Полов однос, полово општење или секс (од лат.sexus, „пол“) означува чин помеѓу две или повеќе личности или животни (од различен или од ист пол) при што доаѓа до стимулација на половиот орган на барем еден учесник. Оваа широка дефиниција за половиот однос ги опфаќа вагинално-пенилниот, оралниот и аналниот секс, како и заемна мастурбација. Во најширока смисла на зборот, сексот претставува вагинално-пенилен однос при кој доаѓа до оплодување и размножување.
Во средниот век, сексуалните односи биле сметани за грев и биле дозволени само за размножување, но никако заради „љубовно уживање“. Оттука, од верниците се барало да се покаат за своите сексуални односи, а во „покајничките книги“ биле предвидени строги казни не само за телесните задоволства, туку и за самата помисла на блуд.[1] Според германскиот филозофФридрих Ниче, секое презирање на сексуалниот живот и неговото означување со поимот „нечист“ претставува злосторство кон животот и „вистински грев против светиот дух на животот“.[2]
Половиот однос како тема во уметноста и во популарната култура
„Андрогина интерсексуалност“ - кус расказ на македонскиот писател Климент Булоски (под псевдонимот Дозгулпмус) од 2008 година.[3]
„Келнерот и перачката“ — кус расказ на британската писателка Џоана Волш од 2015 година.[4]
„Принцезата и пенисот“ — кус расказ на британската писателка Џоана Волш од 2015 година.[5]
„Во друг дел од шумата“ — кус расказ на британската писателка Џоана Волш од 2015 година.[6]
„Записник од состанокот меѓу госпоѓата Дарси Хурлбат, Хортенсија Шејкли, Рејмонд Матс и доктор Максмен, вклучувајќи го и повикот по Скајп до госпоѓата Густи Словак“ — кус расказ на британската писателка Џоана Волш од 2015 година.[7]
„Набави си муда“ — кус расказ на британската писателка Џоана Волш од 2015 година.[8]
„Зависник од оргазам“ (англиски: Orgasm Addict) — песна на британската панк-рок група Базкокс (Buzzcocks) од 1977 година.[13]
„Секс под вода“ (германски: Sex Unter Wasser) — песна на германското електронско дуо ДАФ од 1981 година.[14]
„Електричен оргазам“ (српски: Električni orgazam) — песна на српската рок група Електрични оргазам од 1981 година.[15]
„Сексуално лечење“ (англиски: Sexual Healing) — песна на американскиот соул-музичарМарвин Геј (Marvin Gaye) од 1982 година.[16]
„Секс и насилство“ (англиски: Sex and Violence) — песна на британската панк-рок група The Exploited од 1981 година.[17]
„Сексуално малтретирање на работното место“ (англиски: Sexual Harassment In The Workplace) — песна на американскиот рок-музичар Френк Запа (Frank Zappa).[18]
„Крал на сексот“ (англиски: King Of Sex) — песна на американската рок-група Килдоузер (Killdozer) од 1985 година.[19]
„Без секс“ (англиски: No Sex) — песна на канадската рок-група Ноуминсноу (Nomeansno) од 1982 година.[20]
„Сексуален лудак“ (англиски: Sex Mad) — песна од истоимениот музички албум на канадската рок-група Ноуминсноу од 1986 година.[21]
„Сер секси лудак“ (англиски: Sir Psycho Sexy) — песна на американската рок-група Ред хот чили пеперс (Red Hot Chili Peppers) од 1991 година.[22]
„Крв, шеќер, секс, магија“ (англиски: Blood Sugar Sex Magik) — песна од истоимениот музички албум на Ред хот чили пеперс од 1991 година.[22]