Бурунди
Република Бурунди |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Ubumwe, Ibikorwa, Iterambere" (рунди) "Unité, Travail, Progrès" (француски) "Единство, Работа, Прогрес" 1 |
||||||
Химна: Burundi bwacu |
||||||
Главен град | Гитега 3°30′S 30°00′E / 3.500° ЈГШ; 30.000° ИГД | |||||
Најголем град | Буџумбура | |||||
Службен јазик | рунди, француски | |||||
Демоним | Бурундијци
(Бурундиец/Бурундијка) |
|||||
Уредување | република | |||||
• | Претседател | Пиер Нкурунзиза | ||||
Независност | од Белгија | |||||
• | Датум | 1 јули 1962 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 27,830 км2 (145-та) | ||||
• | Вода (%) | 7.8% | ||||
Население | ||||||
• | Попис 1978 | 3.589.434 | ||||
• | Густина | 271 жит/км2 (43-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $3.094 милијарди[1] | ||||
• | По жител | $389[1] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $1.097 милијарди[1] | ||||
• | По жител | $138[1] | ||||
Џиниев коеф. (1998) | 42.4 среден |
|||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.389[2] низок · 180та |
|||||
Валута | бурундски франк (FBu) (BIF ) |
|||||
Часовен појас | CAT (UTC+2) | |||||
• | (ЛСВ) | н/п (UTC+2) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .bi | |||||
Повик. бр. | 257 | |||||
1. | Пред 1966, "Ганза Сабва". |
Бурунди (рунди: Burundi) или официјално Република Бурунди (Republika y'u Burundi) — мала држава во Источна Африка без излез на море. Државата се граничи со Руанда на север, Танзанија на исток и југ и со Демократска Република Конго на запад. Бурунди има вкупна површина од 27.830 км2 со население од околу 8.700.000 жители. Главен град на државата е Гитега, а економски и трговски центар е Буџумбура. Иако нема излез на море, Бурунди излегува на езерото Тангањика.
Уште од пред пет века, територијата на Бурунди била населена од етничките групи Тва, Туци и Хуту. Преку двесте години Бурунди било владеено од Кралството Туци, но на почетокот на XX век, Германија и Белгија ја окупирале територијата, вклучително и Руанда и таа била позната како колонија Руанда-Урунди.
Целиот регион бил во немири поради социјалните разлики помеѓу Туци и Хуту, што резултирало со граѓанска војна. Денес Бурунди е претседателска република. Државата е една од 10 најсиромашни држави во светот според приходот по глава на жител.
Историја
[уреди | уреди извор]Според изворите, се смета дека на територијата на денешен Бурунди била населена уште пред околу 70.00 години[3], каде опстојувало племето Туа. Подоцна на овие простори живеела друга етничка група, позната како Хуту, која со текот на времето се преврнала во најголемо племе во реонот[4][5] . Во текот на својата историја, од ова племе се развиле голем број на кралства кои постоеле до 15 век, кога се појавило племето Тутси[6] . Ова племе го создало и основало кралството Бурунди,[7] кое во текот од 1796 до 1850 година, во времето на Нтара Ругама доживеало големо проширување.[5][8] Кон крајот на 19 век истото се распаднало.[7]
Во текот на 1899 година, Бурунди била освоена од страна на Германија, колонизирана и вклулена во составот на Германска Источна Африка.[9] Во 1916 година, во времето на Првата светска војна, земјата била заземена од Белгија.[10] Во 1923 година Бурунди и Руанда станале белгиски територии под името Руанда-Буринди.[9][11] По крајот на Втората светска војна, Белгија дозволила создавање на политички партии во земјата. Така биле основани две политички фракции: Унија за Национален прогрес и Христијанска Демократска партија. На 27 јуни 1962 година, ООН и го одземал имунитетот на Белгија врз Руанда-Бурунди, за да на 1 јули 1962 година Бурунди била прогласена за независна држава, како уставна монархија.[10][12] По четири години земјата биле претворена во република. Во 1993 година се провеле првите демократски избори, по кое земјата била воведена во граѓанска војна помеѓу некогашните племиња Хуту и Тутси. Во тој конфликт загинале 300.000 луѓе за само една година.[13]
Географија и клима
[уреди | уреди извор]Бурунди е една од најмалите држави во Африка која нема излез на море и е со екваторска клима. Државата се наоѓа во Долината на големите езера, поточно на големо плато. Средна надморска височина на државата е 1.700 m со пониски предели до границите. Највисокиот врв е Монт Хеха е со 2.690 m.[14] и се наоѓа јужно од главниот град Буџумбура.
Главна река во Бурунди е Нил[15] Исто така, главен извор на вода е и езерото Викторија. Во југозападниот дел од земјата се наоѓа и езерото Тангањика.
Пределите на Бурунди се претежно земјоделски или се пасишта. Голем дел од пределите каде има населени места шумите исчезнуваат и настанува ерозија на земјата.[16] Како главен фактор за оваа појава е големиот број на население на земјата.
Политички систем
[уреди | уреди извор]Политичкиот систем на Бурунди е претседателска република која се ослонува на повеќепартискиот систем. Претседателот на Бурунди е шеф на држава и шеф на влада. Во моментов во Бурунди има 21 политичка партија. На 13 март 1992, водачот на Туци, Пиер Бујоја основал нов устав на Бурунди[17] кој овозможил да се создаде повеќепартискиот систем.[18]
Законодавната власт на Бурунди е дводомен парламент: транзиционалното собрание и сенатот. Транзиционалното собрание се состои од 170 членови. Според уставот, во собранието може да имаат пратенички места следните групи: 60% од пратеничките места се за Хуту, 40% за Туци, 30% за жени и три за Батва.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Бурунди е поделено на 17 покраини , 117 општини и 2.638 колини или врвови,[19]
Покраините на Бурунди се:
Стопанство
[уреди | уреди извор]Бурунди е една од најсиромашните држави во светот. Ваквата состојба е како резултат на делумно неповолната географска положба, слаб правен систем, слабо образование и големата застапеност на болеста СИДА. Околу 80% од населението живее во сиромаштија.[20] Низ текот на 20 век честа појава биле гладтта и недостатокот на исхрана и според Светстката програма за храна, 56.8% од децата гладуваат.[21] Исто така според задоволството на живеење Бурунди е меѓу последните држави во светот.[22] Според тоа, Бурунди е зависна од странска помош.
Најголема индустрија во земјата е земјоделството, кое зазема 58% од вкупниот БНП. Најголем извор на приход е кафето што е 93% од вкупниот извоз на државата.[23] Други земјоделски култури се памук, чај, пченка, банани и друго. Официјална валута е Бурундски франк и 1.184 франк во 2008 бил еднаков на еден американски долар.
Население, јазик и религија
[уреди | уреди извор]Според проценка од 2008 година, Бурунди имало население од 8.691.005 жители. На демографската слика на Бурунди директно влијае боласта СИДА, но и голем број на Буринѓани се преселиле во странство како последица од граѓанската војна, така на пример САД примиле 10.000 Бурунѓани[25]
Поголем број Бурунѓани живеат во рурални средини и околу шест проценти од населението живее во урбаните средини.[26] Густината на населението на Бурунди е 315 жители на метар квадратен. Околу 85% од населението се Хуту, 15 % се Туци и мал број има Твас.[27]
Според изворите за демографската структура на Бурунди, 70 % од населението се Христијани од кои католиците се 65 %, додека 5% се протестанти и англиканци. Покрај христијанството, втора најголема религија е локалната религија. Муслиманите се застапени со 10% од вкупното население.[28]
Службени јазици во државата се рунди (кирунди) и француски, но се зборува и свахили.
Култура
[уреди | уреди извор]Културата на Бурунди се заснова на локалната традиција и на влијанието на околните држави. Бидејќи полјоделството е главна индустрија во земјата, исхраната во Бурунди воглавно се состои од компир, пченка и грашок. Поради недостатокот на финансиски средства, месото не е често застапено во исхраната.[29]
Главен елемент во културата е удирањето тапани и тоа е големо културно наследство. Покрај тапаните, танците се често придрижници на музиката за време на празници, прослави или културни настани.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Burundi“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-04-22.
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
- ↑ Gates, H., Africana, p. 338.
- ↑ Gates, H., Africana, p. 338–9.
- ↑ 5,0 5,1 Eggers, E., Historical Dictionary of Burundi, p. l.
- ↑ Gates, H., Africana, p. 339.
- ↑ 7,0 7,1 „Burundi - Political System and history“. Institute for Security Studies. 2005. Архивирано од изворникот на 2011-08-23. Посетено на 2008-06-08.
- ↑ Eastern Africa, 1600–1800 a.d.
- ↑ 9,0 9,1 CIA - The World Factbook - Burundi Архивирано на 24 април 2020 г. CIA. Retrieved 8 јуни 2008.
- ↑ 10,0 10,1 Burundi. U.S. Department of State. February 2008. Retrieved 8 јуни 2008.
- ↑ Weinstein, W., Political Conflict and Ethnic Strategies, p. 5.
- ↑ Cook, C., What Happened Where, p. 281.
- ↑ BBC, Country profile Burundi. Available from http://news.bbc.co.uk/2/hi/africa/country_profiles/1068873.stm (accessed on 29-10-08)(1)
- ↑ O'Mara, Michael. Facts about the World's Nations. Bronx, New York: H.W. Wilson, 1999. p. 150. ISBN 0-8242-0955-9
- ↑ By Ash, Russell. The Top 10 of Everything. New York, New York: Sterling Publishing Company, Incorporated, 2006. ISBN 0-600-61557-X
- ↑ Bermingham, Eldredge, Christopher W. Dick, and Craig Moritz. Tropical Rainforests: Past, Present, and Future. Chicago, Illinois: University of Chicago Press, 2005. p. 146. ISBN 0-226-04468-8
- ↑ Burundi Архивирано на 17 јуни 2009 г.. International Center for Transitional Justice. Посетено на 27 јули 2008.
- ↑ Burundi – Politics. From "The Financial Times World Desk Reference". Dorling Kindersley. 2004. Prentice Hall. Посетено на 30 јуни 2008.
- ↑ Kavamahanga, D. Empowerment of people living with HIV/AIDS in Gitega Province, Burundi Архивирано на 10 декември 2008 г.. International Conference on AIDS 2004. 15 јули 2004. NLM Gateway. Посетено на 22 јуни 2008.
- ↑ Burundi Population Архивирано на 23 декември 2004 г.. Institute for Security Studies. Посетено на 30 јуни 2008.
- ↑ Where We Work – Burundi Архивирано на 12 февруари 2009 г.. World Food Programme. Посетено на 30 јуни 2008.
- ↑ White, A. (2007). A Global Projection of Subjective Well-being: A Challenge to Positive Psychology? Psychtalk 56, 17–20. Retrieved 8 јуни 2008.
- ↑ Dinham, B., Agribusiness in Africa, p. 56.
- ↑ „CIA the World Fact Book“. Архивирано од изворникот на 2020-04-24. Посетено на 2010-03-01.
- ↑ Kaufman, Stephen. U.S. Accepting Approximately 10,000 Refugees from Burundi. 17 октомври 2006. U.S. Department of State. Посетено на 30 јуни 2008.
- ↑ MacDonald, F., Peoples of Africa, p. 62.
- ↑ Eggers, E., Historical Dictionary of Burundi, ix.
- ↑ U.S. Department of State
- ↑ Eating the Burundian Way. Cultural Profiles Project. Citizenship and Immigration Canada. Retrieved 30 јуни 2008.
Користена литература
[уреди | уреди извор]- Allen, J.A.; и др. (2003). Africa South of the Sahara 2004: South of the Sahara. New York, New York: Taylor and Francis Group. ISBN 1857431839.
- Cook, Chris; Diccon Bewes (1999). What Happened Where: A Guide to Places and Events in Twentieth-Century. London, England: Routledge. ISBN 1857285336.
- Dinham, Barbara; Colin Hines (1984). Agribusiness in Africa. Trenton, New Jersey: Africa World Press. ISBN 0865430039.
- Eggers, Ellen K. (2006). Historical Dictionary of Burundi. Lanham, Maryland: Scarecrow Press, Incorporated. ISBN 0810853027. 3rd. edition.
- Gates, Henry Lewis; Anthony Appiah (1999). Africana: The Encyclopedia of the African and African American Experience. New York, New York: Basic Civitas Books. ISBN 0465000711.
- Jessup, John E. (1998). An Encyclopedic Dictionary of Conflict and Conflict Resolution, 1945–1996. Westport, Connecticut: Greenwood Publishing Group. ISBN 0313281122.
- Krueger, Ambassador Robert.; Kathleen Tobin Krueger (2007). From Bloodshed to Hope in Burundi: Our Embassy Years during Genocide. Austin, Texas: University of Texas Press. ISBN 0292714866.
- MacDonald, Fiona; и др. (2001). Peoples of Africa. Tarrytown, New York: Marshall Cavendish. ISBN 0761471588.
- Puddington, Arch (2007). Freedom in the World: The Annual Survey of Political Rights and Civil Liberties. Syracuse University: Lanham, Maryland. ISBN 0742558975.
- Weinstein, Warren; Robert Schrere (1976). Political Conflict and Ethnic Strategies: A Case Study of Burundi. Syracuse University: Maxwell School of Citizenship and Public Affairs. ISBN 0915984202.
- Weinstein, Warren (2006). Historical Dictionary of Burundi. Metuchen, New Jersey: Scarecrow Press, Incorporated. ISBN 0810809621. 1st. edition.
Понатамошни информации
[уреди | уреди извор]- Chrétien, Jean-Pierre The Great Lakes of Africa: Two Thousand Years of History
- Krueger, Robert and Krueger, Kathleen From Bloodshed to Hope in Burundi: Our Embassy Years during Genocide
- Lemarchand, Rene Burundi: Ethnic Conflict and Genocide
- Nivonzima, David and Fendell, Len Unlocking Horns: Forgiveness and Reconciliation in Burundi
- Uvin, Peter Life After Violence: A People's Story of Burundi
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Повеќе за Burundi на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Влада на Бурунди Архивирано на 6 ноември 2008 г. (на француски)
- Книги за Бурунди (на корејски)
- Шеф на држава и кабинет Архивирано на 13 август 2011 г.
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Бурунди“ (англиски)
- Бурунди на UCB
- Бурунди на Curlie (англиски)
|
|