Прејди на содржината

Јужен Урал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јужен Урал од вселената

Јужен Урал руски: Ю́жный Ура́л) — јужниот и најширок дел на планинскиот систем Урал. Се протега од реката Уфа (кај селото Долно Уфалеј) до реката Урал. Од запад кон исток, венецот е ограничен од рамничарскиот дел на Источна Европа, Западносибирската Рамнина[1] и степите кај Аралското и Каспиското Море.

Јамантау

Венецот е долг 550 км.[1] Највисокиот врв е Јамантау со 1.640 м. Подножјето е мошне раширено, и се протега дури 250 км наспроти просечната ширина на Урал во целина, која изнесува 40 до 150 км.

Релјефот на Јужен Урал е посложен, со бројни долини и напоредни сртови во насока југ-запад и напречно. Во венецот влегуваат и Илменските Планини, одделени од главниот венец со реката Миас. Другите позначајни врвови се сместени долж сртот на Иремел (Голем и Мал). Јужен Урал се протега 550 км до наглиот свиок на реката Урал во западен правец и завршуваат во широките ридови наречени Мугоџари.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]