Прејди на содржината

Јасин Брахими

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алжир Јасин Брахими
Лични податоци
Роден на 8 февруари 1990(1990-02-08)(34 г.)
Роден во Париз, Франција
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Порто Порто
Број 8
Агент Белгија Давид Ласарасина
Младинска кариера
Монтреј
Винсеноа
Клерфонтејн
Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен
Рен Рен
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009–2013 Рен Рен 39 (6)
2009-2010Клермон Клермон 32 (8)
2012-2013Гранада Гранада 27 (0)
2013-2014 Гранада Гранада 35 (3)
2014- Порто Порто 5 (0)
Репрезентација
2006 Франција Франција 16 7 (2)
2006 Франција Франција 17 3 (0)
2007-2008 Франција Франција 18 5 (1)
2008-2009 Франција Франција 19 25 (11)
2010 Франција Франција 20 5 (1)
2010-2012 Франција Франција 21 8 (1)
2013- Алжир Алжир 10 (2)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Јасин Брахими (роден на 8 февруари 1990 година, Париз Франција) — алжирски фудбалер, играч од средниот ред на Порто и алжирската репрезентација.

Технички одлики

[уреди | уреди извор]

Може да игра на две позиции во средниот ред: офанзивен халф и крило. Тој е опишан како "технички надарен играч". Неговиот тренер додека настапувал за Рен, Фредерик Антонети, изјавил дека Брахими ќе биде "идниот плејмејкер на клубот".[1]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Рана кариера

[уреди | уреди извор]

Брахими е роден во Париз од алжирски родители и израснал во источните предградија на Париз во Монтреј во Сена-Сен Дени.[2] Додека растел, тој често се обидувал да го имитира Зинедин Зидан кога играл фудбал на улица со другарите.[3] Брахими ја започнал својата фудбалска кариера играјќи за локалниот клуб АСБ Монтреј. По четири години престој таму, тој му се приклучил на Винсеноа, за кој претходно играл и Лига 1 играчот Блез Матуиди. Две години подоцна, Брахими бил избран да присуствува на реномираната Клерфонтејн академија со цел да се унапреди неговиот развој. Додека тренирал во Клерфонтејн во текот на неделата, тој редовно играл за Винсеноа за време на викендите. Во неговата последна година на Клерфонтејн, Брахими поминал една година во Камп дес Логес, младинскиот центар за обука на Париз Сен Жермен, каде тренирал заедно со репрезентативниот младински колега Мамаду Сако.[4] И покрај тоа што бил поврзуван со неколку поголеми француски и европски клубови, по неговиот мандат во Клерфонтејн, тој потпиша аспирантски (младински) договор со Рен. Во октомври 2010 година, Брахими навел дека го избрал Рен како негово одредиште поради образовната вредност на клубот. Тој изјавил: "Во Рен, академијата дава голема важност на училиштето и тоа беше гаранција за моите родители. Тие ми препорачаа да го изберам Рен. На тој начин, би можел да продолжам да тренирам фудбал додека се подготвувам за мојот матурски испит.[4]

Брахими му се приклучил на Рен и многу брзо станал дел од мноштвото таленти во младинската школа на клубот. Тој им се придружил на Дамјен Ле Талек, помладиот брат на Антони Ле Талек, Јан М'Вила, Јохан Ласиман, Кевин Теофил-Катерини и Самуел Супрајен како младинци на клубот од кој најмногу се очекувало. Во 2008 година, младинската школа на Рен го постигнала својот најголем успех со освојувањето на Гамбардела купот. Тоа бил третиот наслов за Рен во Гамбардела купот и прва по 2003 година, кога Јоан Горкуф и Силван Марво играле за тимот во оваа конкуренција. По завршувањето на сезоната 2007-08, на 23 јуни Брахими го потпишал својот прв професионален договор се согласувајќи се на три-годишна верност до јуни 2011 година.[5] Иако потпишал професионален договор, на Брахими не му бил доделен број за сениорскиот тим и бил вклучен во натпреварите на Рен 2 во четвртата лига каде се појавил во 22 натпревари и постигнал три гола помагајќи му на тимот да заврши 1. меѓу професионалните клубови во својата група, со што се квалификувале за плејофот, каде што загубиле од Лион во полуфиналето.[6]

Заемот во Клермон

[уреди | уреди извор]

По успешната репрезентативна сезона со Франција, во Рен одлучиле дека ќе биде најдобро да го испратат младиот играч на позајмица за да добие поголема минутажа на теренот. На 3 јули 2009 година, клубот објавил дека Брахими ќе му се приклучи на клубот од Лига 2, Клермон на заем до завршувањето на сезоната 2009-10.[7] Брахими пристигнал во клубот по завршувањето на Европското првенство за играчи под-19 години, заедно со новиот колега кој бил позајмен од Јувентус Карло Векионе и му бил доделен на дресот со број 28. Тој го направил своето професионално деби во првото коло од сезоната, појавувајќи се како замена во поразот со 2-1 од Арл-Авињон.[8] Тој го постигнал својот прв гол за клубот на 25 септември успешно реализирајќи удар од 11 метри во победата на клубот со 3-2 над Анжер.[9] Првиот гол од игра Брахими го постигнал на 4 декември во победата со 3-1 над Бастија на гости.[10] Две недели подоцна, тој постигнал гол повторно, од уште еден пенал во ремито 1-1 со Генгамп.[11]

На 23 март 2010 година, Брахими го постигнал првиот гол во победата на Клермон со 3-0 над Ајачо.[12] Три дена подоцна, тој постигна гол и имал една асистенција во победата со 3-1 на гостувањето кај Истрес.[13] Еден месец подоцна, Брахими го реализирал својот трети пенал во сезоната во победата со 3-2 победа над Дижон.[14] Победата го искачила Клермон до 4-тото место во лигата и само три бода далеку од местото кое носи промоција. Следната недела, Брахими продолжи да ја прикажува неговата офанзивна моќ постигнувајќи нов гол против Ле Авр. Натпреварот, сепак, завршил негативно за Клермон бидејќи клубот загубил со 2-1.[15] Тоа бил првиот пораз на Клермон во натпревар во кој Брахими постигнал гол. Три дена подоцна, Брахими го постигнал својот осми погодок во кампањата во победата со 3-1 против Генгамп.[16] Победата му донела златна шанса на клубот да се избори за промоција бидејќи во последното коло од сезоната 4. пласираниот Клермон требало да се соочи со 3. пласираниот Арл-Авињон и со победата би заработиле промоција во Лига 1. За жал на Клермон, клубот не успеал да за првпат во историјата да заигра во Лига 1, бидејќи го загубиле решавачкиот натпревар со 1-0. Брахими играл до 89-тата минута од натпреварот и добил жолт картон во 72-рата минута.[17]

Враќање во Рен

[уреди | уреди извор]
Брахими по натпреварот против Каен во јули 2010 година.

По завршувањето на сезоната, на 15 мај 2010 година, тренерот на Рен Фредерик Антонети потврдил дека Брахими ќе се врати во тимот, и покрај интересот од англискиот клуб Арсенал и шпанскиот Реал Мадрид, и дека тој ќе биде во голема мера играчот на кој ќе се потпира за сезоната 2010-11 и можеби ќе му служи како плејмејкер заменувајќи го Жером Лерој кој бил веќе во поминати играчки години.[18][19][20][21][22] На 7 август 2010 година, Брахими го направил своето деби за Рен играјќи во отворањето на првенствената сезона на клубот во натпревар против Лил. Тој го започнал натпреварот и одиграл 71 минута, а завршил со резултат 1-1.[23] Следниот ден, од Рен најавиле дека Брахими потпишал продолжување со клубот за нов четири-годишен договор.[24] Новиот договор требало да го задржи во клубот до јуни 2014 година.[25]

На 14 август 2010 година, Брахими го постигна својот прв гол во неговата кариерата во Рен во победата со 3-0 над Нанси.[26] Во еден дел од сезоната кога резултатите на клубот не биле добри, младиот плејмејкер бил во голема суша не успевајќи да постигнувајќи ниту еден гол, а дури немал ниту една асистенција. Како резултат на тоа, Брахими бил изваден од почетната постава. По зимската пауза, Брахими се вратил во форма постигнувајќи гол и асистирајќи во победата на тимот со 7-0 над третолигашот Кан во Купот на Франција.[27] Една недела подоцна, тој постигнал два гола во победата со 4-0 во лигата над Арл-Авињон.[28] На 5 февруари 2011 година, Брахими постигнал гол против својот поранешен младински клуб Париз Сен Жермен. Неговиот гол постигнат со удар од работ на шеснаесетникот во поблискиот агол на голманот, бил единствениот погодок на овој натпревар и победата го искачила Рен до еднаков збир на бодови со Париз Сен Жермен на делба на второто место.[29]

На 30 август 2012 година, Брахими потпишал на заем за шпанската Гранада за сума од 700.000 €, со опција да потпише постојан договор за 4.000.000 €.[30] Своето деби го направил на 16 септември 2012 против Депортиво Ла Коруња на домашен терен, појавувајќи се како замена на полувремето на местото на Јусеф Ел Араби. На 7 октомври, за првпат во неговата професионална кариера зараборил црвен картон, откако му бил покажан втор жолт во 67-мата минута од гостувањето кај Мајорка. Сезоната ја завршил со 27 настапи во Ла Лига и еден еден во купот, но неуспеал да постигне ниту еден погодок.

На 4 јуни 2013 година, Гранада ја искористила опцијата за откуп на играчот, кога тој потпишал четири годишен договор со клубот.[31] Својот прв гол во шпанскиот фудбал го постигнал од пенал на 1 декември 2013, во поразот на домашен терен од Севиља со 1-2. Првиот гол од игра го постигнал во победата на домашен терен над Елче со 1-0. На 12 април 2014, Брахими бил одлучувачки протагонист за победата на Гранада над Барселона со 1-0 на домашен терен.[32] Втората сезона ја завршил со 35 првенствени настапи и 3 гола и бил еден од клучните играчи на Гранада која го повторила успехот од претходната сезона завршувајќи на 15. место во Ла Лига.

На 22 јули 2014 година, Порто објавиле дека го договориле доаѓањето во клубот на Брахими од Гранада за сума од 6,5 милиони во 5-годишен договор.[33][34][35] По потпишувањето на договорот му бил доделен дресот со број 8.[36]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. „Yacine Brahimi se construit un avenir radieux“. Rennes Maville (француски). 9 January 2011. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 15 January 2011.
  2. „Yacine Brahimi: J'ai dit non à la Coupe du monde, mais je ne dis pas non à l'Algérie“. 123 Vive Algerie. 11 May 2010. Архивирано од изворникот на 2016-01-26. Посетено на 24 June 2010.
  3. „Yacine Brahimi, le feu follet veut oublier“. Caen Maville. 23 May 2009. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 24 June 2010.
  4. 4,0 4,1 „Brahimi, marked out for success“. Stade Rennais F.C. 16 February 2011. Посетено на 26 February 2011.
  5. „Yacine Brahimi passe pro“. Stade Rennais F.C. (француски). 23 June 2008. Посетено на 24 June 2010.
  6. „Réserves, demi-finale: Lyon élimine Rennes aux tirs au but“. Stade Rennais F.C. (француски). 2 June 2009. Посетено на 24 June 2010.
  7. „Rennes: Yacine Brahimi prêté à Clermont“. Fédération Internationale de Football Association (француски). 3 July 2009. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на 24 June 2010.
  8. „Clermont v. Arles Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 7 August 2009. Посетено на 24 June 2010.
  9. „Clermont v. Angers Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 25 September 2009. Посетено на 24 June 2010.
  10. „Bastia v. Clermont Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 4 December 2009. Посетено на 24 June 2010.
  11. „Guingamp v. Clermont Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 22 December 2009. Посетено на 24 June 2010.
  12. „Clermont v. Ajaccio Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 23 March 2010. Посетено на 24 June 2010.
  13. „Istres v. Clermont Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 26 March 2010. Посетено на 24 June 2010.
  14. „Dijon v. Clermont Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 23 April 2010. Посетено на 24 June 2010.
  15. „Le Havre v. Clermont Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 4 May 2010. Посетено на 24 June 2010.
  16. „Clermont v. Guingamp Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 7 May 2010. Посетено на 26 February 2011.
  17. „Arles-Avignon v. Clermont Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 15 May 2010. Посетено на 26 February 2011.
  18. „Rennes prospect Yacine Brahimi aware of Real Madrid interest“. Tribal Football. 11 May 2010. Архивирано од изворникот на 2010-05-15. Посетено на 24 June 2010.
  19. „Arsenal & Real Madrid target Rennes starlet Yacine Brahimi“. New York Daily News. 6 May 2010. Посетено на 24 June 2010.[мртва врска]
  20. „Antonetti compte cur Brahimi“. Mercato365. 1 June 2010. Архивирано од изворникот на 2010-06-03. Посетено на 24 June 2010.
  21. „Antonetti "compte sur Brahimi". France Football (француски). 1 June 2010. Архивирано од изворникот на 2010-06-04. Посетено на 24 June 2010.
  22. „Yacine Brahimi grandit à l'ombre des volcans“. Rennes Maville (француски). 31 March 2010. Архивирано од изворникот на 2012-09-07. Посетено на 24 June 2010.
  23. „Rennes v. Lille Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 7 August 2010. Посетено на 8 August 2010.
  24. „Y. Brahimi signe un contrat de 4 ans“. Stade Rennais F.C. (француски). 7 August 2010. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 8 August 2010.
  25. „Brahimi jusqu'en 2014“. France Football (француски). 8 August 2010. Посетено на 8 August 2010.[мртва врска]
  26. „Nancy v. Rennes Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 14 August 2010. Посетено на 15 January 2011.
  27. „Rennes v. Cannes Match Report“. L'Equipe (француски). 9 January 2011. Архивирано од изворникот на 2011-01-12. Посетено на 15 January 2011.
  28. „Rennes v. Arles-Avignon Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 15 January 2011. Архивирано од изворникот на 2011-01-19. Посетено на 15 January 2011.
  29. „Rennes v. Paris Saint-Germain Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 5 February 2011. Посетено на 26 February 2011.
  30. Prieto, Juan (30 August 2012). „Yacine Brahimi llega como cedido al Granada [Yacine Brahimi arrives on loan at Granada]“. Marca (француски). Посетено на 17 September 2014.
  31. „El Granada se queda con Brahimi [Granada stick with Brahimi]“. Marca (шпански). 4 June 2013. Посетено на 17 September 2014.
  32. „Granada 1-0 Barcelona: No revival for Barca in Granada“. Inside Spanish Football (англиски). 4 June 2013. Посетено на 17 September 2014.[мртва врска]
  33. „Porto sign Algeria's Brahimi from Granada“. King Fut. 2014-07-23.
  34. „Porto sign Yacine Brahimi“. GIVEMESPORT. 2014-07-23. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2014-11-18.
  35. „COMUNICADO“ (PDF). FC Porto (португалски). CMVM. 22 July 2014. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-07-26. Посетено на 4 August 2014.
  36. Following in the steps of Madjer, Brahimi has the world at his feet