Абелисаурус
Абелисаурус Abelisaurus Период: Доцна креда, Предлошка:Опсег на фосили | |
---|---|
Реконструкција на черепот „Абелисаурус“ со оригинални коски на холотипот. Скала = 10 см | |
Научна класификација | |
Типски вид | |
†Abelisaurus comahuensis Бонапарта & Новас, 1985 | |
Синоними | |
|
Абелисаурус (Abelisaurus) е од родот на диносаурусите наречени абелисаурус, кои живееле во доцниот период на креда во Јужна Америка, (Аргентина).
Тој бил месојад со две нозе, веројатно долг околу 7-9 метри. Големината е одредена само со истражувањето на черепот, единствениот познат дел од скелетот.[1].
Опис и име
[уреди | уреди извор]Општото име потекнува од Роберт Абел, откривач и поранешен директор на Музејот во Циполетија (Аргентина), каде што е пронајден примерокот. Името значи „гуштер на Авел“ (од грчки саурос - гуштер). Черепот на абелисаурус Потекнува од регионот Комахју во Аргентина, каде што се пронајдени остатоците. Ова име го дале аргентинските палеонтолози Хосе Бонапарта и Фернандо Новас во 1985 година, кои гокласифицирале во новооткриеното семејство на Абелисаурус[2].
Наоди од фосили и детерминизација
[уреди | уреди извор]Абелисаурус е еден од многуте диносауруси откриени во Патагонија . Првично се мислело дека потекнува од формацијата Ален, но систематските истражувања довеле до заклучок дека тој припаѓал повеќе на формацијата Анаклето во провинцијата Рио Негро (Аргентина). Тоа е јужноамериканска геолошка формација која е датирана од периодот на рана креда, пред 83 до 80 милиони години[3].
Класификација
[уреди | уреди извор]Веќе се откриени многу други Авелисаури, вклучувајќи комплетни скелети на Акасаурус, Карнотаурус и Мајунгасаурус. Некои научници сметаат дека Абелисаурус е основен претставник на оваа група, надвор од потсемејството карнотаурус. Другите се помалку сигурни во неговата класификација Авелисаурите имаат некои одлики на черепот со кархародонтосаурусите, и бидејќи Абелисаурус е познат само од черепот, иднината може да покаже дека тој всушност бил еден од кархародонтосаурусите. Сепак, ова не се смета за веројатно.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Abelisaurus“. Архивирано од изворникот на 2020-11-17. Посетено на 2021-02-26.
- ↑ „Abelisaurus“. Архивирано од изворникот на 2020-10-21. Посетено на 2021-02-26.
- ↑ Abelisaurus pictures and facts
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Abelisaurus in the Dino Directory
- Abelisaurus at DinoData