Примера Дивисион (Шпанија)
Земја | Шпанија |
---|---|
Конфедерација | УЕФА |
Основана | 1929 |
Број на клубови | 20 |
Нивоа на пирамида | 1 |
Испаѓање во | Сегунда Дивисион (втора лига) |
Домашен куп | Куп на Шпанија Суперкуп на Шпанија |
Тековен првак | Реал Мадрид (36. титула) (2023–24) |
Најмногу титули | Реал Мадрид (36 титули) |
Мрежно место | laliga.es |
Трофеј | |
Примера Дивисион (Шпанија) 2024-2025 |
Примера Дивисион на Шпанија, попозната и како Ла Лига или Ла Лига ЕА Спортс поради спонзорски причини,[1] е професионална фудбалска лига во Шпанија. Таа е највисокото ниво на шпанскиот фудбал и е управуванa од Liga de Fútbol Profesional.
Лигата е основана во 1929 година. Во неа се натпреваруваат 20 екипи, од кои последните три на крајот на секоја сезона испаѓаат во Сегунда Дивисион и од таму биваат заменети со други три.
Најуспешен клуб во натпреварувањето е Реал Мадрид со 36 титули, следен од Барселона и Атлетико Мадрид, со 27, односно 11 успеси.
На крајот од сезоната 2019-2020, Примера Дивисион го зазела првото место на рангирањето на УЕФА за клупски натпреварувања.[2] Во 2020 година, се нашла на 4-тото место на рангирањето на светските првенства во извештајот што го изготвува годишно IFFHS (3-то на континентално ниво).[3]
Формат
[уреди | уреди извор]Во Примера Дивисион учествуваат 20 екипи, кои се натпреваруваат едни против други по Бергеров систем, секој против секого во два натпревари на домашен и на гостински терен. За секој натпревар, три бода се доделуваат на победничката екипа и нула бодови на поразената, во случај на нерешено, по еден бод се доделува на секоја екипа.
Екипата кој ќе заврши како прворангирана на крајот од првенството добива титула „Шампион на лигата“ (титулата „Шампион на Шпанија“ е резервирана за победникот на Купот на Шпанија) и го добива правото да учествува во групата фаза од Лигата на шампионите заедно со второ, трето и четврто пласираните екипи. Петтопласираниот екипа и победникот на Купот на Шпанија стекнуваат право на учество во групната фаза на Лига Европа, додека шестиот (или седмиот) тим на табелата ќе учествува во плејофот на Лигата на конференции. Последните три екипи на табелата испаѓаат во Сегунда Дивисион, шпанската втора дивизија.
Број на клубови учесници
[уреди | уреди извор]- 1929-1934: 10 клубови
- 1934-1941: 12 клубови
- 1941-1950: 14 клубови
- 1950-1971: 16 клубови
- 1971-1987: 18 клубови
- 1987-1995: 20 клубови
- 1995-1997: 22 клубови
- 1997-денес: 20 клубови
Екипи
[уреди | уреди извор]Екипи во сезоната 2024-2025
[уреди | уреди извор]- Алавес
- Атлетик Билбао
- Атлетико Мадрид
- Барселона
- Бетис
- Валенсија
- Виљареал
- Еспањол
- Лас Палмас
- Леганес
- Мајорка
- Осасуна
- Рајо Валјекано
- Реал Ваљадолид
- Реал Мадрид
- Реал Сосиедад
- Севиља
- Селта Виго
- Хетафе
- Џирона
Шампиони
[уреди | уреди извор]Статистика
[уреди | уреди извор]Успешност по клубови
[уреди | уреди извор]Пласмани по клубови
[уреди | уреди извор]Ова се најдобрите пласмани на клубовите кои учествувале во досегашните 93 изданија на првенството од 1928-29 до 2023-24.
Примера Дивисион | |||||
Екипа | 1. место | 2. место | 3. место | Учества | Подиум % |
Реал Мадрид | 36 | 25 | 10 | 93 | 76% |
Барселона | 27 | 27 | 14 | 93 | 74% |
Атлетико Мадрид | 11 | 10 | 19 | 86 | 46% |
Атлетик Билбао | 8 | 7 | 10 | 92 | 27% |
Валенсија | 6 | 6 | 10 | 88 | 26% |
Реал Сосиедад | 2 | 3 | 2 | 76 | 10% |
Депортиво | 1 | 5 | 4 | 46 | 22% |
Севиља | 1 | 4 | 3 | 79 | 10% |
Бетис | 1 | 0 | 2 | 57 | 5% |
Реал Сарагоса | 0 | 1 | 4 | 57 | 9% |
Виљареал | 0 | 1 | 1 | 23 | 8% |
Спортинг Хихон | 0 | 1 | 1 | 42 | 5% |
Лас Палмас | 0 | 1 | 1 | 34 | 6% |
Расинг Сантандер | 0 | 1 | 1 | 44 | 4% |
Еспањол | 0 | 0 | 4 | 87 | 5% |
Реал Овиедо | 0 | 0 | 3 | 38 | 8% |
Мајорка | 0 | 0 | 2 | 30 | 7% |
Аренас Гечо | 0 | 0 | 1 | 7 | 14% |
Вкупно | 92 |
---|
Индивидуални достигнувња
[уреди | уреди извор]Статистиката е ажурирана на 3 мај 2024. Во болд се активни играчи.
Рекорд | 1. место | 2. место | 3. место |
Играч со најмногу настапи | Субисарета (622) Хоакин (622) |
Раул Гарсија (605) | Раул (550) |
Играч со најмногу постигнати голови | Лионел Меси (474) | Кристијано Роналдо (311) | Телмо Сара (251) |
Играч со најмногу асистенции | Лионел Меси (193) | Чави Ернандес (117) | Карим Бензема (105) |
Играч кој најмногу пати освоил Пичичи | Лионел Меси (8) | Телмо Сара (6) | Уго Санчес (5) Алфредо Ди Стефано (5) Кини (5) |
Играч со најмногу освоени титули | Франсиско Хенто (12) | Пири (10)
Лионел Меси (10) |
Амансио (9) Хосе Камачо (9) Сантиљана (9) Андрес Инјеста (9) Серхио Бускетс (9) |
Тренер со најмногу натпревари | Луис Арагонес (757) | Мигел Муњос (601) | Хавиер Ирурета (553) |
Логоа
[уреди | уреди извор]-
Лого користено до 2008
-
Лого од 2008 до 2016
-
Лого кое се користи од 2023
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „La liga española cambia de nombre: Por qué se abre esta nueva etapa con EA Sports, qué pasó con el Banco Santander, cómo es el nuevo acuerdo | Goal.com Espana“. www.goal.com (шпански). Посетено на 2023-07-04. Занемарен непознатиот параметар
|data=
(се препорачува|date=
) (help) - ↑ „UEFA Country Ranking 2020“. Архивирано од изворникот на 29 јули 2018. Посетено на 9 февруари 2021. Занемарен непознатиот параметар
|lingua=
(се препорачува|language=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|urlmorto=
(help) - ↑ „IFFHS WORLD'S BEST NATIONAL LEAGUE IN THE WORLD 2020“. IFFHS. 20 јануари 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|