Прејди на содржината

Адисон Реј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Адисон Реј
Адисон Реј во 2021
Роден(а)Адисон Реј Истерлинг
6 октомври 2000(2000-10-06)(24 г.)
Лафајет, Луизијана, САД
Занимање
  • Пејачка
  • глумица
  • танчерка
  • медиумска личност
Активен период2019–денес

Музичка кариера
ЖанровиПоп
ИнструментиГлас
Издавачи
Мреж. местоaddisonrae.com

Адисон Реј Истерлинг (англ. Addison Rae Easterling; родена на 6 октомври 2000 година)[1][2] ― американска пејачка и глумица. Се прославила на TikTok каде што имала над 88 милиони следбеници, со што е на петто место на личности со најмногу следбеници на платформата.

Живот и кариера

[уреди | уреди извор]

Адисон Реј Истерлинг е родена на 6 октомври 2000 година во Лафајет во Луизијана.[1] Нејзините родители се развеле кога таа била помлада, но повторно стапиле во брак во 2017 година.[3]

На шестгодишна возраст, Реј почнала да се натпреварува во танцување на натпревари низ целата држава (САД).[4] Се запишала на студии на Државниот универзитет во Луизијана (LSU), но откако почнала да стекнува популарност на TikTok го напуштила факултетот и се преселила во Лос Анџелес.[5]

Реј станала популарна на TikTok во јули 2019 преку поставување на видеа на кои таа танцува на популарни песни на платформата.[6] За неколку месеци стекнала над еден милион следбеници и во ноември 2019 година го напуштила факултетот.[7] Од јули 2020 година, Адисон, заедно со нејзината мајка, почнала да објавува неделен ексклузивен подкаст на Spotify под наслов „Мама знае најдобро“ (англ. „Mama Knows Best“), на теми поврзани со нивниот личен живот и кариера.[8]

Во март 2021 година, Реј го издала нејзиниот прв сингл „Obsessed“.[9] Синглот добил негативни критики[10] и требало да биде водечки сингл од нејзиното тогашно прво ЕР, но било привремено одложено.[11] Истата година, Реј лансирала сопствена козметичка линија, Item Beauty.[7][12] Реј, исто така, основала своја сопствена линија на мириси наречена „Addison Rae Fragrance“.

Во август, Реј глумела во комедијата на Нетфликс Тој е сето тоа (2021), римејк на тинејџерската комедија од 1999 година Таа е сето тоа.[13] Филмот бил најстримуван филм во неделата на неговото издавање,[14] но добил претежно негативни оценки од критичарите.[15][16][12]

На 18 август 2023 година го објавила нејзиниот прв мини-албум под наслов, AR.[17] Мини-албумот добил претежно позитивни критики, [18] [11] и дебитирал на 19-то место на американската топ-листа <i id="mwhA">Billboard</i> Heatseekers Albums. [19]

Во март 2024 година, Реј учествувала во ремиксот на песната „Von Dutch“ од Charli XCX кој набрзо се нашол на ремикс-албумот од Charli XCX Brat and It's Completely Different, but also Still Brat (2024).[20][21] Реј се појавила и на албумот од Еј Џи Кук. Britpop (2024), на песната под наслов „Lucifer“ во соработка со Charli XCX.[22]

На 9 август 2024 година, Адисон Реј го издала нејзиниот прв сингл со голема издавачка куќа, „Diet Pepsi“ (бил издаден преку Columbia Records).[23] Песната добила позитивни критики, а критичарите новата музика на Реј ја споредиле со делата од Лана Дел Реј и од Бритни Спирс.[24] Во октомври 2024 година, Реј го издала синглот „Aquamarine“.[25]

Филмографија

[уреди | уреди извор]
година Наслов Улога Белешки Ref.
2020 година Мачка шпион Марни (глас) Англиска синхронизација [26]
2021 година Тој е сето тоа Пеџет Соер [27]
2023 година Црн петок Габи [28]
2025 година Пријатели на животните - Постпродукција [29]
  1. 1,0 1,1 Craighead, Olivia (June 11, 2020). „Why TikTok's Addison Rae Is More Than Just a "Pouty Face". The Wall Street Journal (англиски). ISSN 0099-9660. Архивирано од изворникот на January 5, 2021. Посетено на January 22, 2021.
  2. „Addison Rae“. Twitter. Архивирано од изворникот на September 1, 2022. Посетено на March 21, 2022.
  3. Twersky, Carolyn (July 20, 2020). „Addison Rae Just Told the Story About When She Decided to Leave College and Move to LA“. Seventeen (англиски). Архивирано од изворникот на January 30, 2021. Посетено на January 26, 2021.
  4. Craighead, Olivia (June 11, 2020). „Why TikTok's Addison Rae Is More Than Just a "Pouty Face". The Wall Street Journal. Архивирано од изворникот на June 26, 2020. Посетено на June 27, 2020.
  5. Kozma, Leila (April 2020). „Addison Rae Shares New Details About Her Studies at LSU“. distractify. Архивирано од изворникот на June 27, 2020. Посетено на June 27, 2020.
  6. Talbot, Kate (April 7, 2020). „Meet Addison Rae, One Of TikTok's Biggest Stars“. Forbes. Архивирано од изворникот на April 7, 2020. Посетено на April 8, 2020.
  7. 7,0 7,1 Bradley, Sydney. „Addison Rae Easterling is the top-earning TikTok star with $5 million in the last year, according to Forbes. But Charli D'Amelio is close behind“. Business Insider. Архивирано од изворникот на November 1, 2020. Посетено на August 8, 2020.
  8. „TikTok Star Addison Rae Launches New Podcast with Her Mom Sheri Nicole“. People (англиски). Архивирано од изворникот January 31, 2021. Посетено на January 26, 2021.
  9. Празен навод (help)
  10. „Addison Rae and the Worst Songs by Social Media Stars“. PopDust (англиски). Посетено на October 9, 2024.
  11. 11,0 11,1 „I Think I'm Just a Curious Person': Addison Rae on Her Quest for Pop Perfection“. Vogue (англиски). Архивирано од изворникот на January 18, 2024. Посетено на October 7, 2024.
  12. 12,0 12,1 Walsh, Savannah (August 3, 2020). „Here's The One Piece of Advice Kourtney Kardashian Gave Addison Rae Before Her Beauty Launch“. ELLE (англиски). Архивирано од изворникот на January 26, 2021. Посетено на January 26, 2021.
  13. Rubin, Rebecca (September 11, 2020). „TikTok Star Addison Rae Cast in 'She's All That' Remake“. Variety. Архивирано од изворникот на September 11, 2020. Посетено на September 12, 2020.
  14. „This '90s Remake Is The Top Movie On Netflix Right Now“. HuffPost (англиски). August 30, 2021. Архивирано од изворникот на August 4, 2022. Посетено на April 10, 2022.
  15. „Netflix: Every Movie and TV Show Arriving in August 2021“. ComicBook.com (англиски). July 21, 2021. Архивирано од изворникот на July 27, 2022. Посетено на April 10, 2022.
  16. Howard, Courtney (August 27, 2021). 'He's All That' Review: Gender-Swapped Rom-Com Remake Rankles Rather Than Reinvents“. Variety (англиски). Архивирано од изворникот на July 28, 2022. Посетено на April 10, 2022.
  17. „PC Music Is Over. A.G. Cook Is Just Beginning“. Vulture (англиски). Посетено на October 7, 2024.
  18. Празен навод (help)
  19. Празен навод (help)
  20. Dunworth, Liberty (September 12, 2024). „Charli XCX announces "'Brat' and it's completely different but also still 'Brat'"“. NME. Посетено на September 12, 2024.
  21. Weiskotten, Emily (August 16, 2024). „Glitter Magazine | Charli xcx Sparks Excitement by Teasing New 'BRAT' Remix Concept“. glittermagazine.co (англиски). Посетено на September 12, 2024.
  22. „PC Music Is Over. A.G. Cook Is Just Beginning“. Vulture (англиски). Посетено на October 7, 2024.
  23. Празен навод (help)
  24. Празен навод (help)
  25. Spanos, Brittany (October 25, 2024). „The World Is Addison Rae's Oyster on 'Aquamarine'. Rolling Stone. Посетено на October 26, 2024.
  26. SPY CAT - Addison Rae Behind-the-Scenes на YouTube
  27. Rubin, Rebecca (September 11, 2020). „TikTok star Addison Rae cast in 'She's All That' remake (Exclusive)“. Variety. Архивирано од изворникот на September 11, 2020. Посетено на November 7, 2020.
  28. „Addison Rae Lands Lead Role in Eli Roth's 'Thanksgiving' for Spyglass Media“. February 23, 2023. Архивирано од изворникот на March 7, 2023. Посетено на March 7, 2023.
  29. Grobar, Matt (April 18, 2023). „Ryan Reynolds, Jason Momoa, Vince Vaughn & Aubrey Plaza Set For Legendary's Live-Action/Animation Hybrid Animal Friends; Peter Atencio Directing R-Rated Road Trip Adventure Pic“. Deadline Hollywood. Посетено на 18 April 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]