Плод (лат. fructus) е репродуктивниот орган кај растенијата кој после оплодувањето се образува од плодникот. Се смета за преобразен плодник кој во внатрешноста го затвора семето (плодот е присутен само кај скриеносемениците). После оплодувањето доаѓа до промена во ѕидот на плодникот - тој израснува и го образува ѕидот на плодот, перикарп (оплодница). Тоа е засебна расплодна целина, која настанува од оплодувањето, односно плодните листови, (перикарпата). Во него се наоѓаат една или повеќе семенки. Настанува после оплодувањето на цветот, а покра плодниците, во составот на плодот се влучуваат и некои други делови од цветот, како чашката и цветиштето. Во оплодувањето на цветот настануваат онолку плодови колкушто имало плодници.

Кулинарски плодови.
Разни плодови.

Делови од перикарпот се:

  • Егзокарп (надворешна обвивка)
  • Ендокарп (внатрешна обвивка)
  • мезокарп (кој се наоѓа помеѓу нив)

Пошто плодникот настанува од листовите, под микроскопот лесно се воочува дека егзокарпот потекнува од епидермисот, ендокарп од лицето на епидермисот, а мезокарп од мезофилните листови.

Во вообичаената јазична употреба, „плод“ често се поестуветува со овошјето и се однесува свежите семенки на структурите на растенијата кои можат да бидат слатки или кисели, и кои можат да се јадат во првобитната состојба, како што се јаболката, бананите, грозјето, лимунот, портокали, и јагоди. Од другата стана, во ботаничката употреба, „плод“ обфаќа многу структури кои вообичаено не се нарекуваат овошје, како што се зрна грав, семенките пченка, домат, и зрна пченица.

Ботанички и кулинарски плод

уреди

Многу термини во широката употреба за семенките и овошјето не се подудираат со ботаничките класификации. Во кулинарската терминологија, плодот е обично било кој растителен дел од слаткиот вкус, а посебно ботаничко овошје; орев е било кој тврд, масен, растителен производ со лушпа; а зеленчук е било кој растителен производ со пријатен вкус или вкус кој е малку сладок. Меѓутоа, во ботаниката, плодот е зрел јајник или крпел кој содржи семе, оревот е типот на плодот а не семенката, и семето е созреано неоплодено јајце.

Употреба

уреди

Многу стотини плодови, вклучувајќи ги и овошјата (како што се јаболка, киви, манго, праска, круша, лубеница) се комерцијално достапни како човечка храна, која се јаде свежа или во обликот на џем, мармалад и други облици. Плодовите исто така се користат во преработната храна (на пример торти, колачи, сладолед, пецива или јогурт) или сокови, како што се овошни сокови (на пример сок од јаболко, грозје, или праска) или алкохолни пијалаци (на пример вино, овошно пиво, и сл). Плодовите исто така се користат и како поклони, во облик на овошни корпи и овошни аранжмани.

Многу „зеленчуци“ во кулинарски говор се ботанички овошја, вклучувајќи ги и пиперката, краставиците, доматите, боранија, тиква, и тиквица. Зачини како што се црн бибер, пиперка и ванила се изведени од овошја.