Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 147.094 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Владимир Комаров (1927 — 1967) — советски космонаут, тест-пилоот и инженер, којшто бил еден од првата група на космонаути избрани во 1960 година. Тој бил еден од најискусните и најдобро обучени кандидати коишто биле примени во Првата група на космонаути на СССР.

Во два наврата за време на неговото учество во програмата било потврдено дека Комаров е медицински неспособен за обука или лет во вселената, но неговата упорност и одлични вештини и знаења како инженер му овозможиле да продолжи да има активна улога во програмата. За време на неговата работа во Центарот за подготовка на космонаути (руски: Центр Подготовки Космонавтов), тој дал придонес во дизајнирањето на вселенско летало, обучувањето на космонаути и нивна оценка, како и во односите со јавноста. Најпосле, тој бил назначен да раководи со првиот советски повеќечлен екипаж „Восход 1“, којшто содржел бројни технички новини во Вселенската трка. Комаров подоцна бил задолжен со задачата да раководи со „Сојуз 1“ како дел од обидот на Советскиот Сојуз да победи во битката за освојување на Месечината.

Неговиот лет со „Сојуз 1“ го направил првиот човек којшто летал во вселенското пространство повеќе од еднаш, а по судирот на „Сојуз 1“ при враќањето од вселената на 24 април 1967 година и првиот човек којшто загинал за време на лет во вселената. Добитник е на бројни награди и одличја, а во два наврати бил одликуван со орденот Херој на Советскиот Сојуз. Во негова чест биле наречени бројни објекти, улици, астероид и кратер на Месечината. Неговото име се споменува и во бројни уметнички творби, а неговиот лик е отсликан на потештенски марки издадени во повеќе земји низ светот. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Шриланечки слон (Elephas maximus maximus) со млади. Национален парк „Јала“, Шри Ланка.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Предел во подрачјето Купола C на Антарктикот
Предел во подрачјето Купола C на Антарктикот
На денешен ден…

Денес е 21 октомври 2024 г.

Настани:

1805  Во Битката кај Трафалгар британската флота предводена од адмиралот Хорацио Нелсон ја победила здружената Француска и Шпанска флота. Оваа победа претставувала почеток на светската доминација на британската морнарица во следните 130 години.
1824  Џозеф Аспдин, ѕидар од Лидс, Англија, го патентирал портландскиот цемент.
1941  Втора светска војна: Поради загубите што ги претрпеа фашистичките единици во судирите со партизаните, Германците, како акт на одмазда, извршија масовно злосторство во Крагуевац, во Србија - од 21 до 23 октомври стрелаа околу 7.000 граѓани, меѓу кои имаше многу ученици и деца.
1967  Над 100.000 демонстранти протестирале против Виетнамската војна во Вашингтон, САД. 683 лица биле уапсени поради судири со полицијата.
1995  По одземањето на парламентарниот имунитет, генералниот секретар на НАТО, Вили Клас поднесе оставка.
1997  Мило Ѓукановиќ е избран за претседател на Црна Гора.
2010  Усвоено новото знаме на Мјанмар (Бурма).

Родени:

1833  Алфред Нобел — шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец
1917  Дизи Гилеспи — американски џез-музичар.
1919  Димче Јанкомакедонски копаничар од Охрид.
1933  Франциско Генто — шпански фудбалер.
1942  Елвин Бишопамерикански блуз-музичар.
1942  Кристофер Симс — американски економист, добитник на Нобеловата награда.
1945  Никита Михалков — руски филмски режисер и глумец.
1955  Френк Херш — американски џез-музичар
1956  Андро Кнего — хрватски и југословенски кошаркар.
1957  Џулиен Коуп — англиски рок-музичар.
1967  Пол Инс — англиски фудбалер.
1981  Немања Видиќ — српски фудбалер.
1987  Георги Братоев — бугарски одбојкар.
1987  Валентин Братоев — бугарски одбојкар.
1990  Рики Рубио — шпански кошаркар.
1995  Јулимар Рохас — венецуелска атлетичарка.

Починале:

1494  Џан Галеацо Сфорца — војвода од Милано.
1641  Хорацие Мажибрадиќ — хрватски поет.
1927  Бора Станковиќ — српски писател.
1931  Артур Шницлер — австриски писател.
1969  Џек Керуакамерикански писател, претставник на таканаречената „бит-генерација
1984  Франсоа Трифо — француски филмски режисер.
2003  Елиот Смитамерикански рок музичар.
2022  Масато Кудо — јапонски фудбалер.
2023  Боби Чарлтон — англиски фудбалер.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич


Јазик