Џим Пиблс
Џим Пиблс | |
---|---|
Пиблис во 2010 година. | |
Роден(а) | Филип Џејмс Едвин Пиблс 25 април 1935 Винипег, Манитоба, Канада |
Националност | Канаѓанец, Американец |
Полиња | Теоретска физика Физичка космологија |
Установи | Принстон Институт за напредни студии |
Теза | „Набљудувачки проверки на теориските проблеми поврзани со замислата дека силата на електромагнетното заемодејство може да биде променлива“ (1962) |
Докторски ментор | Роберт Дике |
Докторанди | |
Познат по | Позадинско микробраново зрачење Позадинско инфрацрвено зрачење Ладна темна материја Лајманов алфа оддавач Исконски изозакривен барионов модел Квинтесенција Рекомбинација Острикер–Пибелсова релација |
Поважни награди | Едингтонов медал (1981) Хајнеманова награда (1982) Брусов медал (1995) Златен медал на Кралското астрономско друштво (1998) Груберова награда (2000) Харвиева награда (2001) Шовова награда (2004) Крафордова награда (2005) Дираков медал (2013) Медал на Манитоба (2017) Нобелова награда за физика (2019) |
Филип Џејмс Едвин Пиблс OM FRS (25 април 1935) — канадско-американски астрофизичар, астроном и теориски космолог, кој моментално е пензиониран Алберт Ајнштајн професор по науки при Принстон.[1][2] На далеку е познат како еден од светските водечки теориски космолози во периодот по 1970 година, со значајни теориски придонеси за исконската нуклеосинтеза, темната материја, позадинското микробраново зрачење и создавањето на структури.
Пиблс е добитник на половина од Нобеловата награда за физика во 2019 година, за неговите теориски откритија во физичката космологија.[3] Тој ја поделил наградата со Мишел Мајор и Дидје Кело за нивното откритие на вонсончева планета во орбита околу ѕвезда налик на Сонцето.[4][5][6] При доделувањето на наградата, Пиблс забележал дека не го прифаќа поимот „Голема експлозија“, бидејќи „се однесува на настан и местоположба, а всушност тие се погрешни.“ Иако поголемиот дел од неговата работа се однесува на развојот на универзумот од неговите први секунди, тој е многу скептичен за тоа дали можеме да го осознаеме самиот почеток, и изјавил, „За голема несреќа некој мисли за почетокот, додека пак сè уште ние немаме добра теорија за такво нешто како почетокот."[7]
Пиблс себеси се опишува како убедлив агностик.[8]
Младост
[уреди | уреди извор]Пиблс е роден на 25 април 1935 година во Сен Бонифас, денешен Винипег, Манитоба, Канада, како син на Ада Марион (Грин), домаќинка, и Ендру Чарлс Пиблс, кој бил вработен во Винипешката житна берза.[9] Тој дипломирал на Манитобскиот универзитет. Ја напуштил Манитоба есента 1958 година за да го продолжи своето школување на Принстон, каде и го стекнал својот докторат во 1962 година[10][11] под менторство на физичарот Роберт Дике.[12] Тој продолжил да работи на Оринстон во текот на својата кариера. Пиблс бил член на Школата за природни науки при Институтот за природни студии во текот 1977–78, тој направил дополнителни посети во текот на 1990–91 и 1998–99.[13]
Академска кариера
[уреди | уреди извор]Поголемиот дел од Пиблосовата работа од 1964 година па натака е поврзана со полето на физичката космологија за да се определи потеклото на универзумот. Во 1964 година, постоел мал интерес за полето и се сметало дека претставува „слеп крај“ но Пиблс бил посветен на неговото изучување.[14] Пиблс дал големи придонеси за моделот на Големата експлозија. Со Дике и останатите (скоро две децении по Џорџ Гамов, Ралф Алфер и Роберт Херман), Пиблс го предвидел позадинското микробраново зрачење. Исто така има и значајни придонеси и за исконската нуклеосинтеза, темната материја и темната енергија, тој е водечки пионер за теоријата на космичко создавање на структури во 1970-ите. Долго пред да се смета за сериозна, квантитативна гранка на физиката, Пиблс ја изучувал физичката космологија и направил многу за нејзиното воспоставување.[15] Пиблс има изјавено, „Не станува збор за единствен чекор, некои критични откритија кој одеднаш ја направија космологијата значајна, но полето самата наука низ бројни експериментални набљудувања. Јасно е дека е едно од најважните откритија во текот на мојата кариера е откривањето на позадинското микробраново зрачење (ПМЗ), зрачење кое веднаш го привлече вниманието [...] истовремено експерименталистите заинтересирани за мерење на својствата на ова зрачење и теоретичарите, кои се придружија за анализирање на последиците“.[16] Неговиот говор за Шовова награда вели „Тој ги постави темелите за скоро сите современи истражувања во космологијата, како теориски така и набљудувачки, трансформирајќи високо шпекулативно поле во прецизна наука.“[17]
Пиблс има долго досие на иновации и основни идеи, кои подоцна биле изучувани од други научници. На пример, во 1987 година, тој го предложи исконкиот изозакривен барионски модел за развојот на раниот универзум.[18] Слично, Пиблс дал придонес и во воспоставувањето на проблемот на темната материја во почетокот на 1970-ите.[19] Пиблс е познат и по Острикер–Пибелсовата релација, за стабилноста на создавањето на галаксиите.[20]
Peebles' body of workПиблсовата работа била препозната кога р=тој ја добива Нобеловата награда за физика во 2019 година за „откритијата во теориската физичка космологија“, Пиблс поделил половина од наградата со Мишел Мајор и Дидје Кело кои биле првите кои откриле вонсончева планета околу ѕвезда од главната низа.[21]
Почести
[уреди | уреди извор]- Награди
- Едингтонов медал (1981)[22]
- Хајнеманова награда (1982)[23]
- Член на Кралското друштво (1982)[24]
- Хенри Норис Раселова титула (1993)[22]
- Брусов медал (1995)[25]
- Медал „Оскар Клајн“ (1997)[26]
- Златен медал на Кралското астрономско друштво (1998)[27]
- Груберова награда за космологија (2000), with Allan Sandage[28]
- Харвиева награда (2001)[29]
- Шовова награда (2004)[30]
- Крафордова награда со Џејмс Ган и Мартин Рис (2005)[31]
- Хичкокова титула (2006)[32]
- Дираков медал (2013)[33]
- Член на Редот на Манитоба (2017)[34]
- Нобелова награда за физика (2019)[35]
- Именувани во негова чест
Наводи
[уреди | уреди извор]- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Peebles, P. J. E. (1971). Physical Cosmology. Princeton: Princeton University Press.
- Peebles, P. J. E. (1980). The large-scale structure of the universe. Princeton: Princeton University Press.
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Peebles, P. J. E. (1992). Quantum Mechanics. Princeton: Princeton University Press.
- Peebles, P. J. E. (1993). Principles of Physical Cosmology. Princeton: Princeton University Press.
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ „Princeton University Physics Department“. Архивирано од изворникот на May 11, 2011.
- ↑ „Princeton University News“. Архивирано од изворникот на April 13, 2016.
- ↑ Hooper, Dan (October 12, 2019). „A Well-Deserved Physics Nobel - Jim Peebles' award honors modern cosmological theory at last“. Scientific American. Посетено на October 13, 2019.
- ↑ „The Nobel Prize in Physics 2019“. Nobel Media AB. Посетено на October 8, 2019.
- ↑ Chang, Kenneth; Specia, Megan (October 8, 2019). „Nobel Prize in Physics Awarded for Cosmic Discoveries - The cosmologist James Peebles split the prize with the astrophysicists Michel Mayor and Didier Queloz, for work the Nobel judges said "transformed our ideas about the cosmos."“. The New York Times. Посетено на October 8, 2019.
- ↑ Kaplan, Sarah (8 October 2019). „Nobel Prize in physics awarded for research on exoplanets and the structure of the universe“. Washington Post. Посетено на 13 October 2019.
- ↑ Couronne, Ivan (November 14, 2019). „Top cosmologist's lonely battle against 'Big Bang' theory“. Phys.org. Посетено на November 14, 2019.
- ↑ „Jim Peebles - Session II“. www.aip.org (англиски). 2015-04-01. Посетено на 2019-10-29.
- ↑ Narins, Brigham, уред. (2001). Notable Scientists from 1900 to the Present. 4 (N–S) (2. изд.). Gale Group. ISBN 9780787617554 – преку Google Books.
- ↑ „Phillip James E. Peebles Astronomy, Astrophysics and Space Science“. science.ca. GCS Research Society. October 8, 2019. Посетено на October 8, 2019.
- ↑ Peebles, Phillip James Edwin (1962). Observational tests and theoretical problems relating to the conjecture that the strength of the electromagnetic interaction may be variable (Ph.D. thesis). Princeton University. OCLC 83718695 – преку ProQuest.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ „Phillip James E. Peebles“. Institute for Advanced Study. Посетено на October 8, 2019.
- ↑ Garlinghouse, Tom (October 8, 2019). „A 'joy ride' of a career: Peebles wins Nobel Prize in Physics for tackling big questions about the universe“. Princeton University. Посетено на October 9, 2019.
- ↑ „General Relativity's Influence and Mysteries“. Institute for Advanced Study (англиски). Посетено на October 8, 2019.
- ↑ „Interview with James Peebles“. CERN EP newsletter (англиски). Посетено на May 4, 2016.
- ↑ „Announcement-The Shaw Laureate in Astronomy 2004“. Shaw Foundation. Архивирано од изворникот на 2013-01-09. Посетено на January 27, 2016.
- ↑ Hu (June 28, 1994)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Binney, James; Tremaine, Scott (1987). Galactic Dynamics (англиски). Princeton University Press. стр. 374. ISBN 9780691084459.
- ↑ Chang, Kenneth; Specia, Megan (October 8, 2019). „Nobel Prize in Physics Awarded for Studies of Earth's Place in the Universe“. The New York Times. Посетено на October 9, 2019.
- ↑ 22,0 22,1 Weintraub, David A. (2011). How Old Is the Universe? (англиски). Princeton University Press. стр. 317. ISBN 9780691147314. Посетено на October 8, 2019.
- ↑ „Dannie Heineman Prize for Astrophysics | American Astronomical Society“. aas.org. Посетено на October 8, 2019.
- ↑ „Phillip Peebles biography“. Royal Society. Посетено на January 24, 2017.
- ↑ „The Bruce Medalists“. www.phys-astro.sonoma.edu. Посетено на October 8, 2019.
- ↑ „Earlier Lectures - Oskar Klein Centre“. www.okc.albanova.se. Архивирано од изворникот на 2020-11-04. Посетено на October 8, 2019.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ „2000 Gruber Cosmology Prize | Gruber Foundation“. gruber.yale.edu. Посетено на October 8, 2019.
- ↑ „Princeton Announcements, June 2001 - Archived“. www.princeton.edu. Посетено на October 8, 2019.
- ↑ „The Shaw Prize - Top prizes for astronomy, life science and mathematics“. www.shawprize.org. Архивирано од изворникот на 2018-04-05. Посетено на October 8, 2019.
- ↑ „The Crafoord Prize 2005“. www.crafoordprize.se. Посетено на October 8, 2019.
- ↑ „Charles M. and Martha Hitchcock Lectures | Series | Berkeley Graduate Lectures“. gradlectures.berkeley.edu. Посетено на October 8, 2019.
- ↑ „FACULTY AWARD: Peebles awarded 2013 Dirac Medal for work in theoretical physics“. Princeton University (англиски). Посетено на October 8, 2019.
- ↑ „12 Manitobans to receive province's highest honour this summer“. CBC.ca. May 12, 2017. Посетено на October 8, 2019.
- ↑ „The Nobel Prize in Physics 2019“. Nobel Media AB. Посетено на October 8, 2019.
- ↑ „Asteroid (18242) Peebles“. Royal Astronomical Society of Canada. Посетено на October 9, 2019.
Библиографија
[уреди | уреди извор]Сколија има профил за Q728331 (Џим Пиблс). |
- Hu, Wayne (June 28, 1994). „The Nature versus Nurture of Anisotropies“. CMB Anisotropies Two Years After Cobe: Observations: 188. arXiv:astro-ph/9406071. Bibcode:1994caty.conf..188H.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Bruce Medalists
- Personal Web page at Princeton University (Photos)
- A Discussion on General Relativity by Students of John Wheeler and Bob Dicke, organized by Jim Peebles
- Oral History interview transcript with Jim Peebles April 4 and 5, 2002, American Institute of Physics, Niels Bohr Library and Archives Архивирано на 12 септември 2011 г.
|
|
- Родени во 1935 година
- Американски астрономи
- Американски астрофизичари
- Американски нобеловци
- Канадски астрофизичари
- Канадски нобеловци
- Космолози
- Членови на Кралското друштво
- Членови на Националната академија на науките на САД
- Добитници на Нобеловата награда за физика
- Апсолвенти на Принстонскиот универзитет
- Носители на Златниот медал од Кралското астрономско друштво
- Членови на Американското филозофско друштво