен пилот, а да лета научил во 1963 на аеродромот „Chicago Hammond Airport“ во Линсинг.[15][16] Тој често летал, но по советот на осигурителната компанија и менаџерот во 1995, Кинг беше замолен да лета само со копилот и како резултат на тоа тој престана да го прави тоа на 70 години.[17]

Неговиот омилен пејач е Франк Синатра. Во неговата автобиографија Кинг збори за тоа како бил, и уште е, обожавател на Синатра, а и за тоа како секоја вечер заспива слушајки го класичниот албум на Синатра „In the Wee Small Hours“.[18]

Дискографија

[уреди | уреди извор]
Година Албум RIAA Сертификат
1956 Singin' the Blues
1958 The Blues
1959 Sings Spirituals
1961 My Kind of Blues
1962 Mr. Blues
1963 Blues in My Heart
1965 Live at the Regal (во живо)
1966 Confessin' the Blues
1967 Blues Is King
The Jungle
1968 Blues on Top of Blues
Lucille
The Kings' Jam
1969 Live & Well
Completely Well
1970 Indianola Mississippi Seeds
1971 Live in Cook County Jail
B. B. King in London
1972 Guess Who
L.A. Midnight
1973 To Know You Is To Love You
1974 Together for the First Time...во живо (Со Боби Бленд) Злато
1974 Friends
1975 Lucille Talks Back
1976 Bobby Bland and B. B. King Together Again...во живо
1977 King Size
1978 Midnight Believer
1979 Take It Home
1980 Now Appearing at Ole Missво живо
1981 There Must Be a Better World Somewhere
1982 Love Me Tender
1983 Why I Sing the Blues
1985 Six Silver Strings
1990 B. B. King and Sons Liveво живо
1991 Live at San Quentin
Live at the Apolloво живо
There is Always One More Time
1992 King of the Blues
1995 Lucille & Friends
1996 Favorite Gospel Hymns
1997 Deuces Wild Злато
1997 Best of King Платина
1998 Blues on the Bayou
1999 Live in Japan
Let the Good Times Roll
2000 Riding with the King 2x Мулти-платина
Makin' Love Is Good for You
2003 Reflections
2004 Gospel Blues
2005 The Ultimate Collection
B. B. King & Friends: 80
2007 The Best of the Early Years
2007 Forever Gold: B. B. King Live
2008 Live at the BBC
2008 One Kind Favor
2009 Live At The BBC

Синглови

[уреди | уреди извор]
Година Име Позиција
Р&Б Поп Рок ОК[19]
1949 Miss Martha King
1949 Got the Blues
1950 Mistreated Woman
The Other Night Blues
I Am
My Baby's Gone
1951 B. B. Blues
She's a Mean Woman
Three O'Clock Blues #1
1952 Fine-Looking Woman
Shake It Up and Go
Someday, Somewhere
You Didn't Want Me
Story from My Heart and Soul #9
1953 Woke Up this Morning with a Bellyache
Please Love Me #1
Neighborhood Affair
Why Did You Leave Me
Praying to the Lord
1954 Love Me Baby
Everything I Do Is Wrong
When My Heart Beats Like a Hammer #8
You Upset Me Baby #1
1955 Sneaking Around #14
Every Day I Have the Blues[20] #8
Lonely and Blue
Shut Your Mouth
Talkin' the Blues
What Can I Do (Just Sing the Blues)
Ten Long Years[21] #9
1956 I'm Cracking Up Over You
Crying Won't Help You #15
Did You Ever Love a Woman?
Dark Is the Night, Pts. I & II
Sweet Little Angel #6
Bad Luck[22] #3
On My Word of Honor #3
1957 Early in the Morning
How Do I Love You
I Want to Get Married #14
Troubles, Troubles, Troubles[23] #13
(I'm Gonna) Quit My Baby
Be Careful with a Fool[24] #95
The Keyblade to My Kingdom
1958 Why Do Everything Happen to Me
Don't Look Now, But You Got the Blues
Please Accept My Love #9
You've Been an Angel[25] #16
The Fool
1959 A Lonely Lover's Plea
Time to Say Goodbye
Sugar Mama
Army Of The Lord
1960 Sweet Sixteen, Pt. I #2
You Done Lost Your Good Thing
Things Are Not the Same
Bad Luck Soul
Hold That Train
1961 Someday Baby
Peace of Mind[26] #7
Bad Case of Love
1962 Lonely
I'm Gonna Sit Till You Give In
Down Now
1963 The Road I Travel
The Letter
Precious Lord
1964 How Blue Can You Get #97[27]
You're Gonna Miss Me
Beautician Blues
Help the Poor #98[27]
The Worst Thing in My Life
Rock Me Baby #34[27]
The Hurt
Never Trust a Woman #90[27]
Please Send Me Someone to Love
Night Owl
1965 I Need You
All Over Again
I'd Rather Drink Muddy Water
Blue Shadows
Just a Dream
You're Still a Parallelogram
Broken Promise
1966 Eyesight to the Blind
Five Long Years
Ain't Nobody's Business
Don't Answer the Door, Pt. I #2 #72
I Say in the Mood #45
Waitin' for You
1967 Blues Stay Away
The Jungle
Growing Old
1968 Blues for Me
I Don't Want You Cuttin' Off Your Hair
Shoutin' the Blues
Paying the Cost to Be the Boss #10 #39
I'm Gonna Do What They Do to Me #26 #74
The B. B. Jones #98
You Put It on Me[28] #25 #82
The Woman I Love #31 #94
1969 Get Myself Somebody
I Want You So Bad
Get Off My Back Woman[29] #32 #74
Why I Sing the Blues #13 #61
Just a Little Love #15 #76
I Want You So Bad #34
1970 The Thrill Is Gone #3 #15
So Excited #14 #54
Hummingbird #25 #48
Worried Life #48
Ask Me No Questions #18 #40
Chains and Things #6 #45
1971 Nobody Loves Me But My Mother
Help the Poor (преснимена) #36 #90
Ghetto Woman #18 #40
The Evil Child #34 #97
1972 Sweet Sixteen (преснимена) #37 #93
I Got Some Help I Don't Need #28 #92
Ain't Nobody Home #28 #46
Guess Who #21 #62
1973 To Know You Is to Love You #12 #38
1974 I Like to Live the Love #6 #28
Who Are You #27 #78
Philadelphia #19 #64
1975 My Song
Friends[30] #34
1976 Let the Good Times Roll #20
1977 Slow and Easy #88
1978 Never Make a Move Too Soon #19
I Just Can't Leave Your Love Alone #90
1979 Better Not Look Down #30
1981 There Must Be a Better World Somewhere #91
1985 Into the Night #15
Big Boss Man #62
1988 When Love Comes to Town (со „U2“) #68 #2[31] #6
1992 The Blues Come Over Me #63
Since I Met You Baby (со Гери Мур) #59
2000 Riding with the King (Со Ерик Клептон) #26

Сè уште некатегоризирани снимања

[уреди | уреди извор]
  1. Blues Summit; 1993
  2. How Blue Can You Get? Live Performances; 1996
  3. Take It Home; 1998
  4. His Best - The Electric B.B. King; 1998
  5. Greatest Hits; 1998
  6. Forever Gold; 1999
  7. Millennium Collection - 20th Century Masters; 1999
  8. His Definitive Greatest Hits; 1999
  9. Anthology; 2000
  10. Live at San Quentin; 2001
  11. Here & There - The Uncollected B.B. King; 2001
  12. A Christmas Collection of Hope; 2001
  13. Blues is King; 2002
  14. Christmas Collection - 20th Century Masters; 2003
  15. Original Greatest Hits; 2005

Признанија и награди

[уреди | уреди извор]
Би Би Кинг во 1990
  • Во 1987 тој беше поканет во „Rock & Roll Hall of Fame“ станувајќи еден од првите артисти кои ќе бидат почестени од страна на музејот.[32]
  • Во 1990 беше награден со наградата „National Medal of Arts“[33]
  • Во 1991 беше награден со „National Heritage Fellowship“ од „NEA“[34]
  • Кинг беше награден од „Kennedy Center Honors“ во 1995. Оваа награда е дадена за да се признае „доживотни и извонредни талентни достигнувања од најпрестижните уметници на нашиот народ“[35]
  • Во 2004 „Royal Swedish Academy of Music“ го награди Кинг со наградата „Polar Music Prize“ за неговиот значаен придонес во блузот.[10]
  • На 15 декември во 2006, претседателот Џорџ В.Буш му ја даде на Кинг наградата „Presidential Medal of Freedom“[36]
  • На 27 мај во 2007 на Кинг му беше доделен почесен докторат во музиката од „Brown University“.[37]
  • Во 2009 магазинот „Time“ му го додели третото место на Кинг на нивната список на 10 најдобри електрични гитаристи на сите времиња[38]
  • Секоја година во текот на првата недела во јуни, фестивалот „B.B. King Homecoming Festival“ се одржува во Индианола, Мисисипи.[39]
  • На 29 мај 2010, паркот „Sabarosa Park“ беше преименуван во „B.B. King Park“ во чест на Кинг кој бесплатно свиреше на концерт пред 20.000 луѓе.

Греми награди

[уреди | уреди извор]

Во 1987 на Кинг му беше дадена Греми Награда за Животно Дело (анг. Grammy Lifetime Achievement Award ).[40] До 2009 освои 15 греми награди од кои десет беа Греми Награди за Најдобар Традиционален Блуз Албум (анг. Grammy Award for Best Traditional Blues Album): во 2009 за „One Kind Favor“, 2005 за „B. B. King & Friends: 80“, 2003 за „A Christmas Celebration of Hope“, 2001 за „Riding with the King“, 2000 за „Blues on the Bayou“, 1994 за „Blues Summit“, 1992 за „Live at the Apollo“, 1991 за „Live at San Quentin“, 1986 за „My Guitar Sings the Blues“ и во 1984 за „Blues ‘N’ Jazz“. Во 1982 тој ја доби греми наградата за Најдобро Етничко или Традиционално Фолк Сминање за „There Must Be a Better World Somewhere“. Во 1997 Кинг доби греми награда за Најдобра Рок Инструментална Изведба (анг. Grammy Award for Best Rock Instrumental Performance). Во 1971 тој доби греми награда за Најдобра Машка Р&Б Вокална Изведба (анг. „Grammy Award for Best Male R&B Vocal Performance“) за песната „The Thrill Is Gone“. Во 1998 година му беше дадена „Grammy Hall of Fame Award“ наградата за „The Thrill Is Gone“, награда која се дава на снимки кои се најмалку 25 години стари и кои имаат квалитативно или историско значење.[41]

  1. The 100 Greatest Guitarists of All Time Архивирано на 7 декември 2010 г., Rolling Stone magazine
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „BB King biography at Jazz and Blues Masters“. Jazzandbluesmasters.com. 1958-06-04. Посетено на 2010-02-17.
  3. "B.B." is normally written with no space between the letters.
  4. History of Rock & Roll. By Thomas E. Larson. Kendall/Hunt Publishing Company, Dubuque, Iowa. Copyright 2004. Page 25
  5. Dance, Helen Oakley; and B.B. King. Stormy Monday, p. 164
  6. Blues Access Interview by Wayne Robins, Spring 1999. Retrieved January 23, 2009.
  7. „George Coleman: This Gentleman can PLAY“. All About Jazz. Посетено на 2010-02-17.
  8. U2 Rattle and Hum DVD, 1988
  9. Rees, Dafydd & Crampton, Luke (1991). Rock Movers & Shakers, ABC-CLIO, p.287. ISBN 0-87436-661-5
  10. 10,0 10,1 „Polar Music Prize Winners“. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2011-02-06.
  11. BBC Newsnight interview, April 30th 2009
  12. McMillion, Dave (2008-12-01). „B.B. King Rules“. Herald Mail. Посетено на 2009-03-18.
  13. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-01-02. Посетено на 2011-02-06.
  14. "Delta Diary" by Charlie Sawyer“. Courses.dce.harvard.edu. Архивирано од изворникот на 2005-09-24. Посетено на 2010-02-17.
  15. West, Rebecca (2000-04-20). „Interview with B.B. King“. Blues on Stage. Посетено на 2010-03-14.
  16. "You and Me with B.B. King." SIRIUS Channel 74. 12 May. 2009.
  17. Mitchell, Gail (2007-06-29). „On the road again, B.B. King preps new album“. Reuters.
  18. King, B.B. and Daniel Ritz. Blue All Around Me, 1999.
  19. British Hit Singles & Albums 19th Edition. HIT Entertainment. 2006. ISBN 1904994105.
  20. „Everyday I Have the Blues“ беше Б-страна на „Sneaking Around.“
  21. „Ten Long Years“ беше Б-страна на „What Can I Do (Just Sing the Blues).“
  22. „Bad Luck“ беше Б-страна на „Sweet Little Angel.“
  23. „Troubles, Troubles, Troubles“ беше Б-страна на „I Want to Get Married.“
  24. „Be Careful with a Fool“ беше Б-страна на „(I'm Gonna) Quit My Baby.“
  25. „You've Been an Angel“ беше Б-страна на „Please Accept My Love.“
  26. „Peace of Mind“ беше б-страна од „Someday Baby.“
  27. 27,0 27,1 27,2 27,3 Billboard Magazine не објави Р&Б синглови на листите помеѓу ноември 1963 и јануари 1965.
  28. „You Put It On Me“ беше б-страна од „The B.B. Jones.“
  29. „Get Off My Back Woman“ беше б-страна од „I Want You So Bad.“
  30. „Friends“ беше б-страна од „My Song.“
  31. „When Love Comes to Town“ беше првиот сингл на Р. Б. Кинг кој обезбеди место на „Најдобри Рок Песни“ листата.
  32. "B. B. King" Rock & Roll Hall of Fame
  33. „List of National Medal of Arts Recipients“. Nea.gov. Архивирано од изворникот на 2011-07-21. Посетено на 2010-02-17.
  34. „1991 NEA National Heritage Fellowships“. Nea.gov. Архивирано од изворникот на 2009-09-20. Посетено на 2010-02-17.
  35. „Kennedy Center Records“. Kennedy-center.org. 1925-09-16. Посетено на 2010-02-17.
  36. „List of Presidential Medal of Freedom recipients“. Senate.gov. Посетено на 2010-02-17.
  37. „Brown University to Confer Nine Honorary Degrees May 27“. Brown.edu. Посетено на 2010-02-17.
  38. by Dave on August 24th, 2009 (2009-08-24). „Fretbase, Time Magazine Picks 10 Best Electric Guitar Players“. Fretbase.com. Посетено на 2010-02-17.
  39. "The Blues Heritage" Indianola, Mississippi Chamber of Commerce“. Indianolams.org. Архивирано од изворникот на 2013-04-15. Посетено на 2010-02-17.
  40. „Grammy Lifetime Achievement Award Winners“. Grammy.com. 2009-02-08. Посетено на 2010-02-17.
  41. „Grammy Database“. Grammy.com. 2009-02-08. Архивирано од изворникот на 2010-02-13. Посетено на 2010-02-17.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]