Прејди на содржината

Хенри Хадсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 13:21, 13 јули 2024; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (top: Отстранета врска, replaced: Cornell University Press → Cornell University Press)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Хенри Хадсон
Роден(а)ц. 1560/70-ти
Англија
Занимањеистражувач и морепловец, писател

Хенри Хадсон ( ок.1565 г – исчезнал на 23 јуни 1611) ― англиски истражувач и морепловец познат по неговите истражувања на денешна Канада и делови од североисточниот дел на САД.

Во 1607 и 1608 година, Хадсон два пати се обидел да го пронајде претпоставениот северен морски коридор до Китај преку пат над Северниот Поларник. Во 1609 година, пристигнал во Северна Америка во име на Холандската источноиндиска компанија и го истражувал регионот околу денешната област на Њујорк. Во потрага по северозападниот премин кон Азија [1] со неговиот брод Halve Maen („Полумесечина“), запловил по реката Хадсон, која подоцна била именувана по него, и со тоа ги поставил темелите за холандската колонизација на регионот. Неговиот придонес во истражувањето на Новиот свет бил значаен и траен. Неговите патувања помогнале во воспоставувањето контакт на Европјаните со староседелците во Северна Америка и придонел за развојот на трговијата.

На неговата последна експедиција, додека сè уште го барал северозападниот премин, Хадсон станал прв Европеец кој го здогледал Хадсоновиот Теснец и огромниот Хадсонов Залив.[2] Во 1611 година, по презимувањето на брегот на Џејмсовиот Залив, Хадсон сакал да продолжи на запад, но поголемиот дел од неговиот екипаж се побунил. Бунтовниците го фрлиле на Хадсон во море во чун заедно со неговиот син и уште шестмина други; тие повеќе не биле видени.[3] И покрај подоцнежните потраги, вклучувајќи ги и оние што ги спровеле Томас Батон во 1612 година и Захарија Гилам во 1668-1670 година, нивната судбина останала непозната.[4][5]

Покрај Хадсоновиот Залив и Хадсоновиот Проток во Канада, по Хадсон се именувани и многу други топографски места и знаменитости. Реката Хадсон во Њујорк и Њу Џерси е именувана по него, како и Округот Хадсон во Њу Џерси, мостот Хенри Хадсон, патот Хенри Хадсон во Њујорк и градот Хадсон во сојузната држава Њујорк.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. De Laet, J. (1625). Nieuvve wereldt, ofte, Beschrijvinghe van West-Indien (холандски). Leyden: Elzevier. стр. 83. OCLC 65327738.
  2. Rink, O. A. (1986). Holland on the Hudson: an economic and social history of Dutch New York. Ithaca: Cornell University Press. стр. 29. ISBN 978-0801418662.
  3. „Biography – Hudson, Henry – Volume I (1000–1700) – Dictionary of Canadian Biography“. www.biographi.ca. Посетено на 2023-05-24.
  4. „Thomas Button Searches for Remains of Henry Hudson“. Trajan Publishing Corporation. 14 April 2015. Архивирано од изворникот на 29 March 2017. Посетено на 28 March 2017.
  5. „The Aftermath of Hudson's Voyages and Related Notes“. Ian Chadwick. 19 January 2007. Посетено на 28 March 2017.