Јужна Америка
Јужна Америка — еден од седумте континенти на планетата Земја. Се наоѓа на јужната Земјина полутопка, односно во јужната полутопка. Таа е дел од целокупното копно Америка, инаку поделено на три континенти, меѓу кои спаѓа и Јужна Америка (покрај северна и средна Америка). Името на овој континент, исто како и на другите две Америки, доаѓа од името на италијанскиот морепловец Америго Веспучи.
Јужна Америка зафаќа површина од околу 17,818,508 км2 и има население од околу 355,070,540 жители. Според овие податоци, Јужна Америка е на четврто место во светот во секоја од овие две категории, по Евроазија, Африка и Северна Америка.
Географија
[уреди | уреди извор]Најистурените координати на Јужна Америка се:
- Од запад до исток - од ’ртот Агуха (во Перу) до Бранко (во Бразил)
- Од север до југ - од ’ртот Галјинас (во Колумбија) до Сан Диего (во Аргентина).
Јужна Америка е претежно низински континент. Најголемите планини се наоѓаат на запад, а тоа се Андите. Највисока точка на континентот е врвот Аконкагва (во Аргентина, на Андите), додека најниската се наоѓа во Амазонската низина (Бразил). Најголема (најполноводна) река е Амазон. Најголемо езеро во Јужна Америка е езерото Титикака кое се наоѓа во Перу.
Откривање
[уреди | уреди извор]Откритијата на Јужна Америка, главно, ги вршеле шпански и португалски морепловци. Магелан, при своето пловење околу Земјата, прв пловел покрај источните брегови на Јужна Америка. При непосредното откривање, важна улога имал истражувачот Педро Кабрал во 1500 година, кој стигнал и посетил некои делови на Бразил. Поради тоа што бил поранешна португалска колонија, во Бразил, денес, се зборува португалскиот јазик. Западните брегови ги истажувал Франсиско Писаро, а во внатрешноста на Јужна Америка прв продрел Гонсалес Писаро. Така, поголемиот дел од земјите на Јужна Америка паднале под шпанска колонијална власт. Подоцна, во XIX век, тие прогласиле независност, но шпанскиот јазик останал како официјален скоро во сите земји од Средна и од Јужна Америка, освен во Бразил.
Држави во Јужна Америка
[уреди | уреди извор]Во Јужна Америка се наоѓаат дванаесет независни и меѓународно признати држави и две територии:
држава | гл. град | површина | население (2009) |
---|---|---|---|
Аргентина | Буенос Аирес | 2 777 410 | 40 134 000 |
Боливија | Сукре | 1 098 600 | 9 879 000 |
Бразил | Бразилија | 8 547 400 | 192 180 000 |
Венецуела | Каракас | 912 050 | 28 585 000 |
Гвајана | Џорџтаун | 215 080 | 762 000 |
Еквадор | Кито | 272 050 | 14 094 000 |
Колумбија | Богота | 1 141 800 | 45 218 000 |
Парагвај | Асунсион | 406 750 | 6 349 000 |
Перу | Лима | 1 285 200 | 29 132 000 |
Суринам | Парамарибо | 163 820 | 520 000 |
Уругвај | Монтевидео | 175 020 | 3 361 000 |
Чиле | Сантјаго | 755 480 | 17 004 000 |
Француска Гвајана | Каен | 83 530 | 187 000 |
Геологија
[уреди | уреди извор]Јужна Америка настанала со одделување од огромното копно Гондвана, која ги зафаќала и денешна Африка, Индискиот потконтинент и дел од Антарктикот. Поконкретно, таа се издвоила од Африка, за што ни сведочи и денешниот облик на континентот. Овој континент се споил со Средна Америка (а со тоа и со Северна) со формирањето на Панамскиот Провлак.
Релјеф
[уреди | уреди извор]Јужна Америка се состои од три природни релјефни целини:
- Андите на запад;
- Бразилската Висорамнина и Гвајанските Планини на исток;
- пространите низини во поречјето на реките Амазон и Парана.
Брегова разгранетост
[уреди | уреди извор]Јужна Америка се одликува со помалку разгранета брегова линија меѓу континентите на Земјата. Позначајни се делтата на Амазон, заливот Ла Плата, неколку помали заливи во јужните делови на Аргентина и некои помали острови во јужните делови на континентот.
Клима
[уреди | уреди извор]Климатските одлики во Јужна Америка се тесно зависни од климатските појаси. Бидејќи низ Јужна Америка поминува екваторот, поголемиот дел од континентот се одликува со тропски и суптропски климатски одлики, а помалиот со умерена клима. Поточно, во екваторскиот појас се наоѓаат територијата на Амазонија, Гвајанските Планини и северните делови од Андите. Затоа овде е присутна екваторска клима со високи температури и голема влажност и врнежи. Јужно од екваторскиот појас се простираат територии со тропска и суптропска клима. Тие ги зафаќаат средишните делови на Андите, низините по тековите на реката Парана и Бразилските Планини и висорамнини. Во јужните делови на Јужна Америка е присутна умерена клима која е под големо влијание на ладните морски струи од југ. На крајниот југ, односно на Огнена Земја, се присутни супполарни климатски одлики. Врз климатските одлики во Јужна Америка големо влијание имаат планинските масиви и морските струи. Тоа значи дека, одејќи кон поголемите надморски височини, климата се менува од континентална во типично планинска. Отвореноста спрема океанските широчини овозможува ветровите да носат влажен воздух кон копното на Јужна Америка и присуство на свежо време. Од јужните области покрај бреговите на Јужна Америка се движат ладни морски струи, кои, исто така, предизвикуваат посвежо време. Посебен климатски тип во Јужна Америка е пустинската клима, која се јавува во западните делови, поточно во северните делови на државата Чиле. Таква е пустината Атакама.
Хидрографија
[уреди | уреди извор]Сливови
Водите од Јужна Америка, главно, истекуваат во сливовите на Тихиот и Атлантскиот Океан. Мал дел од територијата на Андите претставува внатрешното неистечно сливно подрачје. Поради непосредното простирање на Андите покрај брегот на Тихиот Океан и наглото спуштање кон морето, сливната територија е значително помала од сливот на Атлантскиот Океан. Во сливот на Тихиот Океан реките се куси и брзи.
Реки
Во сливот на Атлантскиот Океан течат поголем број реки. Такви се Ориноко, Амазон, Токантинс, Сан Франциско, Парана и други. Амазон е една од најголемите реки на Змејата. Извира на Андите на околу 5 000м височина, а се велва во Атлантскиот Океан со голема делта. ДОлга е 6 400км. Површината на сливот изнесува 7,2 милиони км2. Широчината на реката во средниот тек изнесува околу 20км, а при утоката - околу 80км. Поради тоа се нарекува и „река - море“. Во Амазон се влеваат околу 500 реки, од кои 20 се подолги од 1 500км. Најголеми притоки се Медеира и Рио Негро. Амазон има 2 максимума на водостојот. Највисок водостој има во мај, кога од јужните притоки се влеваат големи количества вода. Тогаш се поплавуваат огромни територии на рамниците. Во Амазон се чувствува приливот на Атлантскиот Океан. Амазон и притоките се важни пловни патишта, така што реката има големо сообраќајно значење. Парана е река што извира кај бразилските Планини, а се влева како естуар во заливот Ла Плата. Долга е околу 4 700км, со сливна површина од околу 3 милиони км2. Во неа се влева реката Парагвај, која тече низ средината на Гран Чако и Пампас. Двете реки се пловни и имаат големо сообраќајно значење. Покрај нив се изградени повеќе големи градови.
Езера
Во Јужна Америка нема големи природни езера. На Андите постојат поголем број леднички езера, од кои напознато е езерото Титикака. Во крајбрежните делови на Атлантскиот Океан се среќаваат повеќе езера - лагуни.
Растителен и животински свет
[уреди | уреди извор]Климатските фактори во Јужна Америка условиле присуство на различни вегетациски области. Во екваторската област, поради, топлината и врнежите, се развиле пространи, густи и непроодни прашуми, кои се нарекуваат селваси. Тие се среќаваат во сливот на реката Амазон, на околу 5 милиони км2. Прашумата се состои од повеќе растителни катови, меѓу кои растенијата што бараат најмногу светлина достигнуваат височина од над 50м. Северно и јужно од амазонската прашума се простираат области со високи треви. Тие во сливот на реката Ориноко се нарекуваат љаноси, а на Бразилската Висорамнина се нарекуваат кампоси. Овие високотревни области кон југ се простираат до Гран Чако. Во областите на ланосите и кампосите има разорани површини на кои се одгледуваат кафе, како, шеќерна трска и друго. Јужните делови на Бразилската Висорамнина и северните делови на рамницата Гран Чако се одликуваат со суптропски климатско вегетациски одлики. Во нив владеат жешки лета и благи зими. Во овие области се одгледуваат лимони, портокали, мандарини, шеќерна трска, тутун, градинарски култури и друго. Во рамницитена долниот тек на реката Парана се јавуваат огромни степски тревни области, кои се нарекуваат пампи, и разорани полиња на кои се одгледуваат пченица, пченка и други житни и градинарски култури. Во крајните јужни делови, односно во Патагонија се простираат области со ниски тревни површини. Во Јужна Америка се распространети различни животински видови. Најкарактеристични за континентот се ламата и мравојадот. Во Амазонија се присутни мајмуни, разни видови птици, особено папагали, разновидни влекачи, меѓу кои и најголемата змија, анаконда. Во ланосите и во кампосите се присутни различни тревопасни животни, антилопи и лами, а во шуми од ѕверовите се среќаваат јужноамериканската мечка, јагуарот, пумата и чакалот. Во кампосите и во пампите се одгледуваат голе број домашни животни. Назјастапени се говедата, овцитеи свињите.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Јужна Америка на Ризницата ?
|
|
|